Ми фали уште еден одмор во август, за да се видам пак каква што се видов претходниот одмор. Се немам видено ваква цели 8 год и чудо е колку се сакам таква. Сасим друг човек. Ако се случи тоа што треба да се случи, секојдневно ќе бидам таква, не само на одмори. Летово исполнето до максимум. Есента не знам како ќе биде. Може доцна есен нешто да фатиме ... јануари сигурно не ни бега ама тоа е зима... Само уште еден клик и се ќе биде потаман.
Не знам како сеуште ме собира во исти алишта од пред 10години и не знам како со минус 5кила сум ги носела истите. Како ли сум изгледала во нив. А, за панталони со низок струк.....нема што да се коментира
Колку е само скап Охрид годинава, порано и просечна фамилија можеше да истера добар одмор, сега делиш една лежалка со уште 5 души.
Можете ли да го замислите маркетинг тимот во Ladna зад производството на водава? Што сакаат жени... хм.... да бидат младолики и... розева боја. Продадено. Глупост на годината. Anti aging вода.
Обожавам луѓе што не го истакнуваат својот успех. Сакам луѓе што не користат социјални мрежи за истакнување на себеси и своите успеси. Сакам луѓе на кои не им треба одобрување од другите.
Има и алкална вода Имаше едно време и вода збогатена со кислород. Не памтам само од кој производител беа.
Линија на помал отпор,трпението и борбата изостанале само повлекување на колегата можеби то му било цел и успеал.Секаде ке има такви колеги што не значи дека еден ден нема да си добијат вербален шамар па и вистински после работа.
И јас сум на ново работно место 4месеци, првиот месец беше речиси ужасно, газдата си преувеличуваше работи, да не кажам измислување. Колешките се пренесуваа, издаваат и некои банални работи. Многу бев нервозна и тажна, си добив напад на мигрена после година и повеќе и тогаш со реков дека веќе нема да се замарам. После месец дена само пофални зборови, ме фалеле колешките, газдата, луѓето....а, јас си работев исто и тогаш и сега само што они беа со негативен став кон мене. Искрено и не очекувам некој да ме сака, да се сакаме на работа, само секој да си гледа своја работа, јас си учам, си се трудам па они што сакаат нека прават. Сега само си собирам искуство, си чекам плата а вработените и газдата како сакаат нека зборат. (После караницата кога добив напад на мигрена, истото го мислев да се откажам уште утредента да не доаѓам ама разговарав и моите ме разубедиа).
Види и јас имав проблеми на почетокот пред неколку години кога почнав да работам. И дур возвраќав секогаш бев лошата и секогаш бев ставана во уста за оговарање. Но, јас престанав да им давам значение на нив бидејќи тие нема никогаш да работат како мене и да бидат на мое место. Напредував и постигнав многу, дури и си побарав преместување и си добив. Важно ми беше шефот да ме цени, да ми го цени трудот другото не ме интересира. И ден денес е така, имам нови колеги и старата песна се пее јас си свиркам. Гајле ми е едноставно. Позади добриот коњ цел живот прашина ќе се крева
Тотално сфаќам.. Ама во мојот случај не беше само оговарање зад грб. Камо среќа да беше само тоа. Ми даваа туѓи задачи да завршувам за они да си седат и да си ја ладат додека јас коса си вадам од стрес. Ќе се најде подобро во скоро.