Никогаш не сум бил некој голем љубител на пиво, и не можам да го пијам во големи количини. Некогаш знам да си отворам лименка, две, онака, за своја душа. Ми донесоа Никшичко, голд. Го немав пробано никогаш во живот. Си отворив сега едно, и јаткасти земав. Пред мене поглед од милион долари. Градот гори во летната жега. Ветерче дувка, доволно да разлади. Мировина, ладовина. Животот е убав.
Фитнес тренери што плукаат по пилатес и јога и било какви low impact вежби зашто "не давале резултати" ми се големо НЕ, колку и да се стручни у својата работа. Си ги вратив зглобовите на место баш со такви и се наоѓа еден што вика оти тоа било трошење време зашто немало мускулите да пораснат. Океј дечко, не секој му е намера да изгледа вака или така, ај што и појма немаш што е пилатес и која му е целта.
Да слушаме повеќе македонска музика ама и телевизиите и радијата па и порталите нека ја промовираат малку повеќе, нека не спијат!
Одамна не сум дете, ама стравот од грмежи ми остана.И нема намера да си оди. Бреј, ама се распука 3 сати. Ич немам раат на такво време.Пак ќе речам, блазе си им на тие кои можат да спијат кога грми.
Сдк1: И мене ми е многу страв од грмежи, пошто ко бев помала еднаш пред куќата буквално падна гром. И еве седам не мрдам од кревет повеќе од саат време иако ми се јади, не јадам по цели денови, ама светка грми и тоа ме стаписува в место. Сдк2: Деновиве ми се rollercoaster of emotions, overthinking, anxiety.. Еден момент сум горе мислејќи сум надминала сѐ и светот е мој, следниот сум долу, плачам и не ми се живее. Не го заслужив ова што ми го направија бе. Никогаш сум немала многу јак self love, ама ова навистина не го заслужив. Луѓе за кои бубрег би дала што се вели, на ваков начин да ми возвратат... Епа нека ти е, пак биди наивна. Како се прави да не ти е гајле? Ама онака стварно да не ти е, ни ко ќе си легниш навечер да не те стига никаква емоција. Им завидувам на луѓе кои толку лесно можат да се справат, да откачат некој што не ги третира добро и после да не им треба therapist, едноставно да лабават низ животот. Сдк3: Заминав од кај што живеев, и повеќе не можам да се вратам назад. Не ни сакам да се вратам. Почнав нов живот, нова работа и сум задоволна и покрај тие срања од страна што ми се случуваат периодов. Ќе преживееме..
Се надевам нема да смета што цитирам старо мислење од друга тема, ама сакам, пошто ми се допаѓа. Немањето на национално чувство е слобода. Или и да го имаш, да освестиш дека тоа е егото, потребата за идентифицирање со колективно его кое си го здобил по чиста случајност. Ќе цитирам нешто од книгата што ја прочитав баш денес: „На пример, јас сум Индиец. Ајде да претпоставиме дека сум воен затвореник во Пакистан, и ми речат: „Денес ќе те однесеме на границата за да ја видиш својата родна земја.“ Па така ме носат до границата, а јас погледнувам од другата страна и помислувам: „О, мојата земја, мојата прекрасна земја! Гледам села, дрвја и планини. Ова е мое, мојата родна земја!“ По извесно време еден од стражарите вели: „Згрешивме. Треба да изминеме уште петнаесет километри.“ На што сум реагирал? На ништо. Сум бил обземен од еден збор, Индија. Но дрвјата не се Индија, дрвјата се дрвја.“ Илузија. Лидерите се друго, они се борат за моќ. Ама нација против нација? Особено тој патриотизам што вели да ја сакаш татковината, да си го браниш идентитетот без критичко размислување? Нели е преглупо? Затоа што и во другите држави се потполно исто осеќаат. Како само ние сме во право и никој друг не е? Еднакво сме во право за својата држава. Што браниме? Илузија?? Јас ја сакам Македонија, перцепирам некои работи како неправда за нашиот народ. Ама да се навредувам од знаме на земја, безусловно да мислам дека верзијата на мојата историја е најдобра, највеличенствена, најправилна? Лудост.
Да беше гласен работникот за своите права како грмотевиците надвор, се ќе беше друго...! Така и за Македонија да бидеме гласни се ќе биде друго! Една ластовица не најавува пролет и една капка дожд не донесува поплава!
Креативноста ми е во минус периодот. Сакам да направам подарок со многу фотографии, и фотографиите да бидат како Polaroid ама не знам како да го изведам ова? Секоја идеја е добредојдена, исто и во врска со изгледот дали да бидат во кутијка, албум ... можете да ми пратете и лп
Во како време живееме, другарка се допишувала со еден дечко преку фб, фин добар убав, денеска случајно и викам дај бе да го видам што лепотан е, чудно ми беше малце дека се и наоѓал некои изговори да се видат, за сега да пишуваат само а од блиски населби сепак Скопје не е Париз, ее Филип ми пиша, леле секоја вечер пишуваме, ми покажува слика, не е смешно нималце девојчево беше во некоја блага депресија, прв пат ја видов расположена среќна и морав да и кажам, ххх овој не е Филип, туку друг дечко кој јас го познавав, што значи кој и да бил ја лажел, да го фати страв човек веќе со кој пишува на овие мрежи, со време лечете се вие што правите вакви работи, не е поголема срамота од тоа да лажете некој кој бил фер према вас.