Не е вкусно жена на жена најголем непријател да е, навреди да упатува, уште полошо насилство. Место убаво да објаснеше без навреди ти одлучи да бидеш како тие.. Почит ти фали пуно, ама чим дома ја немаш стекнато тешко на друго место.
Немам никаква омраза во себе. Ти напишав што сакаше да слушнеш, нели? На крајот на денот сите читаме она што сакаме да слушнеме, а не она што го пишува. Или пак го читаме она што највеќе не погодува и мислиме дека сите сакаат да не нападнат. Муабетот од почеток не беше за било кој што излегува на протестот. Ти одлучи да го направиш така затоа што имаш претпоставка во себе дека јас мислам дека е срамота да си патриот, сите патриоти се прости итн. Што и да напишев или напишам нема да го смени твоето мислење за мене и упорно ќе мислиш дека те напаѓам тебе или сите патриоти или сите мажи патриоти. Тоа е тоа, непродуктивна дискусија.
Леле џабе се објаснуваш. Ќе плукаат по силувани жени оти се курви, дома на мажот ќе му слугуваат ама битно ќе отидат на протест и ќе се вратат да лаат оти се увреѓени патриоти. Мажот им ќе пише коментар "sama mu se namestila, ne bilo na sila" па ќе земе знамето и отиде на протест и таму ќе биде херој оти ја брани државата. Македонија in a nutshell.
Ти што толку во гради се удираш за женскиот род си најголемиот провоцирач и навредувач овде на форумот. Нема тема каде што не вреѓаш и не плукаш по некого. Уште кога најди доволно време да зборуваш дека на другарка ти дечко и се здебелил и бил гнасен не можам да очекувам од тебе ништо паметно.
Неам маж. Кога би имала не би му слугувала, све што можам јас ќе може и он сам. Исто така мојот маж нема да биде подржувач на насилство како вас жените жена на жена најголем непријател.
Јас одамна сфатив дека ретко кој е отворен на форумов за да води дискусија. Навистина сите читаат по своја програма и веќе муабетот е направен затоа што они се спремни што наредно ќе кажат без да прочитаат што јас кажувам. Ќе знам дека сум просветлена кога конечно нема да цитирам мислења на форумов, тоа ми е многу голема цел во мојот self growth journey.
Разликата е во тоа со какви луѓе сте опкружени. Има секакви. И насилници патриоти и мирни луѓе шо му е преку од ќутење па излегле на протест. Има и насилници шо седат дома и пишат по цели денови колку е супер договорот. Пред некоја година истите тие палеа канцеларии ама не се насилници, дома се сега не на протест. Еден пред некој ден фрлаше во Сообрание. Друг пцуеше. Има секаде секакви, без генерализирање. А вчера на протестот говореше еден познат јутубер, јас лично си го имам прогласено за шовинист на годината. Толку немаше некој попаметен?
Немој да ми кажеш дека Стефан Лазаров зборел на протест? За него зборуваш? Он ми е мене шовинист на сите години. Едит: Не знам дали за него збориш ти конкретно, ама сега видов дека и он нешто држел микрофон, фуј.
Па за такви мелам од прееска. Сега замисли него ќе му речат браво, а што типот е сељак у душа, не е битно, му се простува. Овој за жртвите од јавна соба ќе рече си го барале и никој нема да го чепне. Нема јавен линч на такви идиоти како што има на овие со бугарски пасоши.
Знам, ти ја сфатив поентата, затоа се надоврзав со примери, но и од двете страни ги има. Не е проблемот до патриотизмот, кај нас е проблем со малку подлабоки корени.
За насилниците на протест. Да гној се. Оти се насилници. За ненасилниците топ се. Оти не се насилници. Можда вака црно бело треба да е пишано од сега.
Сакам само мала исправка. 100% од тие со насилни изразувања се сељачишта со 0 култура. Не 95%. Дури и од толпа да се водени, да си дозволат толку ниско да паднат и да се тие гласните шо ќе ја рушат сликата за сите - жално е во најмала рака. Оти секогаш се створа омраза меѓу секакви групи ради неколку гласни, гнасни индивидуи. But oh well. Живот.
Сладолед во лето е убаво нешто, не велам не. Ама како што слатка лубеница може да те освежи во летни горештини, ништо не може. Едноставно летото, не е лето без лубеница.
Не е толку проблемот за сликата на нашата држава или за сликата на протестите отколку за нејзината практична функционалност или за нашиот целосен менталитет кој не кочи, кој јас верувам дека со такво однесување се загрозува... да речеме дека некои од нив немаат толку лошо однесување (5% ) кога не се работи за "војување со други нации", за повеќето верувам дека тоа насилство, агресивност, некултурност претекува и во други сфери во животот - како се однесуваат спрема жени, во институција, на работа итн.