Она кога си слободен за викенд и правиш план и аларм за во 9 сатот да одиш на плажа од сабајле но алармот несвесно го поставуваш од понеделник до сабота, заборавајќи дека денес сме недела. Се будам сама без аларм боже викам еве станав рано пред алармот и се чувствувам наспиено. Да lovemme се чувствуваш пошо не е 8.30 часот туку 11
Се сеќавате ли на К 15? Е јас многу ги сакам и често се потсеќам на нивните скечеви. Клипот што ќе го постирам е направен 2013 година и истото се дешава и со моменталната ситуација во Македонија. Легенди се и легенди ќе си останат , ги обожавам Онака чисто за неделно попладне , да се расположам со К 15
На ова жешко време, освен ладно грч пиво, ништо друго не може подобро да те освежи, добро, може некој коктел, ама тоа е за оние препич луѓе, ние не толку модерните, ќе се задоволиме и со пиво, а и плус, викаат добро било за проблеми со бубрезите
Мое решение кога темата шо ќе отворам нема мислења? Па отворам нова тема шо нема да има мислења. Shameless promotion lvl desperate bitch
Ми фали онаа старата јас што беше превозбудена за животот и за убавите работи што ќе ми се случуваат. Еве ме, лето е а мене никогаш полошо не ми било и ништо не ми се случува.
Немојте да мислите дека ако не ги карате вашите деца кога ќе погрешат, дека им правите добро, напротив, еден ден ќе си ги чукате главите што сте ги преразгалиле. Аман, немам намера да ви ги воспитувам, јер немајка, нели, ама прифатете понекогаш совет и од немајка, а не веднаш да ја напаѓате дека им фаќала замерки на мали деца и после одите наоколу со фразите, хиперактивно ми е детево, а тоа машала веќе 9-10 години, возраст каде што цвеќиња треба да никнуваат каде што ќе згазне, а не сите да му се тресат и клањаат
Смачено ми е од себесожалување на луѓето(до пред некое време бев и јас таква признавам) Ама дај човеку, имаш живот, жив си здрав си, ако немаш пари-работи, ако не ти одговара некоја релација-прекини контакт, ако ти е досаден животот-најди си хоби. Само смрт и болест ми се за жалење веќе, други глупости кои што можеш да ги промениш не се.
Добро утро на сите и добредојде на новата работна недела. Ене го петок кај е (за посреќните). Ене ја сабота кај е (за не толку среќните).