Ах, мојта омилена тема..Една и единствена ,,Снаи и свекрви'' Иако имам неполни 20 мојата чукун баба ме вика стара мома и веќе потајно ми бара потенцијални стројници. Демек јас едвај чекам да се омажам и добијам некое слатко збуцкано свекрвиште чии трошки од бурек директно ќе се ронат врз мојата глава. Еве, уште сега си замислувам кои романтики ќе пајџаат кога сопругот ќе биде на работа а јас со свекита ми ќе правиме заедничка запршка со кромид за у манџа, па на крај заедно пред ручекот ќе си смрдиме. Или кога мажето ми ќе се врати од работа уморен и така под мишка испотен ќе ми побара, па свеки директно ќе ми упадне во спалната соба под изговор да сака да земе пешкир од орманот. Што има поубаво од ваквиот lifestyle, м? Сан сваке жене, или како и да се викаше воа... Затоа баталете Њу Јорзи, Пепелашки, големи јабуки, и врагови, зошто ваквата веза е права ствар!
Конечнооооо и за мене да наџе работа!! Доста легачев по дома, значи официјално тргнувам на работа!!! Ке нема време за паѓање во депресии се надевам, барем ке бидам опкружена со луге. Не дека којзнае каква работа и не ми е по струка али за ова кризно време па и арно е . Фала ти Боже!!
Ој ти ПМС, здраво, здраво... Алергична сум на луѓе кои не сослушуваат, кои се снобови, ценат по образование, ценат по материјална обезбеденост и се затоа што немаат ништо од тоа, а кога би имале кај би им бил крајот. Денес ќе се степав со три жени. Изгледа и они беа у ПМС.
СДК Некои знаат, некои не, но факт е дека МКПредавател го прослави својот 4ти роденден неодамна. По се` остана уште дизајнот да се промени, но за жал се нема доволно финансиски средства.Затоа МКПредавател ја бара подршката од посетителите да вложат во нов дизајн преку македонската платформа letsfundit.mk! Ризик од ова вложување нема, доколку се соберат парите ќе се добие нов дизајн, но доколку не бидат доволни, ќе се обидеме повторно и повторно, се` додека не се соберат доволно средства за да се изненадат посетителите со нов дизајн. Преку платформата, може да се донира различни суми, а за секоја од понудените суми има и еден вид награди. Сајтов е супер, работи 4 години ,можеме заедно да помогнеме https://www.letsfundit.mk/Home/ProjectDetails/1149 Ако некој донира,нака ме извести!
Kомедии ми е денов Kога бев четврто одделение,доаѓаше едно девојче на гости кај мене (мајка ми и мајка и се пријателки), и забавиште беше тогаш,јас 10 години таа 6 Tогаш повеќе се осеќаше разликата,и можев да ја мотам колку сакам И викав дека порано пред да се родам сум била некоја си светица и сум се викала Алеџетемија. Па и раскажував како сме оделе по планини па сме собирале треви некои и сме лечеле луѓе,па и земав магдонос и вода и камења некои и тоа го мешав во леген па и ја истурав водата на глава,па и кажував дека сум вампир,па и раскажував за вештерки за глупости,па и кажував дека деца се прават кога мажот ќе ја бакне жената и ќе им се помеша крвта меѓу устите,абе ја зезав како сакам И едно време скарани беа мајка ми со мајка и,и денеска,после тооолку долго време,пак ни дојдоа на гости. Девојчево пораснало,го гледам,14 години,полуматурантка.. и си мислев а и си се надевав онака потајно да не се сеќава на ништо што сме правеле И и ја подавам раката,мислев фино сега ќе се запознаеме и не ме ни памти,туку таа ми вика: - Не си ти Роберта ма,ти си Алеџетемија. и ја прашувам како се сеќава на мене,ми вика најинтересно и било со мене кога била мала Се здруживме одма,и си зборевме на нигерски акцент. А јас мислев дека никогаш нема да ми прости што и истурав зејтин и магдонос на глава во јануари
Ова според мене се глупости. Немале финансии, па сега бараат пари од луѓето за нивниот сајт. Колку болни деца има кои чекаат милост од луѓето за да донираат за операција, овие бараат пари за дизајн на сајтот. Уште и награди ветуваат. Ако прават нов изглед нека прават, а ако немаат пари, нека не бараат. Покрај толку болни дечиња чии родители не можат да платат операција за да бидат нормални, здрави и живи, јас никако не би се одлучила да донирам за некој сајт.
https://www.youtube.com/watch?v=k0KzquDdSM8 Прекрасно,браво ме остави без зборови „Понекогаш музиката може да биде искористена за лекување на рак“ Спојлер Ова го има и овде на фемина на почетната страница
Едвај чекам да дојде оваа мојава свадба да се изнаиграм за сите пари. Секогаш кога и да одам на свадба, јас мора сите ора да ги играм. Сите седат, ќе се одморат малце, јас сите ги станувам да играат. Најголемата навика ми е кога сум на свадба, значи морам да извикам ЈУХ ЈУХ. И да свирам како машко од среќа. Се осеќам како јас да сум невеста на секоја свадба. Мајка ми секогаш ми вели -Добро ќерко, нели те болат нозете со толкави штикли да играш цело време. А јас само ќе и кажам :up: и си продолжувам.
Какви ребра ма цуци, после тоа ништо не те спасува, ни слим лајн таблети , од тоа мрсничкото меѓу ребрата, овај де, да добра идеја, ребра идат со црвено винце а бидејќи сега е топло, може и со пифце. Мислам да се собереме некаде на отворено, покрај рекичка, па и скара да направиме. Ќе одредиме благајник, ќе собереме пари и скара ќе направиме, договорено. Еве Михајло може да ни биде благајник, нека здивне малку од новата платформа. Може и Анета и Молика да ги викнеме, добро ќе им платиме. Па не Змијанац, Анета има да се напраиме.
Бараат,ама луѓето не се принудени,и плус тој што донира за болни бебенца и деца,сигурно има пари да донира и за овој сајт, доколку го следи,и обратно,сајтот кој работи 4 години,и ако некој го следи,нема да му биде тешко да донира,затоа што на него си гледа телевизија,а тоа за наградите,не биди сигурна дека нема да воведат Како и да е,секој со свое мислење,и сопственикот на сајтот го знам и знам се за сајтот . А и тој што го следи сајтот добро би било да донира,зашто овие канали ние потешкo сами ќе ги најдеме. П.С. се согласувам дека можеби се побитни донации за операција,ама некои не донира за тоа,можеби ќе донира за сајтот што го прати,а некој за операција
Се чудам како функционира човекот. Зошто ли мора да биде секогаш толку ненаситен? Зошто ли некогаш не се задоволиме со нешто, без да посакуваме и нешто друго? Дури и со наједноставното купување на некој продукт, гледаш покрај него и други слични на него, па колку и да си одлучен за да го купиш тоа по кое си тргнал, си велиш дека следниот пат ќе го пробаш другото. А не пак со поголеми одлуки. Колку и да мислиш дека го имаш најдоброто, секогаш ќе се најде нешто за кое мислиш дека е подобро, само некој е одлучен да ризикува и да го промени сегашното, а некој не. Цената знае да биде и скапа. Пред некој ден ве читав, и тие што имаа некои мислења каде што си ја искажуваат нервозата, си мислев: Бреј будали што си се нервираат, нема потреба човек толку да се грижи. А сега еве ме мене, со мојот необичен ден, со тој пресврт што го имав, како стојам со облак од грижи над мене, стравувајќи дека ќе се истури врз мене во форма на депресија. Само се прашувам дали таа среќе изминативе денови што ја имав ми беше од позитивноста што си ја давав, или само таков убав период имав. Се надевам дека е она првото.
кога ке ја видам темата „смешни мислења„ ми текнува веднаш на AziskaStrslenka една од ретките членки која со секој нејзин пост знае да ме насмее. позз стршленке.. ти ств знаеш да шириш позитивна енергија по форумов.
Ги знаете ли оние делови во некои игри каде што треба брзо да се движите затоа што земјата пропаѓа под вашите нозе? Така се чувствувам. Како кај мене сè да е црно-бело, или ќе продолжам со полна брзина, или засекогаш ќе останам на истото место. Или ќе го живеам животот без да се приврзувам, или ќе се приврзам под услов никогаш да не заборавам. И сè е во ред сè додека не забележам колку сум „заостанала“ зад другите... Додека не сфатам дека сите околу мене едноставно забораваат и продолжуваат понатаму, а јас упорно ги чувам сеќавањата. Колку е само тешко од страна да гледаш некого со кој си поминал дел од својот живот, некој со кој делиш спомени... И да сфатиш дека тие веќе не се истата личност. Кога едвај ги препознаваш, а сепак се држиш за некое невидливо парче надеж. И кога конечно ќе сфатиш дека ти за нив веќе одамна не постоиш, иако тие засекогаш ќе имаат посебен дел од твоите мисли. Полека учам да живеам со тоа. Baby steps...
Може не ја погодив баш темава ама не знам каде на друго место.. На 1ви септември ќе е година. Една проклета година откако те нема. Една проклета година во која се на тебе ме потсеќа и се осеќам крива ако уживам во некои работи во кои знам дека ти нема никогаш. Не можам да го заборавам тој ден и тие зборови кои ми ги кажа мајка ми дека нема да ми дојдеш на гости веќе никогаш. Дека нема да спиеме на ист кревет со денови, дека нема да се глупираме, да се сликаме, да се возиме по 7 пати на вртелешки на Луна Парк.. Поминува годинава а јас уште не сум собрала храброст да се слушнам со мајка ти и да те посетам на твоето вечно почивалиште. Не знам дали би го издржала сето тоа. Извини што никогаш не ти дојдов во посета, а толку многу ја планиравме. Благодарна сум што беше дел од мојот живот, иако кратко. Еден ден ќе се сретнеме пак, а до тогаш споменот на тебе ќе живее со мене. И на моите деца ќе им кажам што е вистинско пријателство- јас и ти и безброј денови проткаени со радост и мои и твои тајни. Те сакам најмногу и ми фалиш повеќе од се!
незнам дали имам некаков проблем или не ама секогаш кога ке прочитам нека некој починал,некоја трогателна порака,мене веднаш ми се стега срцето,веднаш помислувам на лугето што ги сакам,веднаш црни мисли ми поминуваат низ глава,дали депресија се уште не ми поминала тотално или што е ств незнам ама многу лошо чуство е.
Dragi moi samo dojdov da vi se pofalam ME ZAPROSIJA DOBIV PRSTENO I COVEKOT KOJ GO SAKAM GO DOBIV ZA CEL ZIVOT. toa bese najubavoto nesto vo zivotot sto mi se sluci. Zaprosuvanjeto bese prekrasno i najubavoto zaprosuvanje na svetot. Me napravi naj srekna zena na svetot... A prstenot e najubavot sto mozze da postoi. Pozz milo moi