Тајно? Цел форум чита, а штом веднаш се пронајде не било баш тајно. Не префрлам, туку сметам дека немаше потреба да ја полнам таа тема со офтопик мислење. Зарем имаше потреба да те тагнам? Башка не беше само ти и други се побуниле, само твоето беше најниско од сите и изгледа затоа и се пронајде. Си пишав што имав, сакав да го „кажам“ тоа и тоа и го направив. Не ми требаат дополнителни расправии.
Од мое искуство, кога имаш најголема трема значи имаш научено. Си учел па ти е страв како ќе поминиш. Ако немаш научено, си очекуваш дека слабо ќе поминиш па не се замараш баш. Да ти се множат десетките.
Да, па и јас така би го рачунала, за мене зборот "приоритетен" има слично значење со "итен". Така е, јас само си се зезав малце. Иначе отидов уште у 7ипол, бев прва, до 8:20 чекав, беше заклучано, дојде сестра, ми го виде упатот и ми рече: "до 10ипол не знам дали некој доктор воопшто че дојде, многу се на одмор, ако ти се чека, чекај". Што за мене ми делуваше ко да сака да ми каже дека џабе ќе чекам. И си отидов.
Лезилебовичот им прикажувал на другите дека се лезилебовичи. Толку е вицот. Не е болест само она што боли. Фуј.
а никој не пушта сметки шо е најјако а успеаа и таму да се скараат.. и 5 месеци да ме нема, пак ќе е исто срање у различно паковање.
Ако на швалерките не е нивна работа да мислат на изневерените жени оти тоа е гајле на мажот, така и мене не ми е работа ко обичен граѓанин да мислам на сиромашните зашто тоа си е гајле на државата. Мислам од швалерисување не ти зависи ни здравјето, ни дали леб ќе однесеш дома, ни дали родител ќе ти умре во усмрдените болници. Само еден оргазам е во питање. А државата веќе ги "изневерила" сиромашните без разлика дали јас ќе фатам врски за да ми снимаат глава или не, кога сме кај логиката "ако не сум јас, друга ќе е".
Девојките кои што за секој нивен испад се вадат со: „Во ПМС бев“, „Имав мензис“... Ги замислувам машките како кога ќе направат беља, изговорот ќе им биде: „Ме болеше простатата“.