Додека се согласувам дека постојат мажи кои се професионалци во областа гинекологија, сум била и немам мислење дека се манијаци ики некаква друга предрасуда - мислам дека е апсолутно нормално да имам преференци да идам кај доктор кој ги има органите во кои специјализира и да се чувствувам поудобно така и нема ништо лошо во некој да ја има таа преференца.
Колку само лесно може еден човек да ти го уништи денот...незамисливо...за секунда, за минута... со кое право осудуваат, со која моќ, со која цел? Ахх бе грешници, ах бе бездушници. Па и се понашаат како никогаш да не поминале низ истото... единствена ствар која може да го поквари денот се луѓето.
Има, има. Мајка ми ми кажуваше кога била бремена за мене и брат ми и кога одела на гинеколог мажите влегувале со жените (тие што носат шамија) таму каде што гинекологот ги прегледува.
Многу се разочарав од постапките и однесувањето на една личност. Секогаш пробувам да го видам најдоброто во луѓето, но некои успеваат за секунда да се најдат на најниско ниво. Жал ми паѓа за таквите.
Што е чудно мажот да влезе со жената на преглед? Може е бремена, нормално е таткото да сака да присуствува на прегледот
Доколку е до тоа, не гледам никаков проблем. Сосема е нормално. Но, доколку одат заедно со жената од љубомора бидејќи гинекологот е маж, тоа ми нема никаква смисла.
Во Четврток(30.06) е (млада) месечина во Рак и тогаш е потполно порамнување. https://www.dailymail.co.uk/science...anets-lining-order-time-18-years-TONIGHT.html https://en.wikipedia.org/wiki/Thema_Mundi
Не ми се верува колку нечовечноста е застапена и развиена. 7ца на лото е да добиеш помош, совет, позитивност од некого денес. Сите само гледаат да те наполнат со нервоза и песимизам, затоа што ако него му е лош денот по дифолт и требе мора да ти биде. Каде згрешивме? :/
Зошто правите свадби ако сте кнап со пари и очекувате трошоците да се надоместат со парите од гостите? Сум чула "ние им плативме порција толку и толку пари и фотографи и матично и црква и све а они само толку пари у плико" Замисли некој толку имал во моментот, замисли? Ама битно лути ако не отидеш, не си ги испочитувал.
Тие не ја сфаќаат или не сакаат да ја сфатат суштината на свадбата- веселба е и се оди од почит кон младите и нивните семејства,така да важно е само колку гостите ти значат, а и колку ти им значиш во животот. Затоа јас преферирам мали интимни веселби, а не свадби за проценка на финансиските состојби на гостите.
И јас не би правела голема свадба ако не сум нај со пари оти од никого не очекувам да ми подмирува толкави трошоци. И на ручек кога ќе повикам некој, го викам од ќеиф, а не сам да си го плати. А и каква прослава и да правам, потрошените пари се веќе потрошени. Не рачунам дека ќе се врати сe' од гостите. И многу нормално не се оди со празни раце ама побогу ако каниш некој, не му гледај у џеб, или ич не го кани па.
Леле ова стварно така, веќе сите свадби ги прават некако од што мора, ќе се земат млади, никој не работи и ајде профит ќе правиме преку свадбата за да си направиме кујна. Па и на поканите со големи букви ПОКЛОН ВО ПЛИК. Туѓа срам ме фаќа кога ќе го видам тоа
И за претходни свадби а и за сега во фамилија зборам. Луѓево кукаа дека немаат пари да купат лекови за близок што им беше болен ама еве свадба закажаа со сите марифети. Ваљда рачунаат дека гостите све ќе си платат.
Јас сум сега скоро на свадба и младиве дека прават куќа при крај се, ние како поблиски ги прашавме што ви треба, они ни а ни б, 500евра да ни помогнете за фасадата