Ни пет минути ли немаше да одвоиш? Actually цел ден имав, во кој одбрав со ништо да не се замарам, затоа што доволно burn out имав од обврските претходно.
Мене многу ме нервира кога луѓето се entitled да си заклучат дека само зашто имаш слободно време задолжен си да им го посветиш.
Чија беше идејата да се стеснат отворите на чашките за урина, немаме сите пениси и прегледност за да центрираме толку точно
Го разбирам @Ketchup. И burnout моменти се човечки.Живеме во стресно време. Немаме сите јаки нерви.Ни треба одмор, време за себе. Колку и да двојам време за некој, не можам секогаш.Не можам дури и да немам обврски. Има денови кога можам да го поднесам само мачорот.
Со години сакав да се иселиме од оваа куќа, да направиме нова по мој вкус. Оваа иако е многу голема и убава локациски ама ич не ја сакав и со години се карав со маж ми за неа. Голема тешка и скапа за одржување. По полека низ годините ја средував по мој вкус, едноставно се навикнав на неа. Сега скроз случано дојдоа луѓе заинтересирани да ја купат.. и тоа два пати доаѓаат Не дека не, сакам сеуште да се иселиме но толку спомени имам во неа.. Плус тоа каде? Во стан не ми се живее, плацеви има само на периферија на Скопје.. Нит таму ни таму сум Уште еднаш се оствари моето” Пази што посакуваш може и да ти се оствари” ..
Во продавница дури разгледував телефонот ми падна врз голем порцелански сад што стоеше најдолу на рафт и му се скрши капакот. Ок си реков, ќе го платам и ќе си го земам може да се користи и без капак. Одам на каса и се извинувам на касиерката дека го скршив и и кажувам дека ќе го платам. Го зема да ми го стави во кеса и и паѓа на под, парчиња се разлетаа на сите страни. Е сега не мора да го платиш вели и се изнасмеавме. Не беше баш ефтин па ми олесна.
Во ждм група на фејсбук, самохрана мајка бара евтин смештај во Охрид или некој да ѝ излезе во пресрет зашто сакала да го однесе детето на одмор таму. И во коментари читаш некои искомплексирани створења дека не морала да го носи чим нема пари, дека они никогаш не биле однесени на одмор како деца и дека децата кои не оделе на одмор повеќе успевале во животот. Ебати човечноста што ја имаме ебати ако одење на одмор до ебениот Охрид за дете го сметаме за расфрлање и луксуз.
За жал некои генерации се учени дека животот не е за уживање и доколку се мачиш, трпиш, работиш си на некој повисок морален степен. Ми се превртува стомакот кога ќе слушнам вакви муабети, затоа што ако животот не е за уживање еве не знам за што е. Зошто едно дете да не иде на одмор. Впг да чува.
Чувството кога ќе се изгубиш тотално во проект/работа што ја сакаш, губиш претстава за време, Сонце изгрева, Сонце заоѓа, ти во елемент и зона...
Не знам или не можам да го разберам начинот на којшто еден човек гледа на друг кој е поразличен од него. Зашто правиш да се осеќа непријатно? Пред месец дена чекам во МТВ да се сликам за пасош, имаше гужва, пред мене имаше семејство со 5 годишно дете, а до мене стоеше црнец, висок, симпатичен дечко од Америка. И на детево досадно му беше да чека изгледа и го закачаше црнецов, му се смешка, го гледа, се вртка околу него, го фаќа за рака, овој му враќа со шиииироока насмевка, мајкава на детево наеднаш го грабнува, трга на страна и му вика: " Неее, какано е тоа" детево само ја погледна и пак околу дечково си игра, и татко му му се пушта сега: " НЕ! Престани да го допираш, какан е тој, црн, оди кај мајка ти да ти ги избрише рачињата" ..
Не можам да сфатам како некои луѓе немаат респект за туѓо време, ако знаат дека некој ги чека и/или сте се договориле за нешто ама ги нема. Барем кажи ако ти излегло нешто поитно меѓувреме ќе разберам сосема, не мора ни да кажиш што, само премногу е некултурно да не враќаш цел ден на пораки.
Сите заат дека не користам социјални мрежи ( фејсбукот ми е само за честитање родендени и празници инаку не сум активна таму ) Ама затоа сум ПРЕТЕРАНО ОПСЕДНАТА со Youtube Па да пишам еден пост за дел од моите омилени Јутубери кои ги следам . ( на 40 души им ги гледам сите по ред клипови и се ново што ќе постираат, ама ќе ги издвојам топ 5 ) 1. MrBeast - 100 милиони subscribers , браво фавориту 2. Не знам дали го гледавте клипот од мајка и на Кика која почина, добро е што си кажа жената за да им ги затвори устите на сите што јадеа лајна против Baka Prase , знаев дека не е крив он, исто фаворит мој од Youtube Baka Prase институцијо 3. Alfons , исто фаворитот мој растура со нови хитчиња . Ставил и нова песна вчера, ама летово ја издвојувам сепак неговата песна Ice cream 4. Jin and Juice , штета што ќе се разведуваат , ќе продолжам да им го следам каналот , иако последниве месеци ко тужи баби само си ја префрлаат топката еден со друг откако Myungjin се врати назад во Кореја 5. Морам да ја пишам Наташа ( каналот NB couple ) , ептен ме расположи со клипот со свадбата кај што биле со мажот и , омилен интернационален пар ми се и двајцата Исто дел од листата кои нон стоп ги гледам : Simi, Ruri Ohama, Jonna Jinton , Farina Jo, Megan Moon, Losmi Panda и другиииии да не ги редам. И затоа ко ме нема на Фемина форум , значи сум се опседнала на Youtube. Денес демек викенд шема , излеговме со маж ми во град и заврна , ептен депресивно надвор , темно , па ај назад дома. Ај да читкам сега дали има нешто ново по темиве оти не сум у тек
Се прашувам колку од вас знаат дека за профилна имам уметничка анатомија на цицка со млечни жлезди и се, а не рендом калеидоскоп.
Се испобањавме, фативме боја уште, сега eat pray love го чекам. Дождов е посебна приказна за себе... ама ако. Ретрограден Јупитер ако не те врати назад во спомени онда нема кој.
Аман не ги терајте мажите да ви бидат партнери за тој ГЛУП СВАДБЕН ТАНЦ. Сега видов еден, загреота, здрвен игра, се плаши да не ја пушти невеста надолу.... Маженца и вас не ви е лесно.... Се надевам дека нема да ме прифатат будалите и мене па и јас да го терам со танци и разни глупости.
Сите ми викаат дека преубаво ми мириса косата, сакам да го осетам тој мирис П.с го немам изгубено мирисот, само кога ке ја помирисам косата воопшто на ништо не ми мириса *А и да напоменам дека ја мијам со шампон од лук, зарем навистина толку убаво мириса??