Потсетник дека потењето е нормално и после бројни мислења на форумов дека луѓе имаат проблем со тоа и пропаѓаат во земја кога ќе им откаже антиперспирантот мислам дека е време да се престане со покажување со прст кон нормална појава како што е пот. на 35 степени и 3 дезодоранси да ставиш може да се случи да не функционираат ако имаш проблем. Замо што ќе излезам од под туш се случува веќе да морам да ставам дезодоранс или слично. Затоа, ве разбирам како ви е, не се срамете, се случува.
Фала богу дека се потиме. Ама кај тазе истуширан потта не мириса толку како кај некој пред три дена бањат. Оти потта знаеш дека не мириса сама по себе.
Не сакам да почнам со безобразлук и да пишувам коментари од тип „сакаш да помирисаш после туш“. Потта е природна појава. Како мириса или не и колку и како некој се поти или не, не можеш да знаеш се' додека не се најдеш во нечие тело и дознаеш како се чувствува, а тоа не верувам дека некогаш ќе се случи. До тогаш - разбирање! Впрочем како и за се' останато.
Леле Ако потта ти мириса лошо, ама онака баш лошо, е или лоша хигиена или хормонален проблем. Нормално свежа пот не мириса гадно, не знам што не е јасно. И ја се потам, нормално. Ама ми замирисува тек ако неколку дена не сум бањата.
Пишав што сакав во „сакам да кажам“. Не повикувам на дебата, инаку ќе пишев во соодветна тема. Дијагнози и слични коментарчиња задржи си ги за себе.
Не ми е јасно зошто цитатот кога токму во тоа што го имаш цитирано е веќе објаснето. Ако не ти е јасно што значеше: 35 степени е, излегуваш од под туш и после 5 мин веќе мора да ставиш нешто затоа што е толку топло.
Така де и на 20 степени прскам дезодоранс под мишки кога ќе се истуширам. И да е летно време мене не ми е оправдување на некого да му мириса потта, на секого му мириса, во прашање е колку се одржува лична хигиена.
Епа тогаш не носете дезодоранси по ташните колку за украс. Дезодоранс се прска и на прв ужасен мирис и на последен дур дојдеш дома.
Ама луѓе не заебавајте. Значи пробував некој фустан пред некој ден. Пред мене пробуваше една жена. Значи...позеленев кога влегов. До таа мера некој да се умириса....тоа е ептен нехигиена. Сите се потиме ама... Едит Што е со мајкиве кои на пример му даваат нешто на своето дете што не би смеело или му прават нешто и викаат "па еве го, ништо не му фали". Значи да му емм мајката, ризикуваш и чекаш да му зафали?
Значи едноставно е. Истуширано тело - помалку бактерии. Неистуширан чоек - повеќе бактерии. Потта замирисува поради продукти од потта кои ги создаваат бактериите Therefore - истуширано тело со помалку мртви клетки и бактерии, помала веројатност да ти смрди потта. Ти пак се потиш, ама не смрди лошо. И не збориме за некој мишката да му ја душнеш па да мириса онака малце. Од метро ако се осеќа или замирисуваш цела соба кога ќе влезеш, нехигиена е или хормонален проблем, нема трето. А има вакви доста. Еве дланкава ми е испотена од маусот што го фаќам и не мириса никако. Едит И стапалата нормално мирисаат по малку, ама ако ептен ти смрдат од дистанца, there is a problem
Народов ќе најде секаков изговор за да не се истушира и да не води лична хигиена. И тоа од што ги мрзи.
Па глеј реално често пати е во прашање и депресија на пример. Има луѓе на кои им е тешко и основни работи да направат, така што не би судела непознати. Мислам, сите сакаат да трубат за ментално здравје сѐ додека некој стварно не пројави симптоми што се грди. Не викам дека ова е кај сите фала богу, ама се занемарува. Инаку да, одма се познава пот од долго време небањато и пот кога си чист ама нормално се испотуваш. Второво нема некој пресилен мирис.
Затоа секогаш кога пробувам нешто гледам да го пробам со брзина на светлината пошто незнам кој и каков пред мене пробувал, и истото тоа парче одма иде у машина пред да го носам.
Браво за МРТ 5 и реемитување на детската серија ВТОРА СМЕНА. Кој бил по летните кампови за распуст во деведесеттите,знае