Ги читам чат пат темите за брачни совети, развод и слични. И онака мило ми е што одамна се освестив дека врска и брак никогаш не може да бидат гушки, бацувки и цуци муци како во некој филм и дека не треба да бидам опуштена, слободна и мирна во рацете на партнер. И мислењата таму во тие теми само ми потврдуваат дека (за жал) сум во право.
Оваа е од тие Славици шо се водат по тоа дека жената е за дома у кујната, ако мажот ја удри сигурно имало причина и да си ќути и трпи пошо ќе пукне брука а мажот е само за у кафеана. Одвратно.
Оваа од коментар баш како оние жени што Ина Многуфина ги опишува "Аман бе Бети, те удри? Де бе, сигурно те потчукнал малку. Па тој е силен, ловец. Тоа им е во природа бе Бети. Тој си е маж, си бара внимание, почит и љубов. Што ако потчукнал, тоа од љубов е бе Бети. Знаеш дека на крајот од денот пак со тебе ќе си легне. Туку виде ли ти на онаа маж и? Го фатила некоја замисли им ја растурила куќата. Бог да чува Бети. Отишол човекот изгледа до продавница и оваа го пресретнала и му рекла сите ми се качија уште ти не ми се качи ајде тргај. Овој и викал бегај жено женет сум ќе ми ја растуриш куќата. Не, оваа да го тегне со сила, ајде готово да дојдеш ти сега и да ти бидам девојка. И овој што да прави сирот човек не ќе се расправа и отишол и така она со сила им ја растури куќата. Сирот човек, греота. Па она е крива нормално, кој е крив? Он сигурно не отишол од што сака Бети, девојка да фаќа женет човек...може и магии да му има правено јас на тоа сумњам. Секакви жени има Бети, ќути...."
Да. Таа е. Немаше некој што не сакаше да ги има моќите на детето тогаш. И денес песнава е футуристична.
Офф кој знае што пеев дури сега после толку години кога те прочитав ми текна да проверам текстот Yeah, straight from the top of my dome As I rock, rock, rock, rock, rock the microphone
Има, има. Има и такви лигуши, што мислам дека сум ги приметила. ********************************** Сакам да ви кажам дека ми падна телефонот додека го возев велосипедот и екранот се скрши многу Кога го видов екранот на телефонот, срцето ми се распарчи како што екранот се распарчи Ми доаѓа да плачам на цел глас, но немам солзи.
Преска и се пожалив на 2 форумџики што си пишуваме лични пораки дека денес ко за 5 ден Корона не сум најарна оти брзо се изморувам , ко по скали да сум трчала,,,,, Позитивното е : Температурата помина Грлото помина Уште од прв ден е во ред мирис и вкус - ма одлично Апетотот ми е на максимум, јадам ко гладно дете Арно ама ми тежи нешто на гради, чуден некој вирус. Но тоа не ме спречува и додека лежам во кревет со лаптопот во скут да се занесам во песнава која од прво слушање ми остави впечаток и ќе ја преслушам сега едно 100 пати додека не ми здосади. Место не ме држи , си се знам јас сакам да си денсам, дури се подисправив , но за 1 минута одма изморена, ме стега нешто мамицата негова. Ќе си продолжам со глава да клатам на музичево. Не знам кои форумџии слушаат ваква музика за да ги тагирам оти песнава е скроз нова и ќе биде хит, 100 % сум сигурна
Трет пат планирам нешто и упорно не ми се остварува зашто во последен момент испаѓа нешто најнеочекувано. Океј.
Не дека нешто верувам во хороскоп ама читав дека периодов ќе е лош за некои знаци,вклучувајќи ги и рибите.