Со месо, де. Ама уредно набавено по правила, не вака и не од болни животни. Уште изјавил дека постапката била хуман третман. А, ова е суровост.
Аха значи таква била работата. И јас како тебе не знаев. Значи јас и ти додека пишуваме на форумот , таму некаде во дивината се пуштени на терен ветеринари за да проверат и да контролираат со какво месо се хранат мечките, лавовите, тигрите. Таква била работата, таму во дивината не постои ниту едно разболено животинче кое испуштило душа па почнале да го јадат овие месојадците. Се е однапред проверено и исконтролирано пред да се јаде. Епа добро, штом си цврсто убедена дека во дивината се јаде само квалитетно месо , тогаш ќе мора и на овие од зоолошката ист третман за проверено месо да им се дава. Не бе, нема болести во дивината, се е стерилизирано. Ова се надоврзав на твоето прашање СЕ ЗАПРАША НА КОЈ НАЧИН СЕ УБИВАНИ . Животот е суров , големите риби ги јадат помалите. Е така и овие месојадците , крвно и брутално си обезбедуваат месо. Штом решиле да одржуваат зоолошка, мора да им се обезбеди месо на животните како знаат.
Да беше само тоа нерегуларно во зоолошките, во какви ли услови се чувани животните во кафезите, изгладнувани, итн. итн. воопшто не треба да постои зоолошка градина т.е затвор за животни и сеа као треба да очекувам дека таму добро ги третираат животните, со хасап систем можда прават проверка на храна?! Собирај пари за сафари па иди гледај ако сакаш у живо животни у Африка.
Не само зоолошките, треба и аквариумите да ги затворат и да се пуштат сите риби кај што им е местото. Ама човекот е најголемо зло , којзнае колку животни и риби масовно се убиват за човекот да си приготви специјалитети од месо.
Пошо убаво објасни како е во дивината, јас не знам и зошто воопшто се мачеле да ги колат, па ги фатиле, па сега затвор... Требало директно фрли го коњот преку ограда јер животот е суров, бар да се истрчаат лавовите.
Али на муабетот таква е дивината и дај сеа ќе колеме животни, не знам стварно што да речам.. Зоолошката у Скопје одамна треба да се затвори. Кутрине животинки само се измачуваат таму. Тој што мисли дека ја води, е тој треба да биде затворен во такви услови.
Претходно биле купени 30 кг месо за животните од Зоолошката градина, на сепак решаваат да ги убијат болните коњи за да ги прехранат лавовите. Прашањето е зошто 30кг месо не е доволно за животниве и дали се работи за масовно перење пари? Ќе купиме помалку и ќе убиеме недолжни животни никој нема да дознае. Разрешницата е малку, треба строга осуда. Општо и зоолошка треба да биде затворена.
Па нормално. И кога читам овие со хехенца: "а Шо Да ЈаДаТ жИвОтНиТе" тешко ми е да вервам дека се сериозни. Во една тема се бунат за беззаконие и неред, ама тука им е океј без да уважат дека си има тендер за набавка за месо, под стандарди за истото. А се ова е оти некој сака в џеб да си клај и да убива во нехигиенски услови, нерегистрирани животни, потенцијално опасно месо за животните- конзумери, нелегално во некои DIY касапници ВО ЗОО. И поќето ги клавам во категорија тролој пошто тешко ми е да вервам дека некој не можи да измозга до толку. А за шо пиша. Виде дека дотичниот рече дека било практика и претходно? Беше то нешто шо потсвесно сите го знаевме ама добро бе, во каква гадна реалност живееме? Директори одат профит да вадат. Нека затворат сегде ЗОО оти се зло. Еве почна и на поќе начини да се согледва и зошто. Па аман да затвориме се пред луѓето да заборат на ова и да се вратат таму за "забава". Едно прашање во втор рант ме фрли. Првиот беше изгледа многу смирен. Фала ХАХХАХАХА.
Ако 12 години работел угледно значи дека ќутенката траела 12 години и сега такозваниот “убиец” директор не се деклалирал како убиец. За 12 години којзнае колку пари биле испрани. Страшно.
Мајка му си отиде во Хрватска, вујко му во Грција на одмор, а него му ја оставија бабата со склероза да ја чува, ако не ја чува он, сама дома ќе биде бабата со склероза што не може ни јадење да си направи сама. Господе што згрешив за вака да го ставаш во искушение мојот одмор и мојот љубовен живот.. На крај сама ќе си отидам на одмор, и толку.
Не знам дали си била во последниве неколку години во зоолошката во Скопје да видиш во каква состојба се кутрите животни, на лавот ребрата му се гледаа последно кога бев, прежално е како ги третираат, животните изгледаат болно и изнемоштено, мене само страшно ме иритира фактот што треба да ги фатиме на лице место дека колат коњи за да се уклучи мозок и да ни текне што праат, а толку е очигледно.
Види, ти започна со коментарот дека им посакуваш се најлошо и ги нарекуваш убијци. После некоја членка те подпраша што се случило во Зоо ? Ти го постираш линкот и после тебе јас ти се надоврзувам со прашање што треба да јадат лавовите ? Значи , некојси Петко решил да отвори зоолошка, значи не е музеј со фосили, туку е зоолошка со живи животни. Тоа животно мора да јаде. На страна муабетот у какви мизерни услови зад решетки живеат --- тука и двете се согласуваме на оваа точка дека се у затвор и не треба да постои зоолошка туку да се пуштат на слобода животните. Она на што не можеме да се разбереме е што треба да јадат лавовите ? Јас ти велам месо, ти велиш не требало да ги заколат магарињата оти болни биле Јас пак ти велам , ам во дивината како јадат тие животни секакви други животни, буквално ги распарчуваат за да им дадат месо и на малите лавчиња и пишав дека таму никој доктор не ги проверува дали се болни или здрави животните, туку животот си тече, тие така живеат и се хранат. Значи ако не биле магарињата, сигурно мачиња и кучиња ко во Кина ќе колат за да прават хамбургери од месо ко во Кина, да да, имам јадено хамбургер од месо од маче и повратив ко ми кажа таа на касата дека од маче било , зш на прв залак месото ми мирисаше чудно па морав да прашам од што месо е. Тоа што јас ти го велам е штом Петко решил да си игра Зоолошка , мора како знае да им најде месо на лавовите и сите други месојадни животни да не ги набројуваме по ред. Стварно не знам оти не можеме да се разбереме
Сум била еднаш пред три години кога ги донесоа слоновите и фоката. Сега не знам како е, но напишав дека е време да се затвори.