Кога сме кај безобразни возачи, треба пред земање возачка едно милион и триста илјади пути да повторат на глас дека при дополнително зелено, предност имаат пешаци и не брзаш ко лудак туку чекаш да поминат и ПОСЛЕ вртиш десно. Значи не знам, не знам колку пати сум избегнала за влакно улетани говеда на дополнително додека пешаци пред нив минат.
Ми се спие, низок ми е притисокот, се осеќам омалаксано и непродуктивно. Гасам клима жешко, пуштена клима- ладно па. Ко во климакс.
Страшно е колку брзо можат луѓето да се премислат за тебе. Еден ден велат дека се најсреќната личност што те знаат, од следниот ги снемува како ништо да не било. Посакувам воопшто да не се приврзував, но можам да оставам само на времето...
Извршен е атентат врз Јапонскиот поранешен премиер Шинзо Абе. Во него пукаше поранешниот припадник на јапонската морнарица 41-годишник. Шинзо беше најмлад премиер на Јапонија, но и со најдолг премиерски стаж. Светот оди во некоја многу лоша насока, имам чувство дека допрва доаѓа нешто. Немаме веќе време за љубов, семејство, за здравјето, религијата, само немир и немир насекаде, во целиот свет, во секоја држава.
Со оглед на тоа дека во Јапонија годишно имало само 9 убиства со огнено оружје а во САД 39.740, кажува доволно дека во секоја држава почнуваат немири. Не ми беше зборот дека ова е прв атентат во светот.
Не ме сфаќај дека пробувам да сум некултурна, само сакам да се опуштиш малце. Не почнуваат нерегуларни немири никаде во светот. Едноставно вака функционира светот многу долго. Има пандемии, почнуваат војни, по некој атентат, па природна катастрофа и се така во циклус. Природно е. Не е убаво или нормално, ама природно и регуларно (често) е. Така да не се секирај, секогаш ќе има вакви работи, чудно ти е бидејќи си жива да ги видиш in real time. Луѓето велеа дека е крај на светот кога почна короната пошто мислеа нови вируси завршија во нз 1920. И така.
Каква глупа ера дојде. Бонтон стана да решеруваш на инста стори каде што ти честитаат нешто. ЗоЖДо сме вакви?
Најголема лага на сите неработници кога ќе им се јави некој на телефон? (Чест на исклучоци) - што не правам - во хаос сум - леле не знам што попрво - 'се правам - во гужва денес, а кога па било различно А цел ден кокодакаат по ходници.
Не дека не си во право ама дали и за силувањата може да кажеме - па природни се? И дека секогаш ги имало и ќе ги има? Пошо не е баш пријатно нели?
Не зборувам за такви ситуации, зборам за некои глобални настани од природен, политички/воен карактер кои го здрмуваат светот или некаква колектива и се вртат во циклус од почетокот на времето на еден или на друг начин. Моево горенаведено се дешава регуларно, ама во исто време јас сум позитивно настроена и мислам дека секој ден како свет одиме кон подобро, колку и да не изгледа така. Членката беше вознемирена со став дека сега почнуваат немири во секоја држава и се дешава некоја глобална катастрофа и идеме кон полошо, јас напротив, мислам дека така ни се чини затоа што сме живи сега да сведочиме. Тие што живееле за време на Југославија истото го мислеле, ама најнормален дел од историја е, нели? Само тоа ми беше поентата.
Океј ама не можеме и за убиство и за земјотрес да кажеме дека се природни и да ги ставиме во ист кош. Убиство не настанува само од себе. Оти ако е убиството природно, и силувањето е испаѓа. Тоа дека ги имало отсекогаш убиствата, ги имало. Ама делот - природно е боде очи.
Женски, вреднувајте се себеси и ставајте се на прво место. Не ви треба машко внимание за да вредите. Не ви треба некој прво да ве бендиса па него да го одберите ради тој факт. Не ви треба некој до вас за да се сакате и пронајдите. Пошто вие и само вие си сте доволни. Најдете среќа во себе. Пошто привлекваме то шо зрачиме. Ако зрачиме очај, нема да привлечиме то шо сакаме. Нема да речам заслужуваме. То е субјективно. Ама ова ќе речам, нашата вредност зависи од нас. Не од некој друг. Не зависи нашата вредност од шо ќе кажи партнерот, родителите, пријателите, некој рандом неважен чоек. Пошто ако така се одредваме себеси ќе тониме во меланхолија како дупка без дно. Постојано тажни. Постојано несреќни. Како да фали дел. И тој дел е себството. Јас фалам за јас да сум комплетна. Кога ќе се ставиш себеси на прво место како во пакет ќе добиеш се друго шо сакаш пошто ќе си среќна и задоволна и то привлеква работи, луѓе, настани. Гради шарм. Шарм отвора врати. It's a bundle package. Скокање од ( љубовен) интерес на ( љубовен) интерес не е проблематично. Сем кога интересот е пошто мора да имаш некој и мора да имаш внимание и љубов. Зато мора да го најдиме себството и јас. За да сме среќни со себе. Јас да ме прај мене среќна. Не некој друг. Каков е тој живот кај шо мојата среќа е условена од нечие расположение, внимание, зборови? Каков е тој живот кај шо јас вредам само ако така сум перцепирана од општеството, а да не можам да видам дека сама се градам, сама сум одговорна за себе и вредам зошто јас така проценив и одлучив? Премногу дозволваме на светот да не гази пошто така не научиле дека треба и ни убиле самодовербата, па од лавица остана само крзното. И време е да речиме НЕ и да се ставиме себеси на прво место. Оти само ко ќе пронајдиме среќа во себе, ќе можиме да ја најдиме на многу други места. Ама кога среќа наоѓаме исклучиво надвор од себе, та среќа е условена. Оти секогаш нешто ќе е потребно, или некој ќе е потребен, за ние да сме среќни. И дали е та уба реалност? И ова го имам и приватно кажано на другарката, ама сакав и јавно. За шо поќе девојчиња шо ќе видат, со ниска самодоверба, свежо излезени од врска, повредени вака или така, па и ништо да не се случило - да имат потсетник да си ги премислат приоритетите. И да најдат среќа во себе. И така. Self love I guess.