1000+ жртви за сеа у Авганистан поради земјотрес денес. 300+ жртви од масакр во Етиопија пред некој ден. Секој ден само може да се увериш дека нема виша сила што некого демек штити. Не постои ништо друго освен моментална среќа. ¯\_(ツ)_/¯
4 години одкако почина чичко ми, ми велат Аман де 4 години поминаа уште ли го жалиш неговите деца го прежалија..
Сега прочитав еден твит ,,Radi. Trudi se. Ne seri“ Е, па, не сери ти, братче, радим, трудим се и опет ништа не ваља. Преку глава од токсични мотивациски пораки и убедувања дека за да успееш треба само да се трудиш. Се трудам предооооолг период и не бива. И уште кога ќе им кажеш со личен пример и факти дека од таквиот став не бива ништо и не помага секому, дека си се убил од труд и ништо, на крајот пак некако ќе најдат магично изговор дека неуспехот е исклучиво поради тебе и ќе ти речат: ,,Е, па, не се трудиш доволно изгледа”. А сѐ ова ме потсети на уште еден (овојпат точен) твит кој вика ,,Трите најдобри совети што сум ги добил: 1. Ауууу 2. Јеби га 3. Не знам што да ти речам”
Од ова ми се гади.Жената има 2 деца со него,билe заедно 10години,планирала иднина со него,каква треба да биде?Ај ако не да ја сталкаме без емпатија и разбирање за цел свет да види шо се дешава со нејзе моментално, па и да и плескаме у фаца и се ситиме што е у вакво стање уште. https://www.dailymail.co.uk/tvshowb...time-Gerard-Pique-pictured-mystery-woman.html
Неа и на сите како неа им се восхитувам. Тоа се женишта! Женишта, бре! Секоја чест и поддршка за Шакира. Не секоја може да биде како неа. А, за тоа, ќе има секакви луѓе. И она народната важи. Сит на гладен не верува. И да се изјасни јавно дека и била во депресија и се, јас пак би ја поддржала. Исто и дека побарала стручна помош и медикамент. Луѓе сме, на сите може да ни се случи. Се надевам дека, ќе биде добро и ќе се држи како и досега. А Пике, само еден обичен маж, што не знае што е смејство, топлина, дом. А со таа што бил му е само утеха на и така очајната ситуација. Претпоставувам, го има погодено тоа дека онa е поуспешна од него, па егото му е повредено
Пораснавме заедно под кирии биле нашите родители , од ништо правеле нешто за да не сме гладни , боси и жедни се малтретирале по пазари со земјоделие , неспани за да довозат тура со роба ... заедно во клас во основно... среќа не и средно и на факс Одсекогаш се споредувала , сакала да биде број еден во се. Исти проблем кога е во прашање работа во тинеџерски години. Секогаш сама се сметаше за најубава , најубаво облечена секогаш со исти став . Но кај мене секогаш се врти во мозок од тоа каде дојдовме, кој ни се родители и како пораснавме ... Едно парче леб да имавме го делевме како мали после се сакаше само за неа. И сега е иста дури и полоша на душа . Само омаловажување , само исмевање и само гледање од горе со подсмев. Ако анализирам знам дека ќе се разочарам пак по незнам кој пат а тука е на две недели . Штета можеше да го задржи бракот ама амбициозноста ја уби . Слушам ми кажува како убаво што се разведоа иако не беше по нејзина вина. Убаво тоа да , ти се отворија очите. Ама зошто имаш потреба да плукаш по него зошто 10 години не го прочита каков лик беше , зошто ти пречи дека заработувал помалку пари, дека немал факс , дека ќе ти бил терет, дека следниот маж си сакала да те носи на Бали на Малдиви а не ти да му плакаш одмори во Италија и да го влечиш со себе во Германија, зошто си окупирана со брендови , со богат живот. Зошто плукаш по другарките како изгледале , како се облекувале зарем заборави дека спиеше и јадеше кај нив. За сите имаш негативен коментар за никој од твоја уста не се слуша пофален збор. Сега ти пишувале богати момци. Зарем таа сиромашнија пред 25 години толку променува незнам ама остатоков од 3 што пораснавме со неа не направи луѓе се да цениме . Добивав совети да си најдам друга работа дека фирмава што ја имам не ми вади убаво пари а за други фамилии со мали деца кажуваш како жените биле имбецили и чекале од мажите . Незнам што носи иднината. Сите чекаме за нешто подобри времиња . Тек 28 година ја тераме Јас се најубаво на сите им посакувам . Ама знам дека многу поважни работи има во животот. Знам дека парите можат да усреќат ама парите да ја купат среќата не можат. Почит , верност , посветеност , грижа , подршка , разбирање , хармонија овие работи немаат цена а јас сум пресреќна што ги имам и што имам личност покрај себе што овие работи ги цени.
Денес сфатив дека не вреди на човек да му помогнеш, сакајќи да излезам во пресрет за помош, испреврте приказна дотичната и испаднав крива за нешто што најмалце бев крива.
Прекрасно напишано. Јас имав таква иста покрај мене, на крај се омажи во странство со богат маж, постар бајаги, ама парајлија. Ме наврати на спомени, кога гледав како ни се раздвојуваа патиштата, а од исто сме почнале, имало и за неа и за мене, создавале нашите. Ама транзиции ова, она неа и удри во глава баш на вакво однесување што си го опишала, се чудам понекогаш како сме се дружеле. Ама други времињата беа и други личности бевме. Сакав да се надоврзам само за парите, тие во рацете на мудри личности се средство за олеснување на животот и обично луѓе кои од мал стартен капитал направиле поголем, свој со сопствено знаење и труд мн. повеќе ги ценат. Ја знаат вистинската вредност на парите, бидејќи сами ги печалат, ама уште повеќе и подобро ја знаат вредноста на се што си пишала во последната реченица. Тие нешта се прајслес, кои ги имаат знаат колку тие значат
Сите мои врсници пораснаа и почнаа да пијат турско кафе, само јас останав со детски рецептори на вкус.
Бев да ми ги чистат ушите оти десно уво ми беше полно со вода. Докторот : Од кај си ? Јас : од Македонија Докторот : Горан Пандев а ? Јас : Уз пат ми правеа алерго тест и не само шо сум била алергична на полен, туку испадна плус сум била алергична и на трева, од таа косената трева Докторот : Сакаш ли да те вакцинираме па следни 5 години да не те фаќа алергија раат да си ? Јас : докторе, аман со тие вакцини , секоја година примам за сезонски грип , плус минатата година 3 дози Фајзер, некако многу издрогирано се осеќам, ретардирано, Доктророт : Ќе ти препишам рецепта за таблети и ќе ти дадам дома да си прочиташ 2 листа со информации за таа вакцина, па ако се одлучиш да закажиме термин. И еве сега ги држам во раце листовите, ќе седнам да читам и да видам дали ќе е поарно ко веќе од се и сешто што сум вакцинирана и превакцинирана со сите вакцини постари од 10 години , па ми фали уште ова сега. Ај да читам
Дури имаат мака и потреба од поддршка сите се фини и културни, после си го покажуваат вистинското лице.