Секој од нас си има своја патека секој си го знае секој изминат свиок и секоја дупка која не сме ја промашиле...само што никој од нас не добил можност да се врати назад и да ги избегне.А колку ли пати сме се запрашале “што би било поинаку кога со овај памет би имал можност да се вратам назад??” Знам мојот живот веќе не би бил ист веќе не би бил мој и мојата судбина веќе нема да постои затоа што мојата судбина ќе бидам јас.Точно е имам премногу грешки во животот но без нив не би можел да живеам затоа што би требало да живеам живот на перфекционист и на крајот да останам сам...без никого...без сеќавања.Моите грешки го прават мојот живот убав моите грешки ме направија ова што сум денес и ме научија како понатаму... А сепак? Сепак би сакал да знам би сакал да најдам раскрсница и за промена да напишам ново сценарио за филмот “живот”.Добро знам такво нешто не е можно ама одвреме навреме си дозволувам таков луксиз да си замислам нов живот или ново-стар комбиниран.И знајте што убаво ми е... Живеам исполнет живот...секојдневна реалност, понекогаш фантазија и душа полна со спомени!
Уште едно патување. Овојпат, во уште подалечната 2003 година. Времето кога бев малечко, безгрижно, нежно детенце. Одам по улицата, весела, распеана. Во еден од дворовите се наоѓа соседот. ЧОвек налутен на животот, секогаш со грубост на лицето. Ми се развикува. Ми вели дека му сметало тоа што одам по улицата. Не го разбирам. Каде да одам? Испушта крик, го зема црветото со кое ги полева цвеќињата, пушта вода кон мене. Фустанчето ми е потопено, ќесето кое го носам е полно со вода. Плачам. Истрчувам кај мајка ми. Се враќам во сегашноста. Никогаш не му сторив ништо лошо. Не го навредував, не ни разговарав со него. Не почувствував ништо, дури ни почит. 16.08.2014. Поминувам по улицата. Погледнувам кон неговата куќа. Овојпат наместо него, во дворот се наоѓа неговиот ковчег. Пак останувам без чувства. Не тагувам затоа што починал. Не се ни радувам. Лицето ми е празно. На некој начин олеснето ми е што тој замина од светов. Длабока воздишка. Тишина. Иако секогаш ќе остане моето прашање, што сторив оној ден, можеби е подобро да остане неодговорено, засекогаш.
...ти ветувам дека вечерва ќе ја паметиш само по убавини,ќе биде посебна,поразлична од било која,те водам на романтична вечера - ми кажа Се зачудив,ме изненади а јас пресреќна затоа што сме заедно и тоа кога го слушнав си полетав од среќа Заминавме на едно убаво место. Преубав ресторант со поглед на морето,а колку беше убаво небото таа вечер не сте свесни ,имаше безброј ѕвезди.Во позадина имаше некои љубовни балади.Пригушено светло, свеќи,букет свежо цвеќе на маса....преубаво Како и вообичаено се шегувавме и зборувавме на нас општи муабети,желби за во иднина. По некое време ми вели : омажи се за мене (во позадина во тој момент одеше некоја балада од Eros Ramazzotti) Jaс: Не ме заебавај- почнав да се смеам на цел глас мислејќи дека се шегува со мене Тој: сериозен сум ,сакам да ми бидеш жена,сакам целиот живот да го поминам со тебе- го извади прстенот пред мене. Не верував што гледам пред мене,се изненадив премногу,почнав да плачам а во исто време и да се смеам,не очекуваав. Повторував :не си нормален,не си нормален Првпат го видов да плаче од среќа ... Да оваа е само најубавиот момент, онаа што ми се случуваше додека бевме на одмор Кажав ДА ме усреќи премногу,уште еднаш ми докажа дека е само мој и вечно ќе биде така.Верувам во него повеќе од се,сигурна сум и решена дека е вистинскиот и дека веќе ќе почнеме да ја градиме заедничката иднина која што веќе долго време сонуваме за неа. Секогаш се смеев и велев : оф ги запросиле и плачат се тресат,глумат ... не верував дека таквите солзи се вистински.Но таквото мислење веќе го променив.Осетив на себе такво чуство. Во таков момент солзите сами ти навираат во очите ,грлото ти се суши и неможеш да се соземеш едно 2-3 минути барем јас бев така Целата бев во солзи Ви посакувам на сите да доживеете таква убавина и радост,да сакате да бидете сакани од истата личност,среќни,заљубени,исполнети,задоволни,насмеани... Јас ја имам љубовта на мојот живот и среќна сум што воопшто го запознав.
Опа! Ултравиолетова ламба и гел лак од прошлиот божик, некој ептен се потрудил, а јас сум го бутнала под кревет. Неблагодарна Пред да ми текне прво да раскревам по дома, а после и да се лакирам, да ви кажам дека со комши склепавме шише физи вино, славеше жената, не можеш да ја одбиеш Не е од виното, од тие физи меурчињата е, директно те мава во глава и... па, те инспирира. Се лакирав џанам. Повеќе по кожата отколку ноктите, залепено е како секундарен лепак. Ми се спие и ме мрзи да се мотам со фолија. Се чудам ако почнам да глодам со заби дали ќе осетам каде завршува лакот а почнува кожата Да си легнам
ОК,званично ообјавувам дека пукнав...не можам повеќе да трпам безобразлук и тоа што ме третираат како граѓанин ,како мајмун без мозок.Мака ми е од оние што се шверцуваат по автобуси а ние другите сме изгледа будали што плаќаме билет... Мака ми е од размазените деца кои денеска не ми дозволија да ги разгледам маиците зашто штендерот им беше одлично место за криенка и буткање на истите на земја.А мајките ги гледаат милно и се гордеат со својот продукт и зар јас не сум чула за слобода и пуштање на детето да ја изрази својата природа?Слушнав,само нека ти ја изразува дома,а богами и покасно ќе ја изразува,ма има да биде таква една прекрaснотија од изразување,глава да те заболи. Мака ми е за исчезантото Ромче и за сите исчезнати деца од градов,како да станале духови. Мака ми е од клошарот со бел БМВ џип,кој не слушнал за пуштање на пешаци за пешачки премин. Мака ми е од шалтерскиот работник кој никако да го одвои погледот од деколтето на цицлестата плавуша за да ме сослуша што сакам да го прашам. Мака ми кога приметив денес дека човек во маркетот ладно протурка количка со зејтин,шеќер,брашно покрај траката со леб и јогурт.Се прави луд,да кажам?Да не кажам?Да замижам,можеби е будала ќе ме нападне?Ма ќе кажам и на касиерката со очи и покажав,останаа да се расправаат. Во друг маркет чекам на каса,во меѓувреме малку се иставив од редот кога еден пред мене.И ми вика што е што ме гледаш.Па еве гледам како изгледа изворен безобразлук,се „испофаќаме“вербално...кога одеднаш како полиен со ладна вода се врти и ми вели-Ве молам извинете,не знам што ми е,...знам јас што ти е,само се прашувам зошто секогаш прво дрскост и безобразлук,а можев да го пуштам преку ред со само едно културно прашање. Е,сега ми е полесно кога напишав од што ми е мака...
Од љубопитност викам ај да ја слушнам песнава.И погодите шо? Од глава не ми излегува сеа Може вечер ќе ја сонувам Кончита https://www.youtube.com/watch?v=gJ4yM8UbMME
Имам нова глава, имам нова глава Сакав да кажам имам нова фрузура де, се шишав денеска. Арно ај си чекав 2 саати листајки каталози и списанија и кога конечно дојдов на ред за миење заспав на столот. Ама озбилно бе, ми годи тоа и бев почнала да заспивам, ако не беше до мене сестра ми да пее ќе требаше да ме буди фризерот. Ми се деси и божиќното чудо, оноа задоцнетото од пред 8 месеци. Одам во библиотеката веќе 3 години и секогаш е библиотекарот што се мрази и сам себе и денеска се случи чудо, налетав на добрата библиотекарка. Абе мислев дека она е само мит, ама озбилно чудно ми беше у 3 години ни еднаш да не ја сретнам. И роденден му е на татко ми. Три години исти парфем му купувам, ама што да правам бе само тоа сака. Вика дека само од роденден на роденден му купувале парфем па не ми дава ништо друго да му купам.
Тогаш не сте сродни души. Значи практично е невозможно некој да е твоја сродна душа, а ти да не си негова.
Мобилните служат за да се сликаат додека чекаат ред за во веце. Држи право, фати ме цела, чекај цицките да ги поднаместам. Леле убава таа на тета.Цуци кис, мачка, најбоља. Се мислиш која е пошлакната. Пријателите редовно информираат каде се и што јадат.Како ќе разбереме Стојна каде е? Ќе пише Стојна во пицерија таа и таа. Ти сирота ни јадена ни пена ни на фејс видена. Кој ти е крив што мобилниот не го користиш за таа намена кога си излезена. Новопечените мајки од мобилен на својот Фејсбук профил 5 минути пред породувањето не информираат до каде се со породувањето. Диши, диши, туркај, гурај, јессс дојде на свет. Пет минути покасно.... пу пу машала кој фаќа на очи очите да му пукнат. Профилот беше порано направен само се чекаше пет минути мама да ја крпнат малку испука. Што мислите дека претерувам, дека не сум нормална, дека ми е криво што не сум сликната и видена, што нема ни еден коментар како сум згодна, секси, најубава... нека фала не ми треба. Да бе, јас сум заостаната а тие се во дваесет и првиот век Младино повели, восхитувај се на личности со пилешки мозок.
Ни јас не ги поднасам, посебно машките овни. Баба ми бепе овен па не беше толку заникаде како татко ми. Бев во болница цел ден на инфузии и инекции и тој не ме ни погледна а не па да праша како сум Каков татко имам.
Порано имаше муабет као да зееме да се собереме кој сака од форумов на одредено место и у одредено време и да отидеме негде. Баш ми текна на тоа и доов да кажам дека ја сум за да зееме да се собереме и да идеме да се испоначукаме некоја вечер негде да заглавиме Еј али озбилно ако се скрои план да се деси такво нешто, идам и ја
дајте бе ств да се собереме негде, нека дојде кој сака, макар и петорица да сме битно да се собереме, кој е против и сака да си биде анонимен не мора, никој не го тера со сила... јас идам сигурно
Па не мора да си ги кажуваме никовите,кој кој ник е туку да се збереме на едно место и сите ќе знаме дека сме зачленети на овој форум ама нема да му го знаеме точниот ник туку само дека е некој си член.И анонимноста пак ке си остане а плус и журка ќе има.
Не знам за вас, ама јас сакам да се зближам со некого, до ниво да се реметиме. Значи јас ама ич не сум гушкало... цуци, муци, пф. Буци, буци, цефче. Јас сакам реметење, бе. Лани, се собрале 4-5 другарки, за мојот роденден и ми ѕвонат на врата. Ја отворам вратата и почнуваат да пеат Хепи Брдеј ту јууу. Ги ислушав до крај со осмех од 6ка до 6ка и со истиот тој осмех им треснав врата пред нос. Си влегов у соба. После си викам... море срамота е, ај да им отворам. Бар поклонот да си го земам. И онака еден поклон од толку души... па како ќе го поделат после меѓу нив? Ама не ми замерија шо, наши сме си. Не мислам ја озбилно. Јез да у секоја шала пола вистина, али шо. Сестра ми за некој ден полага математика. А јас уживам. Цело време ја замарам, главата ќе и' ја дупнам. Ама тоа значи дека многу ја сакам. Ја знаете онаа песнана... зато крени, крени према мееееени. И зато креееени, креени према меееени. Е таа, со кореографија и' ја пеев. После тоа избегав од дома, да не ме утепа. Кога некој првпат ќе ми влезе дома, обично кога ќе праша каде е вецето, го упатувам кон излезна врата. И озбилно ме сфаќа, бе. Зборам за мои врсници. Ама само кажувам прва врата лево. Тргнува... ќе се подзамисли и рикверц. Ама само да им ја видите фацката, кога ќе сфатат за каде сум ги упатила. Лица убица. И така... си седам сега јас, со млекцето до мене. Многу сакам млеко бе, да го е..., све да му е....
Ми доаѓаат солзи кога ке помислам на моите први лектири. Не прашувајте зошто. Имам болка во срцето кога ке се сетам на авантурите со Пипи Долгиот Чорап,Хајди... Спомените се нешто најубаво што еден човек може да го поседува. Толку.
19ти Август, денот на хоророт. 20ти Август, денот на последиците. Каква несреќа ќе се случи денес? Кои ќе бидат последиците, и за кого? Мое е само да чекам, пискотот ќе дојде сам по себе.
Абе девојче, па кај си ти?! Кај те снема од форумот, гледам многу сериозно се фати со факултетот и исчезна, а сега сакаш да се напоркаме земја - ваздух, да не те фати мука од образованието? Кога сме на темава, леле како ми се љушти винце со некои ребренца... јуууух... музиче на увце, има да се направам Весна Змијанац.
Секој наш избор од минатото го претставува патот кој сме го минале за да станеме она што сме денес. Можеби едноставно треба да оставиме времето да покаже, а во меѓувреме да продолжиме со животот, најдобро што можеме. И кога доволно ќе ги осознаеме животните вредности ќе сфатиме дека тоа што одредена личност го напуштила нашиот живот, некогаш било трагично, но вистината е дека всушност тоа е најдоброто што можело да ни се случи. Луѓето не се менуваат. Ние созреваме и нештата ги гледаме од поинаква перспектива. Ги поврзуваме точките, објективно ги анализираме вредностите и правиме селекција кој ќе остане во нашиот круг...