Одбирајте ги луѓето со кои се поврзувате, ако не го разбираат зборот вечност, не дозволувајте ниту да ве допрат.
Многу сакам искрено, кога ќе помислам дека во зима кои депресии ме фаќаат. Пример вчера попладне одевме на езеро, а во зима тоа време скоро е мрак, уште полошо кога има снегови.
Не можам да се поистоветам - кога тркнав до пазар се борев да земам воздух, крвта толку ми вриеше што не знаев што да правам со себе и се чувствував како сунѓер од кој полека, ама непрестајно се цеди вода
Многу ме нервира кога сум на одмор а не можам убаво да се одморам сонцето пече а не знам дали по не можам да ги трпам децата што врескаат на плажа или нивните родители кога се дерат по нив да не одат во длабоко типични балканци.. Камо во хотелот барем да имаше базен и еден ден главата да ми е раат, не знам како ке издржам уште 5 дена
Значи врв на глупоќа е да готвиш-пржиш храна- на балкон после 7ч во лето. Ова го има само на баканов, и на места каде живеат балканци. Јер секој нормален човек готви во кујна и ако има пушта аспиратор. Жими мене, некој ден ако имам сила вакви ситни глупости ќе ги забранам со закон. Простаци, затоа ќе си останете обични смртници.
Цел ден диџеј на плажа со дупси, дупси, дупси, галавата ми е ваква . Од басот мислам срцево почна да вибрира. Може сум остарела, кујзнае.
Луѓе бидете позитивни, весели, насмеани. Животот поминува брзо, не дозволувајте да бидете песимисти и негативно настроени. Бидете самите на себе си среќа и љубов.
МКЦ, музика што носи и веројатно ја сфаќаш после 30тата зошто си го изживеал цел скопски ноќен живот, а и веќе си доволно депресивен за да ја сфатиш суштината, но сепак полно само младина (затоа е и мкц), зошто нашата генерација е рековме веќе депресивна за да прави нешто друго, мириса на бруцошки машки дезодоранс, зашеќерен тежок парфем на млада студентка, несташност и надеж. Играат без ритам, ама играат... Ние "постарите" сме на страна, внесени во себе. Стојам со затворени очи и некаде измеѓу чувствувам солзи, ама ги запирам. Се слушнав денес со некои "стари гласови", ме интересираше тригерот во мене, а не во нив. Заклучокот е дека од далечина повеќе можеш да почитува, а човечност е мисловна категорија за многумина.