И јас така ја сфатив и мислам дека компарацијата е на место,само треба да се поработи на она “мора” во “не мора” Малку ги измешаа брзините…
Двојните стандарди кои постојат, дека на жените не им се дозволува да минуваат низ физички промени, се критикуваат кога ќе остарат, се критикуваат кога ќе се здебелат, треба да им се секогаш убави и атрактивни на дечковците и сопрузите е факт неповрзан со некоја рендом девојка која искажала љубов кон својот дечко затоа што поради тежок период се здебелил. Промената на телото е секогаш природна (што и да значи тоа), ако не е поврзана со посериозен здравствен проблем. Едноставно, се случува. Реалноста е дека повеќето од мажите не би пружиле ни пола од прифаќањето и безусловното сакање што жените знаат да го пружат. Треба сите да се стремиме кон прифаќање на нашите партнери како минува времето со нив и не може девојката од инат да не го прифати, а и не треба.
Па поентата ми беше дека баш нема природни промени кај машко тело, дека никогаш не искусуваат телесен проблем и затоа после им паѓа самодовербата заради глупости и бараат валидација. А не треба да им се дава таа валидација дека "уживај бе душо, најубав си" туку да ги плеснеш со реалноста да не се жали која појма нема како е да биде на другата страна. Пошто тоа е вистината. Пробуваат да го присвојат проблемот со bad body image (или не знам како да го наречам) за себе кога практично тој не (може да) постои кај мажи.
@Munchmallow20 а дозволено им е на мажите да се пожалат дека не им се допаѓа нивното тело оти се здебелиле поради друга причина различна од бременост и пмс?
Тоа е муабетот. Дека е себично да се жали на девојката на која ѝ е многу потешко. Нека доживеат еден циклус па тогаш.
Значи одговорот е "Да, не им е дозволено на мажите да се пожалат дека не им се допаѓа нивното тело оти се здебелиле поради друга причина различна од бременост или пмс."?
А сфаќаш ти дека поставуваш неетички и нефер заклучоци кон мажите исто како кон жените што се поставуваат(ле) заклучоци од типот: „жена е, физички е послаба, па затоа ќе ја гледаме подолу“? Едно е да се бориш за себе, за женскиот род, ете конкретно за да нема осудување кон жените за промените во тежината од било која причина, а сосема друго е да се ставаш на пиедестал и да си даваш улога на судија затоа што си (била) или познаваш друга жртва. На крајот од краиштата, ти не ни знаеш дали тој неа ќе ја осудел ако качела тежина, па сега ајде таа да му „враќа“ нему за тоа. Барем не го спомна тоа, иако не е ни битно затоа што коментарот повеќе ми е општ и не е толку врзан за темата. А промените што ги сакаш и бараш и за себе и за жените општо никогаш нема да ги добиеш со тој став и настап затоа што омразата се враќа со омраза, односно со повеќе отпор. Исто така, апсурдно и максимално контрадикторно е да се трудиш да градиш врска со полот кон кој чувствуваш толкава огорченост, и тоа е далеку потоксично од муабетот на другарка ти. Твоето е еквивалент на машкото: „жените се безвредни, поглупи од мажите, слаби се, ама ќе градам врска и потенцијално семејство со жена“. На крајот од денот, ти што сакаш верувај и мисли, ама човек што толку активно напаѓа и мрази нешто (или некој), не може никогаш да биде среќен и исполнет. Со други зборови, омразата не го „јаде“ тој што е мразен, туку тој што мрази. И се гледа тоа и сега, на форумов.
Леле луѓе со кого се објаснувате, сто профили може да смени, умот и размислувањето нема да ѝ се сменат.
И покрај тоа што до некаде разбирам што кажуваш, решенијава што ги нудиш се...малку бизарни. Ова е комплетно исто како кога се замолчува некој со "ќути има полошо, твоето не е ништо". Ако има полошо не значи дека не смееме да се пожалиме. Башка што збориш за работи што се многу индивидуални, тој што се здебелил може страда од депресија, не е твоја задача да измериш дали неговата болка е доволна за да добие емпатија. Да, точно е дека ние претрпуваме многу поразлични хормонски промени во само еден месец и тоа е факт што се игнорира, па се очекува жените да дејствуваат поеднакво исто како мажите иако имаме периодични промени во енергијата, концентрацијата и целокупното функционирање. Тоа ни еден маж не го искусува, бидејќи половите хормони кај нив дејствуваат просто како грав. Тука ти ја разбирам поентата. Ама ако сакаш некоја промена, тогаш тоа нека биде идеја да се добие слободен ден за менструација, повеќе удобности, а не да им забраниме на мажите да се жалат. Никој нема бенефит од водење инат.
Oh, the irony Битно ти етички и фер заклучи дека сум несреќна и неисполнета и дека градам врска со маж кој го мразам. Не сум јас тема на муабет ниту мојата врска. Може сум 50 пати посреќна во врската ама немате појма. Онака...ептен си земате за право да паламудите кој каков бил а не знаете ни 2%. Ама нема везе. Ама само продолжете да сметате дека исти ни се маките со идиотите и ист третман и исти решенија добиваме. Вклучително и за body issues.
Како прво, не ти ја коментирав врската, само кажав дека е апсурдно и контрадикторно да си во врска со маж, затоа што: Кога зборуваш за мажите (идиотите) сите ги ставаш во ист кош и генерализираш за сите без исклучок, што наговестува дека истото го мислиш и за твој партнер, без разлика кој е, и тоа не само за оваа тема, туку за сите теми што ги дискутираш. Тоа во најмала рака е нефер спрема твојот партнер (повторно, кој и да е), затоа што надвор од тоа што тој во општеството како маж има еден третман, а ти како жена имаш друг третман, во врска/однос меѓу нив двајцата постојат и други перспективи и гледишта што треба да се разгледаат и според кои треба да се делува за здрав однос што се независни од општествениот третман на поединците, што ти, според твои мислења години наназад, ги игнорираш. Така што, да, не можам ништо апсолутистички да дефинирам за тебе, туку е заклучок спрема тоа како ти се имаш презентирано тука. Ако не сакаш да си сфатена така, презентирај се поинаку, што да ти кажам. Колку и да сакаме да тврдиме дека никој нема право да носи ваков или таков заклучок, факт е дека во голема мера ќе сме третирани врз основа на тоа како се претставуваме пред другите. Ако сум расист, факт е дека ќе наидам на осуда од грото луѓе. Е сега, ако се гордееш со ставовите што ги имаш, тогаш слободно продолжи, сигурно нема јас или било кој да те застани, без разлика колку пати ти се спротивставам. За делот со среќата и исполнетоста што веќе споменав дека се однесува општо за тебе, не за твојата врска, точно е дека не те познавам и дека ти може си како црцорлива птица во реалност, туку повторно, е коментар врз основа како се однесуваш тука. Тоа е целосно субјективно и базирано мои сопствени верувања и философија во животот, со кои се разбира, не мора да се согласуваш. Не ми го побара тоа мислење, но пошто сме на форум и пишуваш во тема во која може да си цитирана, и јас сакав да го кажам тоа.
Танче: *редовен рандом пост против мажите, точно знаејќи што реакции ќе предизвика* Пола форум: *постови и постови во одбрана на мажите* Rinse and repeat пола година. Моментот кога ирноично Танче станува најголем поборник на машките права.
Филозофии и забегани психолошки анализи до бескрај. Ти ептен среќна и исполнета ако секој чекор на секоја личност го анализираш до ебени ситници. Тоа те прави исполнета? Ај уште терапија препиши ми и да завршиме со муабетов за дијагнози. Не коментирав ни за мој партнер кој може е умрен, може сме се разделиле сабајлево, може е жена, може ме сака највише на свет, може ме тепа или ме силувал и најмалку треба да пробуваш да коментираш за моја врска која не ја изнесов никаде у муабетот. Мажи немаат женски хормони и не ги трпат истите телесни проблеми како жени и затоа лудост е да им даваме валидација на истиот начин како што даваме на жени и да ги правиме жртви на биологијата кога баш они се привилегирани. Е тоа е. Една реченица. Не јас, не дечко ми или девојка ми, не птици и верверички.
Кога треба да се јавам на некој (бтв јавување на телефон кај мене... ретко) и гледам колку е саат, па си мислам уште не се станати, па сега ручаат да не замарам, па сега сигурно спијат, па сега се излезени, па ај покасно ќе се јавам... девојко олабави, нема да те некој утепа ако им се јавиш додека прават нешто.
Точно е дека мажите се на некој начин привилегирани. Точно е дека природно не искусуваат такви хормонски флуктуации што тотално им ги пореметуваат деновите. Ние се прилагодуваме на нивното функционирање, не е фер, знам. Ништо од тоа не е оправдување за да се однесуваш кон дечко ти/маж ти како да не заслужува емпатија. Ете тој од првиот пример, со кој почна дискусијава, може да е и најдобриот дечко на светов, ама според твојата логика не смее да ја добие нејзината поддршка зашто веќе ужива некакви привилегии? Едноставно не е човечно, не е хумано, тоа е тоа, нема друго што да се додаде.