Ако некогаш во Македонија излезе вакво нешто на портал да знаете дека тоа е Ким пошо не успеала дечко да најде.
Дур фотелјопоседниците ја ништат државата, јадни и невини душички патат оти немаат лек. Е***е здравството...
Сакам да кажам дека во последно бев растргната. И ќе кажам колку. Не се жалам туку само сакам да демонстрирам колку моето било малку само зошто не сум мајка, зошто сум сингл, сум била млада и морало да можам и класичното „види ме мене, види јас шо прам, а ти?“ на шо од мене добија „бравос?“ шо беше сфатено како навреда пошто не добија „ок извини еве ќе продолжам“. Славици, ова е за сите вас. Али пред се за да ми олесни пошто денес сум во расположение да зборам за важноста на ЈАС и дека мора да се ставаме себеси како приоритет оти шо е животот ако само врви и ние прајме нешто шо друг сака, а не ние шо сакаме? И јас зборам за еден аспект, ама вие ова можи да го сподерите со било кој друг аспект на животот. Ок и имам потреба да зборам. Ко знајте колку време немам куцано на тастатура за да си зборам вака? Спојлер: Вовед Почнав на работа и ми е супер. Си врвам убо секој момент шо сум таму. Али уште сум на обука па дома морам нахнадно да учам уште некој сат (2-3 во просек) после работно време. Спремам две изложби за летово. Одев на второ работно место уште 2-4 часа секој ден. Пешак сум и сегде одам пешки, ова го кажвам за да имате од прилика колку време губев во пат. Учам психотерапевтски правец викенди, не ми е ни то слободно. Ни наспана, ни одморена ( ок сем вчера од 6 станав пошто така ми е навикнато телото, и до 12 кога станаа другите на викендица така само лежев в кревет, без телефон, гледав кози од џам и само „медитирав“ и ми дојде како одмор шо сум го немала со нееееедели, то шо се осеќав виновно, ко грешно нешто да прам е друга работа). Хронично ненаспана и хронично уморена. И природно, почнав да прегорвам. Страшно. Физички и психички ме боли. Уште. Ми се одрази на притисокот и срцето. Се шо праев ми беше без желба, постојано пишев смс на другарка ми како бројам минути. Имав еден нотес кај шо сатот го делев на делчиња и ги шкрткав како шо врвеа. И ако нешто сметам дека не го прам продуктивно - радо не би го правела. Дотуркав терапијата, имам одмор месецов од то - топ. Изложбата имам уште две недели фора да одложам праење работи и да одморам. И откажав то шо уствари ми беше најголем извор на прегорвање. Втората „работа“. И сега одам на работа, слободното време го сецкам на делчиња за учењето шо морам да го поминам дома и успевам да преспијам нешто шо порано ми беше мисловна именка. Ко на 2-4 сати сон бев. Деној кога немам за учење спремам изложбите. Другото се на стенд бај. И кога јас кажав дека сум прегорена, пред мамички, добив осуда дека јас сум сингл, не сум мајка и дека нема причина зошто било шо ова да ме прегорва. Дека не знам како е. И ко веќе спомнав дека не сум мајка, ми текна дека имам 6 миленици кои сакат негување и куче е едно од нив шо сака барем х2 солидни прошетки во тек на ден. Прошетка ко ќе физички те боли умор и не е нешто шо релаксира. Али не сум мајка не би знаела. Па убедвање како да сум се предомислела пошто и не биле така многу сати. И ништо во живот поќе не ме иритира колку разубедвање. Нејсе. Ова се го опишав за друга причина шо ќе ја коментирам подолу ама е пред се оти за мене и мои емоции тука зборам отворено од ко бев дете. Буквално.. Зошто се ова го пишам - стварно, ставете се први. И не рангирајте болка. Дали ти имаш поголем праг на било каква толеранција од мене, не ме прај мене слабак. Ни пак тебе те прај вау јака си ***** ( ова во чест на @Ajronmen целоснава цензура) само зошто си workaholic. Јас имам почит ако некој сака од 24 часа да посвети 27 на работа. Само не сфаќам зошто. Пошто како луѓе, не сме створени само да работиме, ни само да се излежаваме. Туку доволно да работиме и доволно да се одмораме и да држиме некој баланс. Пошто само ако работиш немаш време за другите работи шо ти се случват во животот - и истиснуваш работи и бум ете ти проблеми. И другата страна, ако само „одмараш“ евентуално ќе ти здосади ( побрзо од покасно) и ќе почни да имаш поативен мозок кој едноставно ќе ти напрај проблем кај шо немаш и бум ете ти проблеми. Ама кога и да зборам со некој, кога се работи за себе, мора да си сме најважниот човек. И не е то себично, то е self love. Оти јас можев да траам и месеци со брн аут и да се мразам и да се дозгојам, да снемам социјален живот целосно, да не прам ништо шо ме релаксира и ... то живот е? Шо со мене? И сакам да ве поттикнам да се прашате то, „шо со мене“? И не само за ова туку и за се. „ШО СО МЕНЕ?!“ нека ви е најважно прашање. ШО ТИ сакаш во моментот. Дали ако ова работа шо ја прам за тебе ја прам апсолутно против моја волја и ми предизвикува нелагодност или сум среќна да ја напрам? Оти не ме сфаќајте грешно, дури и лично познавам луѓе шо уживаат и наоѓаат среќа во то да усреќват и помагат и да се преокупирани - ама постои и обраното. И то е океј. Се дур ве прај среќни. Се дур вашата среќа е најнапред. Се дур самите вие си сте приоритет. И не го мислам ова само во поглед на брнаут, сакав да зборам за споредвање и рангирање на болка/ живот меѓу луѓе од локални Славици, ама ова го мислам во секоја сфера на живеењето. И уште за рангирање и сподервање на болка и живот. Со самата споредба се створа само болка. Не мислам во споредба кај шо кажваш лично искуство да утешиш и да се доближиш некој дур му даваш простор да напрај шо сака. Зборам кога убедваш дека твоето е исправно, дека не е доволно добар, дека можи подобро, ама не прај подобро, дека САМО ако пробаше поќе - ќе успешее и слично. Мислам дека ви е јасно локална Славица за шо збора. Вака нема да поможиш на чоекот. Ќе напрајш да има одбивност кон то шо збораш, ќе напрајш да му се намали самодовербата, да продолжи и да се продлабочи во нешто шо неќи или брнаут само зошто „тАкА тРеБа“ ( спојлер: ништо така не треба, треба да сме доволно свесни дека сите сме индивидуални личности со башка потреби, приоритети и желби), да е без волја, да се затвора во себе зошто веќе не можи да издржи и пропратно да развие проблеми со ментално здравје, како најчести, you guessed it - анксиозност и депресија. Чак и други. И одам на долго и на широко, за она за кое немам време ( блогот де), а надежно после брн аутов ќе имам, ова ми била тема и лани годинава за мислење. Така да ако некој го итнересира - линк. П.С. Ја обожавам колешката. Та ми збора за детето, јас за животните и имаме заеднички респект и разбиање. Ја обожавам. За текстов се думав дали е посоодветен во СДК или во разговарајте за да ви олесни. Пошто го пишам ова за да ми олесни ништо поќе. Ќе се самопријавам па модератор нека одлучи.
Онака...не ми се верува дека грдиве месеци се зад мене. Лошо здравје, неспиење, стресови, уште толку уништено здравје, дремење над компјутер нон стоп ради дипломската, па дали е добра, дали ќе биде за брзо, дали ќе вреди. Испуштив карпа од душа кога ми честитаа професорите. Можеше да биде и порано ама беше ту мач за мене. Ама бидна, еве. Ајде и работа нека најдам за брзо. Полека ќе си го најдам мирот по кој трагам одамна. Годинава нека биде моја
Ајде со среќа дипломирањето и за поќе успеси во иднина Леле при долги честитки многу бацвање иди, зато децата се бунат од тетките и бабите ко ќе му честитат работи.
Не знам дали на некој му се случува следново: кога типкам без прекин и треба да ја употребам буквата „ж“, автоматски од навика прстите ми ја куцаат на тастатура на лаптоп, ама некогаш (како и пред малку) застанав за секунда и помислив на тоа каде се наоѓа буквата и мислам дека сите копчиња ги поминав на тастатура и не можев да ја најдам. И после почнав од почеток да го пишувам текстот за автоматски да ми дојде. Свашта еј.
Сакам да имам сила прва да прекинам контакт, а потоа да не ми е жал за тоа, да не сум тажна, да не ми фали таа личност.
Деновиве ми се претешки.... После месеци и месеци измислени проблеми и стравови, сега ми дојдоа вистински и сфаќам дека не треба да се замарам ама.... Се надевам се ќе биде добро. И онака не можам да направам ништо поразлично освен да се смирам, стабилизирам и да пробам да ги решам проблемите и дај Боже нови да нема
Ми фали некој што ќе ме разбира, сега и секој ден, и тогаш кога претерувам и тогаш кога молчам, ама буквално ми фали таква особа
Со закон треба да се забрани одење само втора смена. Не се издржува ова, веќе 8 месеци само втора смена.... Нема време за ништо буквално. Нека пиши некој како се организира...