Извини вака, ама како што те знам на форумов ти за све нешто имаш да си се пожалиш. У све црно гледаш. Смени се малце, позитива малце.
На времето, не од лоши намери, туку од недостаток на храброст и дефетистички пристап, заблазнував на туѓата среќа. Не велам дека завидував, оти не посакував да им се растури. Бев во стил :,, Брее, кога мене ќе ми дојде редот? " Знаете како велат ,, се радував како јас да сум успеал." Е во тој mode бев и многу интересно дека прв впечаток ти е дека тоа е многу убаво и несебично, тоа е правилното . Е па не било. Дури и токсично е. Сега си се радувам исклучиво во мое име и на мое место. Како гостин, како поддржувач, како пријател, семејство и сл. Но, во сопствената кожа. Не велам ,, леле како јас да се посреќив" и со тоа потсвесно не го условувам Господ и мене да ми даде. Благодарна сум оти сведочам за туѓата убавина без потреба од очекувања, свесни или потсвесни, туку се предавам на системот, на редот. Е, тогаш среќата за другиот може да " те фати". Тогаш таа среќа е " заразна".
Некогаш бев во вечна потрага по песни на јт што ќе ги слушнев по бутици или кафиќи. Сеа сум во вечна потрага по песни што ги слушам на оние тик ток видеа што излагаат на ФБ.
Ко ќе видам "јас на моето од 6 месеци му давам тетрапак па еве го живо, здраво, ништо не му е" тип на коментар, ми се ежи и косата на главата, ew.
Тажни се Биљо кога ќе завршат, ама нова љубов, нова среќа. На темава сакав да кажам како се зафркнав со превозот за назад. Големо е убаво е ама се' е од далеку подалеку. Епа нема од сите убавини наеднаш.
Зависна сум од нешта што ми го стимулираат мозокот. Не можам без да слушам/гледам/читам нешто. Возам точак или пешачам сама? Морам да слушам подкаст или музика. Имам слободно време по дома? Никако да одспијам малку или да измедитирам дупло... морам да читам книга или да гледам серија. Еве и на работа скоро цела смена слушам подкаст некој. Нема шанси да не примам информации. Болно опседната! Ако ништо друго, епизодава од "7 good minutes" дополнително ме мотивира да напраам пауза од социјалниве мрежи барем: https://open.spotify.com/episode/0m...i=s8Rp7T8mR0234JlfQYGYJA&utm_source=copy-link Не можам да се поднесам колку мозокот (а и очите и ушите) си го гњавам. Барем летово морам да одморам, така да од денес активно почнувам да му се спротиставувам на искушението и се гасам од форумов (би се вратила исклучиво ако ми треба некое инфо кое не можам да го добијам на друго место). И од останатите социјални. Го затварам профилов на неодредено време бодрејќи се самата себе со моето омилено мото: mindful, very intentional, extremely selective.
Седам со бабиве околу триесетина минути и веќе почнав да паѓам у депресии шо мисли ќе ме тепаат настарост....
Смачено ми е да го гледам народот (и самиот себе) како ги фрламе тешко заработените пари по аптеки купувајќи дијазепам, разни апчиња и креми се со цел да можеме да ги поднесеме притисоците од колегите и досадните шефови и последиците од прекумерната работа. Сакам да кажам дека ова не е работење, ова е уништување на работникот во Македонија, тотално исцрпување на неговите психо-физички способности. Сакам да кажам дека овие овде што се нарекуваат газди не се газди, туку робовладетели. Сакам да кажам дека нашиот систем прилега на Античкото робовладетелство во Египет. Сакам да кажам дека ова што ни го дават нам не е плата туку некоја си помош, колку да купиш суво корче леб за да имаш душа колку толку да идиш таму и да робуваш. Сакам да кажам дека овде работодавачот нас не' гледа како овца за стрижење, роб и сирот човек што нема кај да иде па работи колку за корка леб. Згора на тоа, се лутат зашто работникот чека да дојде време за одење а не да работат и да не мислат во тоа. Ете поради големото незадоволство кај работникот едвај чекаме да дојде време за одење! Не се истрпуваат неправдите и прекумерната работа секој ден! Сакам да кажам дека не се живее од воздух само...!!!
Луѓето обожаваат да бидат жртви. И не мислам на она глумење на жртва како манипулативна тактика. Мислам на луѓето што прават се за другите, жртвуваат, даваат целосно, не се ставаат себеси на прво место, а не го добиваат истото назад. И тврдат дека животот не е фер, дека им е нанесена неправда, дека не постојат добри луѓе, што нели, имплицира дека они се единствената добра личност, автоматски се морално над другите. Тоа е его. Да мислиш дека сите се против тебе, да мислиш дека те следи неправда по неправда... Себичноста е преубава работа. И сите ќе сме посреќни ако сме посебични. И не го мислам ова на начин дека треба за себе да си мислиме, затоа што никој друг нема да мисли на нас. Го мислам на начин, да си ја ставиме прво маската за кислород на наше лице, а потоа да им помогнеме на другите.
Лани ова време да ме прашаше некој каков ќе ми биде животот по една година, никогаш немаше да претпоставам дека ќе е ваков, скоро сосема изменет за една година само. И многу посмешно ми станува прашањето „Каде се гледаш за 5 години од сега“. Bruh, 5 години назад имав сосема други луѓе околу мене, мајндсет, цели, начин на живот и место. Којзнае што ме чека во наредните 5 години. Никогаш не можеш животот целосно да го испланираш и предвидиш.
Почнаа да ми зборат некои - "Со тебе муабет не може да се направи, ептен си дрска, избувлива, да се плаши човек од тебе" Оо баш се радувам. Некогаш бев она мирно плашливо маченце што го заќутуваа со "не знаеш/не си искусила/слушај постари" ради кое влечам трауми со години. Некогаш верував во љубов, сеедно каква, дека некого можам да сакам и да ме сака. Ама веќе се освестив. Ако еве стварно постигнав фаза во која сум бунтовна и дрска кучка, горда сум на тоа. Вака е полесно. Макар и да останам сама на крај. Барем ќе дишам слободно.
Жал ми е за луѓето што мислат дека се центар на внимание и имаат муда да те обвинат дека ги оговараш или да кажат "ама што ги интересира за мене па се распрашуваат?". Не бе пиле, на никој не му е гајле за тебе, верувај. Сам си бараш внимание.