За чудо кога прекинав да се јавувам кај луѓе кои ги сметав за пријатели, телефонот остана да тишини. Никој нигде го нема. Кога почнав да терам по мое, скоро останав сама. Не баш сама, ама така без тие што ги сметав за пријатели. Упорно си барам вина во себе и гледам што треба да сменам кај мене. Каде можам да поправам однос, каде не. Дали само мене ова ми се дешава?
Ова како јас да го пишував, скроз ме опиша мене, само што кај мене е минато време кога си ја барав грешката кај себе, едноставно такви се луѓето, конкретно прекинав контакт со другарка од детството, нема потреба да барам вина во себе кога она е таква, само го чекам денот кога пак ќе се врати да збориме, ама нека тера сега колку може, ако она е шмизла и се занесува нема што да си барам грешка во себе, до нив е премногу се умислени дека некој ќе ти чека цел живот па, кога ќе ги заебе некој ќе се вратат со еј здраво, како си те нема хехехе....
Зошто кога имаш лош период, ден, тажен си и ти се плаче луѓето се оттргнуваат? Демек "де бе ќе ти помине не се замарај" или "е какви ги има ти за безништо сега ќе цимолиш". Секогаш сите се презафатени, никој нема 5 минути за разговор. Не барам утехи или тапшње по рамо, само разговор. Денес денот ми е катастрофа, пробав со 3-4 луѓе да разговарам и само што кажав дека имам лош ден добив seen, unopened и едно "де ај само се жалиш оди излези прошетај ќе ти помине".
Знаеш што сфатив? Подобро ќе платам психолог, психотерапевт отколку да им се отворам на луѓето. Не секој може да те сослуша и даде совет. Добивам одговори од типот 'Зошто си таква.? Доста мислиш на него. Ајде не биди дете." и сл.
Фала му на Бога што сум добра и што ме чувал. Само што паднав од мотор пред 1 час, се излизгав. Уште сум под голем стрес цела треперам ми е страв да заспијам.
Веруј ми не сакаш. Тоа го кажуваш во афект на нервоза,разочараност и лутина. Ретко се нуди втора шанса за живеење затоа искористија првата максимално што можеш, никој не треба да ти ја ускратува среќата. Секое утро заблагодари му се на Господа што си се разбудила и кажи си себе си “ Никој не може да ме унесреќи се додека сонцето сјае и јас се смеам”.
Добра сум да, искрено Господ ме чувал на онолкав пад да не ми е ништо, не бев на лекар бидејќи нигде не чувствувам болка супер сум само уште сум под стрес. Моторот летна неколку метра напред скршен е малку, јас памтам дека се вртев неколку пати. Ми излезе една без жмигавец се изнервирав и за да и се вратам назад го свртев телото а напред патот вода и слизнав.
Пред да добијам уште лп ; Не другари не се разведувам ја , за маицата ми беше зборот. СДК 2: Како имате живци и енергија на вие жештини да се расправате по темиве? Едит: Nevermind, Марс е деновиве во full mode action, ете од каде.
1. Немаат емпатија и не знаат да пружат емоционална поддршка. 2. Премногу често им се жалиш и веќе не можат да те слушаат за истото. 3. Имаат сопствени проблеми и не можат да си дозволат да се заморуваат и со твоите. 4. Не знаат како да ти помогнат иако им е жал за тебе. Ете гледаш може да се различни причините. Секако дека треба да сме опкружени со луѓе што ќе имаат капацитет да нѐ сослушаат, ама исто така понекогаш премногу бараме од другите и очекуваме секој да е постојано на располагање за нас. Треба баланс, а и да селектираш кој вистински се грижи за тебе и обратно.
Here's an idea: Државата да наплаќа 18% данок на црквите јер осветување, венчавки и крштевки и други услуги од црквата не се неопходни работи, а добиените пари да надокнадат да се укине данокот и намали цената на влошките. Дури скрос да се бесплатни ја би. Влошки СЕ неопходни зашто не можам да си ја затнам со тапа да не ми крвари. А венчавка и крштевка апсолутно не мораш да правиш. И плс немојте АмА имА и Од 20 дЕнАрИ вЛоШкИ. 10 години имам циклус и скоро сите сум ги пробала и тие што ми одговарале не се толку, 100 денари минимум ми требаат за еден месец. Некои подобри и ги нема во локални маркети. Јас за среќа ги имам сите маркети у населбава, ама некоја што ги нема? Едно време имав обилни менструации и само големине од Евридеј ме спасуваа тие денови и ниедни други, не па некои од 20 денари. Битно бебешки пелени се 5% оданочени јер се неопходни. Зашто бебињата од небо ти паѓаат и ајде ќе купуваш пелени, шодапрајш. Океј. Јас фала богу до денес сум имала. Ама работата е како општо се гледа на менструалните производи.
Искрено од сето што го наброја само 1 држи вода. Од сите личности во мојот живот само 2-3 некако сфаќаат дека менталното здравје е важно. Поголемиот број зборуваат со потсмев за тоа. Всушност, општо во општеството повеќето луѓе со потсмев зборуваат за паника, стрес, анксиозност, тага, депресија. Од "утехите" што ги имам слушнато со мои уши (не се упатени кон мене): - Не е депресивен желен е за внимание - Да бе ќе се самоубивал бара внимание ако му е до тоа нека го направи - Како да не анксиозна била тажна се лигави на тие години јас деца чував она ќе цимоли - Разгалена е не и е ништо требало од дома да ја испеглат како помала немало да биде ваква - Море ќотек му е лекот каква депресија - Де аман ти само нешто ти е - Ај оди лечи се што туку цимолиш
Ако ти плаќаш 100 денари за влошки, мајките на бебињата плаќаат многу поголема сума за памперси. Океје знаеме дека ви сметаат децата,ама не мора во секоја тема да го напоменувате меѓуредови тоа
Мајко мила за што се фати. Проблемот е што пелени и лекови и училишен прибор се сметаат за неопходни, а не и влошките. А бебе бираш дали ќе имаш ама менструацијата не ја бираш. Капиш? Влошки не се помалку неопходни од наведениве, дури се и повеќе.
Верувате ли во хороскоп? Читате ли? Јас веќе не. За оваа година немам ништо прочитано, така си ветив. Ниту годишен немам прочитано. Кога читав цело време се ми беше точно, и сега се прашувам дали било само до моите мисли. "Денес денот ќе биде лош. Ќе слушнете лага од близок човек" и цел ден чекам некој нешто да ми каже и да преиспитам дали е лага? А ако не е лага? "Ќе одам до продавница по леб" а ако не оди по леб? Сега веќе не читам и нека биде како што треба, инаку мислам дека хороскопот ми влијае на потсвеста и сама привелкувам негативна/позитивна енергија зависно од напишаното.