Секогаш и секаде има такви кои наоѓаат некој на кој ќе му ги префрлат задачите. Не е мое да судам, но претпоставувам нема да можеш од секаде постојано да си даваш отказ заради таа причина туку да научиш да се справиш со тоа, да им кажеш дека тоа не е твоја обврска или да разговараш со претпоставените. Така да, ако ти одговарало се" останато ама отказот е заради тоа после само 2 недели и прашањето ти беше „дали е глупаво“, според мене - да, малку, само затоа што имаш дозволено да допрат до тебе, не од друга причина.
Обожавам луѓенца што се прават силни и рамнодушни, дека животот му е ист со тебе и без тебе, а после некој ден молат за внимание. Бедни сте.
Македонче Брзај, брзај македонче кон Европскиот двор, таму те чека учителка со уценувачки збор. Бајки, сказни, ветувања секој нов час таа ќе ти кажува со милозлив глас. Брзај, брзај македонче ѕвонче шири глас сите се собрале за судниот час.
Следен пат кога родител ќе ве споредува со детето на колешката/комшијата/пријателот/ката, најдете им маана и споредете ги со друг родител. На пример татко му на Стефан има толкава куќа, зашто ти немаш? Или - види ја женава со две деца на 50 изгледа како да има 30, зашто ти не си ваква? Па онака нека им дојде тешко малце на душата.
Не ми плачи сега по телефон " другарке". Нека те тешат тие што те советуваа дека ако каниш дома немажена/разведена другарка ќе ти го земе мажот. Ама видиш, и мажените не биле сигурни. Сега нека те тешат тие, и да пробаат да ти ја избришат сликата од двајцата во кревтетот кај што ти спие детето заедно со тебе.
What Изгледа се истите што ми збореле оти не се спие на гости со дечкото во иста соба, (ако не сте во брак нели), срамота било од домаќините да се клецате неземени во нивна куќа.
Е да си знаеш .. Ама искрено синоќа кога ми се јави ми плачеше јас бев со осмех од осмица до осмица.. Што ти е карма. Другарки од детство, ама дека немажена јас кај нив не бев за дружби, нели ако го видам мажот и одма ќе му скокнам.. Ама ете, таа со уверение за верност што одеа по одмори семејни, по викенди и легна со мажот.
Леле уште вакво нешто немав слушнато, не си била добредојдена дома дека немажена Ни на крај памет не ми текнало такво нешто
Читав малку препирки за форумов и ми е јасно дека луѓе сакаат да си се докажуваат и дека мислам дека цело време се тие во право дури и при претпоставки за некои работи, многу ми е смешно колку сериозно сфаќаат еден форум
Моментот кога стануваш целосно достапен за одредени личности е кога даваш оружје во рака за да те повредат, искористат, изиграат и игнорираат, но, веруваш дека нема да го употребат. Дистанцата е пола здравје.
Да форумот е сериозен,не форум како форум туку сите заедно на форумот формирааат едно големо и сериозно ако ништо друго нека е и само искуство кое не е за занемарување и потценување различни идеи мислења да доста е сериозен.