Ликсуз не е ниту шминката, ниту рестораните, ниту високи штикли. Вистински луксуз е да се живее како ти се допаѓа. Во удобни розе патики кои само тебе ти се убави и без шминка. Да јадеш она што ти се допаѓа, да се дружиш со оние со кои ти е убаво, да се биде со некој од љубов, а не поради чувство на должност.. Луксузен живот значи живот по свои правила. Да се остваруваат своите цели а не туѓите. Да не се бараат оправдувања..За своите избори, своите соништа, интересирања. Да можеш да кажеш: Не можеш така со мене. И да кажеш: Ми се може.
Имаме нов дечко на работа, преинтелегентно културно дете, се труди максимално и ете му се фатија за тоа дека не кажал добар ден на сите во фирма со 45802 вработени и му броеја колку пати бил на цигара и го оговараа групно зад грб прееска За сработеното немаше пофалби фала богу
Кога сме кај работата... Иако работам во фирма, која ете нека сме 50 и поќе, излегуваш од канцеларија-надвор собрани четворица , им велиш добар ден и никој не те ни погледнува и добиваш само едно низ заби 'добар ден'. Ако некој си мисли дека нема некого нема да отпоздрави и со тоа ќе држи некое 'ниво' гадно се зезнал. А претходно, дури бевме сите на обука правевме муабет и некои добија позиции па сега као "не ти прам муабет, не си важен" Жално. Од една страна ми е многу мило за себе што, имам поминато се и сешто и станав имуна на тоа дали некој ќе ме отпоздрави или не. Иако тоа порано многу ме повредувше. Моето да го направам. Да се знае. Да си имам чист образ пред себе и Господ. Арно некогаш вели дедо ми: Нека ме сака Господ мене, та за другите.
Толкав баксуз сум што ако почнам краставици да садам, тикви ќе никнат. Не умри магаре до зелена трева.
Треба сите луѓе да се прифатат такви какви што се, не може бе луѓенца сите да сме исти. Каков ли ќе беше светот сите да сме идентични едни со други? Прифатете ги разликите и почитувајте ги луѓето околу себе. Секој за себе си знае како му е. Не ги осудувајте, за да не бидете осудени!!
Кога сме кај работата. Си велев таман си најдов нова работа и се спасив од претходните притисоци, сега гледам дека сум во заблуда. За работникот нема мира кај и да оди. Кај и да оди ќе биде прогонуван, се додека е во канџите на робовладетелите,ќе пати.
Кога некоја песна те растажува, но ти веќе си тажна па ја слушаш упорно за да бидеш уште повеќе тажна и да го доживееш фул ефектот. Љето већ је готово. Да л' видјет ћу те поново? Тко зна. Вријеме лијечи ране све. Заборавит ћеш на мене, то знам.
Дали е лошо од мене што не чувствувам толку емпатија додека горат шуми низ европа? Можеби е заради тоа што лани гореше пола македонија, а ретко кој помогна или дека овие „големи“ држави имаат поголеми ресурси и веднаш се мобилизираат од сите страни.. Да беа опфатени сиромашни подрачја можеби повеќе ќе сочувствував. Штета е што гори толку шума ама кога било тоа проблем за големците кои ќе си се качат во приватен авион и ќе си отидат на одмор, а останатите смртници ќе останат да се нервираат...
Истото го мислам и јас. Се додека сме во Маќедонија, сегде работникот ќе биде потценет. Освен ако работи во странска фирма, каде што НЕМА МАКЕДОНСКИ МЕНАЏЕРИ. Или освен ако не е надвор од Македонија. Го пишав примерот, каде на колешка и се јавија НА ПОГРЕБ (претходно беа известени, т. Е одма кога почина човекот и и беа дадени, неколку саати, пази СААТИ, да појде до Ск и да се врати НАЗАД, ПОШТО ЗАКОНОТ НАЛАГА ДА НЕМА СЛОБОДЕН ДЕН ЗА СМРТЕН СЛУЧАЈ, ОСВЕН ЗА МАЈКА, ТАТКО, БРАТ ИЛИ СЕСТРА. Тој што ни е главен, пази и рече оди, јас можам само кратко да те заменам, искрено, не сум баш сигурна дали можеше само толку.) Нели ЛИДЕР е оној кој дава СЕ за тимот? Нели тој треба да биде оној кој го следиме? Оној кој не мотивира?
Со саати не може да се испадне од сообраќајот во Скопје само, не пак да има време за погреб. И јас се вработив во странска фирма. Ама очекуваат од мене исто како и претходните кај што бев, да бидам машина. Мислам дека тенк ме има прегазено.
десно у комшии музика се слуша лево огномети ја седам у тараса и у памет си пеам псујем те животе што баш мене казни
Да не ми е гајле у животот да си купувам ХУМИДЕР за пури од 180 000 денари и фрижидерче за вино од 90 000 денари.
Штом си се зачленил на претежно женски форум, јасно е Моја лоша шала на страна, заради тоа се формираат синдикати, се организираат вработени. Точно е дека сите се заменливи ама откако ќе смени неколку постави на крај ќе нема кој да вработи. Ако настрада една постава, ќе биде подобро за наредната. Ама тоа е што никој не сака да се жртвува за подобро па си молчат и трпат измачување. А не дека и во странство не е исто. Колку лоши приказни има и од таму (претежно од луѓе кои отишла да работат зошто оние во чија татковина се имаат повеќе избор), да се зачудиш колку е се“ исто..
Дали е глупаво тоа што дадов отказ после 2 недели на работа? Видов толку безобразност и завист што секој ден ми беше пекол. Работата беше убава и лесна, услови супер, освен односот на една личност поради која дадов отказ.