Јас од сабајле кутија цигари, кафе лименка и бајадера 980денари да почастам на мојата поранешна работа. 3 работи 3 пати повеќе од тебе. Од супер маркет.
Ме тепа некоја неопислива потисната мала возбуда околу првото одење на Д фест, утре. Се мислам шо и како ќе е, непознато ми е. Друштвото ми е исто, случувањето е ново. Ме плаши дека ќе ми биде досадно и нешто ќе ме изнервира и ќе си минам нерасположено и алкохолизирано.
Овие возачиве на автобуси еднаш нека се научат дека луѓе возат, а не стоки...макар што и стоката не заслужува таква вожња
Како се тргнати уште малку и воздухот ќе ни го наплатуваат. Отворив неколку нови теми овие денови, а имаат нула одговори. Зошто така луѓе? Не сте активни ли во тие категории?
Многу тешки се тие теми на овие жештини. Се возев сега у бус, мамурен, зад мене имаше двајца со благ збор умирисани. Па ми текна на муабетиве тука на оваа тема.
Мирисот на морето, солта во косата и звукот од брановите. Обожавам. Чувствувам мир во душата, среќа и слобода.
дајте предлози кај да се иселам после дипломирање.Освен Холандија пошто знам дека е ИЗГОР. а овде да живеам со овие цени, овој менталитет, оваа гнаса од народ, оваа гнаса од Влада-не планирам. мислам, нема поента.Нишо не чини, луѓето-ужас, цени-ужас, услуги-ужас, воздух-ужас, власт-ужас, здравство-ужас, јавен превоз-преужас. Мислам веќе само храната и природата ми се допаѓаат, и неколку особи.Другото све у курац нека се тера шо е до мене.А одредена раја, у курац па лево.
Словенија. Батали ги бајките за Швајцарија и Германија. Словенија е многу потценета држава, а севкупно е класа над се останато. Почисто, похармонично, покомплетно од гореспоменатите. Малце помалце пари би земала, ама животот е поубав. Шпанија би ми била втора опција поради веселиот народ и позитивата што ја има насекаде.
Ама некако Словенија и небезбедно е и мртво.Знам луѓе шо имаат студирано у Словенија и шо студираат моментално, Љубљана, Марибор.Викаат дека Словенците се ладни, запуштени, не се средувале, не биле толку по дружењето, дека навечер 9-10 живо пиле нема. А преубаво е, сум била Љубљана и Блед.Љубљана ко у Скопје да сум, убавко е. Јас највеќе сакам Германија, дека им го знам јазикот, сум била, можам да ги трпам Германците, ми се сфиѓа што се дисциплинирани, има ред, култура, има приватност.Шпанија е...сон невиден, за градовите поред море па да не зборам. ама стварно сакам да си идам. Нема да си идам од овде со празен џеб и едно куферче, не барам одма 2000 евра плата и мед и млеко, ама сакам нормален народ и држава која ме штити.А не да се тресам на секое искачање од дома.По Европа бар знам дека може од некој болен терорист да загинам, да ме дигне у ваздух и тоа е тоа.
Ова е многу индивидуално изгледа. Мене Германија ми остави многу лош впечаток како држава. Култура, луѓе, атмосферата... не. Словенија сите викаат дека е мирна држава, ама младите сигурно не се дома навечер за време на викенд. И од мое искуство е така. За викенд има луѓе по кафиќите на пиење, особено во универзитетските градови. Кога си го најдеш својот клик, супер е Словенија, ама не е како во Србија и Македонија. Зависи колку го сакаш начинот на дружење во Македонија. Во тие две држави сум била, во Шпанија не сум, ама сите велат дека нивната култура на искачање е слична како нашата и обично им се допаѓа на луѓето. Ако можеш да идеш таму, зошто да не.
Za Feminka... Грешка си. Словенија е многу побезбедна од Германија. Многу сумњиви ликови, просјаци и циганарија има низ Гер што ги нема у Сло. Народот е горе доле ист, тука со миљи поинтересни се Шпанците и Италијанците. Германците што се топли што да ти кажувам... И таму е мртво после 10, само у кафичи кај Балканероси има музика и луѓе. А лично германскиот ми е најгаден јазик, пак миљи испод латиносите.
Не, не ме интересира повеќе муабети за нечие дете. Мислам стварни, ок е да си кажеш за детето, ама цела смена да труеш бе. Вака направило, така. Па да ми кажуваш како се одвикнувало дете од пелени... Па како ко ќе бидеш мајка ќе немаш време да се нашминкаш, да пиеш кафе.. Инаку, и се јавиле на колешкава и еве ја од погреб, пази ОД ПОГРЕБ ОД СКОПЈЕ, директно на работа. Ја прашале, дали ќе стигне до 2 и пол. И после не бива. Не, не не бива. @Feminka22 не да ми се бега...
@Srckata28 @Snow_King https://worldpopulationreview.com/country-rankings/safest-countries-in-europe шо знам..сеа добро, на 24/25 сигурно нема да ми се лумпува до сабајле.Ама сакам да искочам од 9 до 12,1.Ама тато ми вика, ти ко шо си научена до 1,2 сабајле, ми вика по Европа само ти и птиците ќе сте.Вика се` се затвара накај 10 и идат спијат луѓето пошо си работат, не ко кај нас. Ама Шпанија фикс имаат јак ноќен живот, а и народот е срцка. Од овие Словенија, Германија и Шпанија.Лично во сите три сум била, вака ми било преубаво и за шетање, и се` се`.У Германија што се вика ,,живеев“ две недели.Се навикнав.Одма ти стваат граници едно друго, второ се` е организирано, и народот ми се сфиѓа. https://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/46265-10-najbezbedni-zemji-vo-svetot Словенија е у топ 10.Шо не е за потценување. Ама ја сакам гужва.Словенија ја иам замислено ко Охрид жими се, и од тоа шо видов такво е, ете и Љубљана, напикана е едно друго. Ја сум навикната на гужва, сообраќај, живот, раздвиженост
Да, да, Словенија е навистина културна држава, чиста, мирна ама сепак не е толку строга. Нели баш сега брзо кажуваше некоја членка што живее во Германија дека полиција и дошла бидејќи после 10 и работела машината за перење. И сите така раскажуваат Германија, за таа тишина што ја бара народот (работохоличари и пензионери) во недела и општо кога ќе се стемни. Некому може да му одговара таков екстремен ред, јас сакам поопуштено и Словенија е поопуштена, а сепак задржува некои западни вредности. @Feminka22 За жал така се створени сите држави: каде е по„ладен“ народот, државата, институциите подобро функционираат и имаат наводно квалитетен живот. Шпанија е побогата од нас, ама верувај, тоа што се слични како нас има и слични последици: нечиста околина, екстремна сиромаштија во помалите градови итн. Погоре реков наводно квалитетен затоа што за мене ред ко во војска не е квалитетен живот. Ако сакаш гужви, не би препорачала Словенија, затоа што Скопје е пораздвижен од Љубљана, а и поубав град. И јас сакам народ, раздвиженост некогаш, ама навистина кога ги најдам тие луѓе спрема кои имам љубов и бескрајно се забавуваме меѓусебе, не приметувам колку е „мирно“, едноставно не ми е, се наоѓа секогаш нешто. Се надевам ќе успееш да си најдеш нешто што ти одговара и да се преселиш.
сдк дека го засакувам Апасиев, и дефинитивно Левица ја гласам следно.Јавно си кажуем. удри бре брате!!!!!!!