Се вративме дома, маж испратив до аптека да земе лекови. Ми дадоа 7 дена карантин и не само мене туку и на маж, па таман ќе имам друшво по дома, ќе одмореме од работа малку. Како започна се ? Вчера дојдов од работа, ручавме и паднав у кома во 17 часот на спиење. Се разбудив кај 23 часот жива вода утоп испотена и лошо ми е. Си велам , ништо не е Херерко , навикната си да умираш да ти се слошува издржи 12 часа ќе се избори организмот сам и ќе бидам ко нова. Вечерта ја поминав со спиење со отворена уста од шо не можев да дишам, ај си велам издржи до сабајле ќе ти помине. Се будиме сабајле и не. .Пак се жалам на мигренска болка, потешкотии во дишењето и жешко ми е. Маж ми мери температура 39 , ај земав парацетамол, ќе помине ништо не е, та не е прв пат да ми се слоши. Поминува времето 9, 10, 11, 12 часот мене уште ми е лошо, никако не сака да се спушти температура. Маж ми вели : дај жити се напрај корона тест. Правев и оп ПОЗИТИВЕН. Одлично !!! Уште Корона остана да фатам и ќе си бидам комплет со сите болести кои сум ги осетила на своја кожа. Следен чекор во болница и назад дома. И уствари сакав да кажам дека стварно постоело тоа нешто корона шо го викале. Јас бев у првите која правеше мајтап , абе каква корона , не се лигавете, нема ништо. Ама не е страшно, Си ставив коктел да се напијам, па еднаш се живее мајката. Битно е да не држи позитивна енергија , да не се паѓа психички. Ај живели
Поранешниот премиер Шинзо Абе склучи проект со Русите за изградба на гасовод, со кој требаше да се реши деценискиот проблем на Јапонија со ресурсите. Моментално набауваат само LNG (течен гас) од САД, и од Русија. Кој, секако е поскап, затоа што патува со танкери, а и треба да се врши подоцна конверзија во гасовита состојба. Новиот премиер Фумио Кишида, уште истиот момент кога дојде на функцијата го одби планот за изградба на таков гасовод. Иaко првично изјави дека нема да се откаже. Дали поради ова е убиен Шинзо, или поради нешто друго, може да претпоставуваме. Но, на Јапонија која е под директна окупација на Америка и Британија после WW2, нема шанси да и биде дозволено да стане зависна од руски гас. Големи игри се играат. Малите страдаат.
Кога мајка ми ќе прекине да чува мои алишта стари 5+ години и зошто никад? Не се разбира од збор дека ми фаќаат место и да ги даде некому. Некој гол и бос иде, ја во фиока трпам пижами, поткошули, маици глупости.И немам место за нови работи ради тоа ,,ај ќе се најде” Ќе се најде, у контејнер.
Почина проф. д-р Методи Чепреганов. Каков човек. Каква биографија. Духовна, морална, етичка грамада од човек. Вечен работник и многу трудољубив човек со енормно знаење и придонес кон развивање на македонската наука и медицина. Почивај во мир, професоре!
Луѓе, кога бев на форумов на почетокот, можеби 14 години сум имала, имаше еден машки член кој нешто му се налути на форумов и направи копија на Фемина ама Фемина форум ко од пазар. Ама скроз исти бои, стил, насловот нешто во тој фазон, Феминка да речеме го крсти И ми обеќа дека ке ме направи админ/модератор. И јас мислев дека готово, пропадна Фемина, јас ќе сум коосновач на нов јак форум во МК. И бевме ко 3 члена таму. Срамови најголеми. Ко низ сон ми е целиов спомен.
Понекогаш сакам татко ми да не ме научел да ги сакам животните особено не кучињата. Можда подобро да пиштев на секое куче кое ќе го видам уште на 2км оддалеченост отколку што жива се јадам што не можам на секое да му пружам дом и љубов.
Ми стигнало известување за 4-та годишнина.Четири години сум на форумов.Лета времето. Вау! Нека бидат уште. Ми се допаѓаат дружбите тука. И кавгите ми се интересни, де. Ај, живели...
Како може некои луѓе да ти го расипат денот уште рано наутро. Со кое право бе? Како може некој да става наутро со намера да расипе нечиј ден? Слободно губете се од мојот живот вие таквите.