Да кажам и да прашам: Кој датум/месец најчесто одите/преферирате на одмор? Јас уште како мала ми е всаден Јули околу 15ти. Годинава ќе биде Август и сега се чувствувам како биоритам пореметен или така нешто (постои ли такво нешто уопште и шо назив има ако да ).
Да го одбележам 3000 мислење на форумов со ценовник од Југославија. Денес, ми се заглавила железна паричка во машината за перење. 2 саати потрошив на неа додека не најдов што е проблемот... А проблемот бил... 10 пари. Во таа чест, ако живеев во Југославија, ќе си нарачав: Обична Баклава = 3 ден Еклер = 3 ден Лимонада = 3 ден. И 1 ден ќе му оставев бакшиш на келнерот. Што би земале вие?
Ех ех ех што не би земала Еклери, тулумби и сладолед па два денари нека се части еден сладолед и келнерот
Да, менталното здравје пред се. Но, знај дека нема совршени колеги и секогаш ќе има некој што ќе завидува, Озборува и сака да те спушти доле. Нит па постои совршена работа. Секогаш мора да има нешто. Како се осеќаш ти, така прави како мислиш. Чувај се.
Пази од сФе само да не ти се дигне... шеќерот. Денес, во Шарлота: Еклер 30 (една нула, една кула) Индијанка 30 Чоко Индијанка 40 Баклава 30 Боза 75 Лимонада 75 Е сега имаш повеќе избор, фенси колачи. Сникерс, или Секси чоко кејк за 55 ден се фантазија.
Заглавив пола сат не знам шо да одберам, ко дете во продавница за играчки. Па математики како најдобро да се искористат парите. Само првите три не, друго се' сакам. А ако частиш по повод 3000 мислења, нека биди бломбице само. ____ На тема одлука шо да нарачаш, секогаш се двоумам меѓу две и кога ќе дојди келнер нарачувам нешто трето. Памет во глата и ги терам другите да нарачаат место мене, за да не згрешам. Пусти срам и изгубеност. Несоцијализирана. Spoiler: case in point
Неека се дига, подобро шеќерот него ли притисокот со денешниве цени. Туку овие цени шо си ги пишал се боза, сум сретнал и доста поскапи низ слаткарници
3000 мислења и скоро 4 години поминати во добро и лошо на форумов. Повеќе добро, отколку лошо. Како свој си го чувствувам сега. Како што е редот, ќе почастам. Не само бломбице, туку и лимонада. За капиталистите, и Кока Кола ќе има. Бујрум
Не е само притисокот на работа. Живеам сам а сум доста млад. Сета работа дома ме чека мене. Се немам наспиено како што треба. Работава не е сигурна, денес утре незнаеш дали ќе ти продолжат договор. Многу за кажување а време па скоро и да нема. Инаку од 4-5 саати немам повеќе поспиено.
Од 4,4 на 3,9 падна рејтингот за еден ден. Многумина ја пријавиле апликацијава, на кој ли талент е ова дело.