Ама чоек... и мажи и жени некад качуваат на килажа. Посебно маж ако е у депра... неќеш да знаеш... Не дека се прифаќа, само му се дешава... Луѓе сме.
Јас па вака субјективно не сакам маж што не знае да ужива во храна, како на секој залак да пази, не фала, животот е за живеење. Друго е нездраво да забега, ама за некое кило опсесирање со изглед ми е големо црвено знаме дека некој ОЗБИЛЕН комплекс е во прашање. Подлабок од изглед.
На размислувањето ми се сведува околу машка самодоверба и машко жалење, не на изгледот. Не ми смета ако се поправи толку колку што ми смета ако рече - не се осеќам убаво (читај кажи ми дека сум згоден и не би прекинале секс оти еве сега ќе си го исечам курето)
Јас мислам дека @Munchmallow20 е делумно во право. Обично на жените после бременост и после драстичните промени кои се неизбежни им се наметнува побрзо да ослабат, да се вратат во форма, додека за мажи е океј да накачат кила зашто им личи. Има двојни стандарди, да не се преправаме дека нема.
Ама проблемот е што тој не се жали, ти се жалиш што тој се здебелил Деугарка ти ти кажала "имаше тежок период се здебели, ама сепак го сакам", не ти плачел тој на рамо дека се здебелил. И пак по 24ти пат, не знаеш каков тежок период имал. Ниту пак ти се жалел тој тебе, ниту пак пиша овде. И другарка ти не ти рекла дека ја уценувал да го сака таков. Многу филозофираш и преовиличуваш. Само тие двајца си знаат низ што минува тој, а таа е овде за него како поддршка и го сака, што е најважно. *А сеа значи машко не смее да има паднато ниво на самодоверба?
Има. Ако се замараш. ако не се замараш нема. Ослабев 50 кг. Ни "си се здебелила" ни "си ослабела" не ми влијаеше.
Ми влијае, тогаш кога мене не ми се допаѓа тоа што го гледам. ----- Иначе за двојните стандарди, најчесто сум ги добивала најлошите коментари од жени кога сум се здебелувала. Никој маж не ми рекол во животот е сега поправена си, не ме привлекуваш веќе. Не дека нема такви мажи, ама ете јас сум бирала не толку површни изгледа. А од жени сум добивала дефинитивно најлоши коментари.
Значи во век кога луѓето одат на месечината и се спрема колонија за Марс, најбитното нешто е да се замараме за килажата на другите? Никогаш не знаеш низ што минува некој. Никогаш. Премногу осудувања за се. Не ме ни чуди што има толку голем број на самоубиства. Не секој има висока самодоверба за својот изглед. Еден збор може да го натера некој да си посегне по животот. Од вакви коментари за туѓ изглед се повеќе гледам жени во депресија за време на бременоста, млади луѓе што скришум трчаат навечер да не им се смеат, на плажа седат облечени или замотани во крпи за да не ги гледаат таквите што покажуваат со прст на други. 21 век е почнете да гледате за себе и за својот живот, оти утре ништо од ова нема да ви донесе ниту корист, ниту леб.
Баш затоа мислев дека не треба да им се попушта и да туркаме дека океј е дечко ти да се здебели и да ги тешиме ако се жалат кога им е нив 10 пати полесно. И @Maryland1087 не знам што мешаш упорно коментари за жени кога не спомнав ништо такво
Како прво никој не побарал да го тешиш. Голема грешка е што другарка ти воопшто ти верува и ти кажала нешто за да пишеш на јавен форум за трето лице. Што не е океј дечкото да се здебели? Забрането ли е? Ова го кажуваш како тој да дошол кај тебе на колена да плачи вришти за да го тешиш. Тебе очиглено ти е мака што тие имаат здрава цврста врска и се сакаат безразлика на изглед. Тоа што таа го сака не значи дека е тешење, разграничи некои работи.
И мажите и жените се луѓе кои поминуваат низ тешки периоди и промени.Имаат право да се пожалат и нормално е да бараат утеха. Нормално е и човек да очекува од партнерот да го сака ради карактерот, не ради изгледот.Ако гледаш примарно или само изглед кај некој, тогаш „човек“ не е збор кој треба да те опишува. Не е во ред да се минимизира нечија состојба, особено не кога не си ѝ во кожа на таа личност.
Мака ми е што девојчево е со размислување дека све му е дозволено на маж во врска и се лигави колку го сака оти аген, маж е.
А што не му е дозволено? Да се здебели? Го кажуваш како тоа што се здебелил да е потрагично од изневерување. Во една врска нормално е да очекуваш да не бидеш изневерен и излажан, не можеш да очекуваш да контролираш нечиј изглед и здравје. Што треба сега пред да влеземе во врска да одеме на детален систематски преглед и да ни прават од оние натални карти што предвидуваат работи дане се здебели некој? Како ќе му "забраниш" на партнерот да не се здебели? Баш ме интересира.
Нека се здебели ама нека не се жали дека се осеќа лошо ради изгледот ко да бил 9 месеци труден. Зашто никогаш нема да искуси некои работи. Како сака нека изгледа ама нека ќути. И јас не сум од оние "ако срце, пак те сакам" Си ќутам, не дигам его на мажи што мислат дека знаат како е да немаш самодоверба. Трагично што сте толку заслепени што не можете да ја видите реалната слика у муабетот. Сте се фатиле изглед та изглед.
Тебе ли ти кажа дека се чувствувал неубаво како 9ти месец? Или на другарка ти? И дали воопшто кажал дечкото такво нешто? Бидејќи другарка ти ти кажала само дека минува низ лош период и е здебелен, а не дека се чувствувал како 9ти месец.
Леле чил аман Онака ми е само жал што со такви како неа после со сила се тераат на секс иако неќат зашто им станал грозен ама ајде маженцето да не се навреди, па како така за изглед ќе го одбиваш. Сѐ за дечкото, абе сѐ
Тоа што таа го сака иако се здебелил не значи дека тој ќе остане дебел. Плус не кажал дека се чувствува како да е во 9ти месец. Сама си измислуваш работи. И што некој ако се здебели не значи дека е одбивен и гнасен и не може да ослабни. Што го направи ти човекот како да не се бања, смрди, гнасен, вол бил, одбивен, свиња... што уште не. Ај малку смири хормони и не измислувај работи што никој не ги кажал никогаш.