Иде да ама длабоко во себе ќе знаат дека нивното дете не е ништо посебно паметно. Друго е кога се гордееш со успехот на детето кое само успеало да го заврши факултетот без никакви врски, а друго е кога ќе знаеш дека цело богатство си дал само за детето да ти има диплома.
Ужас ... Бев пред некое време сведок на форсирање на дете да помине одлично во прва средно зошто замислено е да биде доктор, мајката има ординација па мора и оној нели. Ајт, во прва се живо и диво се среди, а кај се другите години, каде матура ...а на факс? Па уште и кога реков не мора сите да се одлични, добив па зошто на 15годишно дете да му се расипе амбиција. Само не знам чува амбиција И тоа со план опишано во друго средно, а не медицнско за да му биде полесно
Леле па овие се посебни феномени. Јас доктор и детето доктор.Обавезно! А што ако на тоа 15 годишно дете амбицијата му било да стане банкар, адвокат, фризер..... Јас во средно имав случај со дете кое се гадеше од крв, буквално капка крв да видеше се онесвестуваше ама се запиша на медицински само затоа што татко му е доктор. Ужас.
Најмногу што не сакам да читам на форумов се вашите ставови за малите деца и нивното (не)учење и „мрза“, ама добро, родителите што имаат дете кое се мачи во училиште најдобро знаат како е и зошто е така. Мене ми е познато затоа што имам многу помала сестра и знам како образовниот систем неа ја изневерува од првиот ден кога стапна во училиште (а не обратно) и имам најголема емпатија за сите како неа, што испаѓа дека се мнозинството. Мене ми е очигледно дека вие нешто во себе си лечите со овие муабети за мрзеливите деца - не вие сите, ама вие членовите стриктно со муабетите дека цели генерации се покварена семка. Дали вашите родители ве научиле да се вреднувате според тоа колку можете да научите? Дали го споредувате детето во себе што НАВОДНО повеќе морало да учи од децата сега? Можам да гарантирам дека не сте биле подобри генерациски. Ја гушкам сестра ми и целата нејзина „неодговорност“ за училиштето и ја гушкам ради социјалната анксиозност поради која не можеше некој соученик да праша за домашни па мајка ми мораше други мајки да прашува и ја гушкам ради целото нејзино искуство во училиште. Зборете што сакате се додека сте обични граѓани, а не просветителни работници, затоа што ни треба повеќе квалитетни професори кои ќе препознаат дека образовниот систем е измама, ќе ги препознаат децата што едвај проаѓаат, а се полни со идеи, креативност, интелигенција, труд и потенцијал во себе, а едноставно не можат да се вклопат во овој роботски систем на учење кој не стимулира ништо позитивно.
Ова уште сто пати би ти го лајкнала. Штом почнам да читам пост со денешниве деца знам какви тешки глупости ќе пишува. Најиронично ми е кога тетки 50+ на фејсбук коментираат колку они учеле додека е јасно дека не знаат да напишат реченица. Инаку за последниот пасус, и професорите(80%) се исти, затоа и децата што тешко се вклопуваат најмногу го јадат стапот.
Што е со цениве на производи за сончање? Гледам по 400, 500, па и над 900 некои. Ми требаше некое помало оти на јако сонце кога сум надвор ставам барем на лице да не горам. И стварно не очекував дека едвај ќе најдам некое околу 200.
За жал знам дека повеќето се такви и ги понижуваат децата во име на мрза. Професор и учител се станува доколку навистина имаш жарче во себе што сака да работи со определени возрасти, да препознава, да мотивира, да разбира. Не затоа што е последна опција... ----- Сакам да раскажам една случка за сестра ми и една професорка. Сестра ми е една од оние деца што повеќе знаат англиски поради интернет и кога зборува македонски преведува во главата од англиски на македонски. Заради тоа не збори течно македонски и прави граматички грешки во зборење. Самодовербата и е 0 затоа што и самата е свесна. Повеќето од професорите ја навикнаа, професорката по македонски ја разбира и многу трпеливо работи со неа. Ама една нова професорка по изборен предмет (кој не го бираат децата...), ретко имаат часови, сестра ми послабо го учеше предметот затоа што е досаден и со тешки зборови за сестра ми (за Иновации се работи), ама од време на време се запнува за оценка повеќе. Сестра ми научила, а пошто ја знам, знам дека и е мерак кога ќе успее да научи нешто, се јавила да одговара и професорката на сред одговарање ја прекинала и рекла "Не можам да слушам веќе, ништо не те разбирам." и сестра ми се враќа од школо, разочарана вика дека е свесна за се, но би требало да има право да се искаже и да биде сослушана кога одговара. Се потрудив да знае дека е апсолутно во право и такво нешто професор не смее да го каже. Зарем такви луѓе треба да предаваат? Какви се овие професори без трпение и емпатија? Како можат безосетно некој да збори така со деца?
Македонскиот сон, државна работа, партнер, деца, стан, кола, одмор на некоја плажа...уште среќа фали.
ме нервирате кога менувате профилни. @nextredstyle пример бев навикната на прошлата твоја, на черната, сега види шо праишш, шок за моите очи
Два до пет пати пати годишно ме фаќа потреба за менување профилна. Битно го има типот.Иначе, знам да ставам и скроз друга позната личност. А, јас сум јас, госпоѓица сериозна(освен кога не сум, а не сите сфаќате кога).
А бе како може, ако ти почине најблизок ( чичко, тетин и сл зборувам за прво колено, ма да и второ нека е ) да не ти дадат ден. Колешкава треба утре да одат на погреб во Скопје и и велат, "оди, бркај таму работа и врати се" Врати се, бе. Тој што ни е главен и вели ' Јас ќе те покривам, ама кога и да стасаш дојди' А, ако ти почине не дај Боже, мајка, татко, брат или сестра, ти следи ден или нз како. И зошто сакаме да си одиме од Македонија? Еве уште една причина. На цела болка, жал и тага. На работа, одма. Емотивното и менталното здравје на работникот повторно на последно место.
Ќути сесре, винстонот уште не е покачен, недај боже да ни го покачат инфракт ќе ме удри. Сега гледам за млеково, порано битолско 52+3 беше глеј сега 70 го направиле.