Која сафра ме фаќа кога не ми се спие, а треба рано да се станува и плус триста обврски и настани во следниве денови, а нешто и не сум баш океј периодов... Главава
@edna_malecka батали негативни луѓе. Само тој шо не се судрил со ВИСТИНСКА ДЕПРЕСИЈА и анксиозност не знае како е. Жално, што во 21 век сеуште има коментари од типот 'прекини да се жалиш, што ти фали, има луѓе болни од неизлечива болест, се имаш, ти што сакаш, што бараш уште? Неблагодарна една. Господ го стрвиш. Засрами се. Прекини терапија. Дебела си. Слаба си. Прекини негативно да мислиш. Сама си си крива. Болна си ' Има надеж, верувај и ќе се оствари. Давај нежност, мир,биди спокојна, тешко е знам. Од мене имаш рака ти ја подавам, пиши кога сакаш. Мораш позитива да бараш.
Во ред, но види, никому не му е мед и млеко. Еве јас бев таква што непрестајно се жали, за секоја ситница. Но, кога си ставив прст на чело, сфатив дека никому не му е мед и млеко па да му се жалам на некого. Замисли на некој му се жалам, а тој некој има многу поголеми проблеми од моите. Животот е бура, но ние треба да се научиме како да управуваме со бродот. Еднаш кога се жалев, ми кажаа нешто, дали виц или нешто друго не знам, но еве ова е: Студент отишол да се пожали за некој проблем на негов професор: -Професоре, имам еден проблем... -Само еден? Добар си.
На сите што бевте емотивно трогнати од хуманитарното дело за дечкото што му подари PC4 на сиромашното дете кое му пратило слика од собраните само 800 ден, вест која на твитер и фб има илјадници лајкови и шерови, прочитајте колку бурен живот има дечково, а и покрај тоа постигнува да прави хуманитарни дела. На 22-ри е во Прилеп На 23-ти во Пула (Хрватска) На 26-ти во Струга и му се раѓа внука На 27-ми подарува PS4 на сиромашно дете (Во првиот твит вели дека со кола му го однел, а во другиот твит во ЈСП се возел) На 28-ми е во Италија ... (Детективската анализа ја изврши @SerPodjebavac од твитер)
Ај прочитај го уште еднаш мојот пост и обрни внимание на датите и местата каде што бил дотичниот дечко. Не приметуваш нешто сумјиво тука?
Овие што вака сами себе си се фалат на социјални мрежи колку добри дела направиле одма ми се одбивни...па уште во јсп збореле, мхм .
Планираш одмор, планираш, планираш, и се е океј, се додека не добиеш менструација една недела порано од тоа што треба, а тоа е уствари еден ден пред да одиш на одмор, и те фаќа некоја тага, ќе одиш на плажа, сите ќе се бањаат, а ти ќе си седиш на плажа затоа што со втор ден добиено нема да ти падне на памет да влезеш да се бањаш..
Пред две години така ми дојде ден пред тргнување на одмор со дечко ми, коси откорнав. Исто една недела порано, цела вечер се истурив од плачење. Тампонот ме спаси, од вода не излегов. Исто ко да немав менструација.
Преку глава од луѓе што мислат дека нивниот избор е најдобар и тие ја пронашле среќата и смислата во животот а сите други се за жалење. "Јас сум во убава врска, ти си за жалење што не си или сметаш дека не постојат убави врски" "Јас станав мајка и не сум била посреќна, те жалам што не си мајка уште" "Јас уживам на одмор, ти си за жалење што само работиш и се нервираш" Одјебете се и get a life.
@Bratot , @staycalm И други... Не паѓајте на вакви работи.Тој кој навистина прави вакви дела не се фали на социјалните мрежи.