Немам правено, ама си имам замислено за во иднина. Јас би искрено само скромна прослава до 50тина гости, најблиските во ресторан и матично. Ни цркви, ни бурми ни раскошни фустани. И притоа од гостите кој што донел, донел. Крај крајова, јас сум решила да се потрошам за порциите и другото, не ме терале они.
Нека се живи и здрави овие од Телма, ме пресмеаја. Новиов квиз, заврти на Телма, комедии! Девојкава го врти тркалцево, се паѓа некое мизерно наградиче од типот 400 грама елит кафе, фамилијарна пица или илјадарче од Макпетрол, ако погодиш добиваш, ако не биди жив и здрав. Другиов водител збори со гледачов, првиот веќе чита прашање.. Комедии или мизерии не знам, награди средножалосни.. Толку ли бе да се нема саглам квиз у Мкд?
Значи навистина имам точно предчувство за кога некој лаже. Мислев дека има врска со некои мои несигурности и параноја и многу долго се чудев зошто, кога сум личност која нема trust issues, многу често ми се случуваше да не верувам на последниот бивши за некои работи --- не во врска со лојалност пошто за тоа имав 100% доверба, туку општо за некои работи кои ми кажуваше дека ги прави или пак чувствува. Денес, месец дена после раскинување, случајно фатив стара лага, масло на платно во боја, нешто за кое на времето мислев дека ме лаже и го искажав тоа. Тоа поттикна караница на „ти мене не ми веруваш, тоа е проблем, тоа ми е најголемо црвено знаме, доверба во врска е најбитно нешто...“ и иако не е воопшто толку битна лагата, само ми даде потврда за тоа чувство. Ако за тоа сум осетила и испадна вистина, за поголеми работи сигурно. Сега ќе му верувам на тоа чувство. Не за да плеснам во лице „ти ме лажеш!!!“, само информативно да знам дека треба да се тргнам од некого, од некаде, од нешто.
Шетам на кеј, онака најнормално. На велосипедскава до мене, идат едни, едниот со точак, другиот покрај него пешачи. Почнаа со зјапање, па чудни тргни - застани исто паралелно со мене. Па застанувам да ме одминат, ама доаѓа едниот некој сељачки муабет да ми прави. Му реков да одјебе и продолжија по велосипедска, ама уште паралелно со мене, јас успорувам и тие, јас стојам, и тие. Стојат и гледаат во мене. Онака фати да ми лупа срце, ташната ја стискам со сета сила. Пред мене е мост, наоколу нема луѓе нешто многу во тој дел од кеј, а под мостот темница. Среќа од карши имаше скали да се качам и набрзина налево круг се качив горе, прво чекав малце па поминав мостот од горе и на следните скали гледам ги нема. Набрзина претрчав кај осветлениот дел и едно 50 пути се завртев дали се во близина. Среќа не беа. И така одејќи накај дома уште 50 пати се завртев. Али нема веза де, поголем проблем у случајов е секако што јас мислам за мажи. Мање битно што коски тресев прееска.
Дали овие што ќе учествуваат утре на парадата за традиционални семејни вредности ќе ги земат со себе швалери/ките, децата што ги оставиле по домови и браќата и сестрите со кои се скарани за метар квадратен земја?
Зошто има толку злобни луѓе на овој црно-бел свет? Кога правев свадба блиски "другари" велеа демек имаат корона. Јас им поверував, дури бев и тажна за нив. Денес по некоја си случајност дознав дека едниот пар биле на одмор тој ден а другиот пар на друга свадба. Толку се разочарав што не ми се прави муабет со нив. Како може да има толку ГЛУМЦИ не ми се верува.Си мислеб дека сме блиски ама се било лицемерии. Дали изумре тоа "другарство" и "пријателство" или само мене ми се случува?
Сакам да кажам дека луѓето многу се наивни во последно време. Пред очи им искрадоја злато и пари и ги скараа со најблиските и како тоа да е малку, истите паднаа во депресија бидејки верувале на зборови кажани од гледарци, гатачи и бајачи. Вчера бев замолен од блиска роднина да се качам повисоко и да достигнам до едно писмо сокриено високо на ѕидот. Ко демек ете, тоа писмо и го оставил еден полицаец што се занимава со такви глупости (гледал демони, истерувал демони, бајки дрн дрн јарина) и писмото требало да им носи среќа... Сепак се предомислија послем голем напор од мене и ме замолија да го фрлам во реката бидејки ги било страв нив. Од љубопитност го отворив и имаше голем текст со арапско писмо на кое имаше сатански пентаграм и пишуваше Shejtan Velzevul. А сите знаеме кој е Велзевул (Беелзебул). Како може некој да биде Божји слуга кога го велича Велзевул, т.е Ѓаволот. Убаво вели Писмото, од еден извор неможе да тече солена и слатка вода и дека "еден човек неможе да им слугува на двајца господари". Но не, народот пак си верува во тоа. А овие ко им покажав што има се исплашија и си доаѓаат при свест. Не верувајте и не пуштајте дома такви личности, не им верувајте ако на улица ве сретнат и ви речат дека имате мака, додуша кој и да сретнете денес и да му го кажете тоа нема да згрешите, бидејки сите денес се со свои проблеми, но тоа не ги прави луѓето светци. Сепак некои си терат бизнис врз сметка на наивен народ што пробуват и веруват во се и сешто за да се спасат од одредена ситуација. Токму тие луѓе се облачат во стари алишта и одат по краеви кај што не ги знаат за да глумат светци. А ако се распрашате за нив, ќе дознаете дека имат огромни куќи направено од собраното злато и пари.
Денес прв ден крвава реловулиција ..... ц ц ц како ме нервираат овие женски срања секој месец. Седнав да читам што има по нетот и налетав на насловот Украина: Коза активирала експлозив во Запрожје, повредени најмалку 40 руски војници Си направив филм у глава и ја замислив козата како нервозна активира експлозив Баш си ја замислив у стилот : е сега ќе ви ебам и мајче и шајче. https://tocka.com.mk/vesti/414844/u...-zaprozje-povredeni-najmalku-40-ruski-vojnici Се смеам ко улава, ме гледа маж ми и се чуди. Хихихи козата
Jas neznam kako uspevat nekoi zeni da iscistat se doma sekogas da e pic pec a pritoa sabota po marketi po soping,nedela so familija vo setnja...eve stvarno neznam,do mene li e do niv li e....nedela a mene prozori me cekat,terasa me ceka,rucek me ceka,masina me ceka
"Е од кога те немам видено, деновиве кафенце? Ќе те барам пиши ми го бројчето на вибер. Јас сега нешто зафатен сум во брзање баџо прави викендица па да видам хаха, мојата секако е подобра. Ја немаш видено? Леле, помини кога сакаш јас се сум таму. Ајде да одам јас ти велам зафатен сум хаха ти каде? Леле, уште ли има такви што одат во сити мол, се знае бе, Солун или овој новиот, ама не можам јас, кога ќе ги видам како се буткаат на раат да не можеш да разгледаш, јас не сум типичен балканец. Ајде ајде се слушаме, не заборавај за бројчето го земав најновиот ајфон сега немам броеви хехе" на ваквите да им се даде медаља за сељачење.
Овие што го научиле на памет извадокот од Диво месо што почнува со "Да знаев какви ќе излезете...."и тако даље и го плескаат у секоја прилика, дури и за банални глупости....знаат нешто друго паметно да кажат...онака со свои зборови?
И жените што покриле модриците со шминка, и овие што останале во брак ради децата и тие што си ги помодруваат децата јер истуриле шампон у када..