Значи, не и не. Јас сум човек што планира. Најмногу ме нервира кога некој ме брза. Како не можеш да стасаш за 2 саат за во ресторан? ' Како што претходно имав работа, морав во 15ч да излезам на кратко и легнав да одморам и мислам дека имам сунчаница добиено. 2 пати се туширав Ама пак јас виновна, нели. Некој резервира маса од 14 часот, а мене во 19 ми кажуваат дека и 21 треба да сме веќе во ресторан за масата......
Всушност тие личности се за жалење. Може да се примети дека тие луѓе се едноставно фалинка во главата. Со тоа што се изразуваат така си покажуваат несреќа и неблагодарност. Место да се благодарни што се во врска со хармонија, тоа што се мајки, дека се на одмор и уживаат тие ќе дрндаат. На крај краева тоа си е нивно, затоа они со таква енергија ќе си привлечат такви нешта. Од убава врска, ќе почнат расправиите Од уживање на одмор, ќе се погоди баш цело време да врне
Доцна навечер кога не можеш да заспиеш и сите чувства, неостварени желби, потиснати копнежи те стигнуваат... И онака на цел глас ти се плачи. Ќе биде долга ноќ.
Што е со ценине на fashiongroup, една обична еднобојна кошула 2.000, да не зборам со маицине guess, hugoboss од по 5.000, дали квалитет дали име им плаќаме, се чудам кој воопшто дава 5.000 за обичен материјал со залепен натпис guess и сл глупости мислам треба малце реални да бидат со цениве, стварно е претерано
Ма каков оригинал, еднаш пробав една маичка малце потесна ми беше guess тоа натписот, одма распукаа буквите шутка оригинал им се, ама цени битно плафон.
По кој основ излегуваат статии поврзани со најдобро постигнати резултати на матура, кога матурата 1. Катастрофално се проверува/прегледува. 2. Чест на исклучоци, многу се препишува. Барем за сега, матурата ама апсолутно не е релевантен фактор за успех, ниту пак успехот на матура може да се искористи за пишување на вакви статии мислејќи дека оние шо постигнале врвни резултати се и најдобри во државата.
Нема што да не паѓаме на вакви работи бидејќи често пати сме сведоци на разни хуманитарни акции од јавни личности и анонимни граѓани во кои се донира за тие на кои им е најпотребно, и се објавува јавно на социјалните мрежи што не сметам дека е фалење туку мотивација и поттик за и другите да го прават истото. На еден друг македонски форум дури има и посебна тема за донација на хардвер, исто така еве и една од многуте донации на Борче Стаменов која е јавно објавена. https://www.facebook.com/watch/?v=3074082152866813 Само ќе кажам едно големо браво за сите хуманитарци.
Онака случајно ми текна на Тохе. Омилената пекара од студентските денови. Строго навечер одевме таму. Прекрасни дружби. Спомени кои вредат. Секој еден период си има нешто препознатливо што го обележало. Постои ли уште? Баш би сакала еден ден, кога ќе сум во Скопје, да се навратам таму.
Борче конкретно намерно е доста активен на социјални мрежи за да можат што повеќе луѓе, организации, фирми итн итн да се вклучат во донирањето.
Чувството кога пратката што си ја пратила во друга држава стигнува до човекот за кого е наменета. Па пред тебе на камера ја отвора, гледаш како им се радува на македонските сувенири, му се допаѓаат македонските смоки, чоколади.. Кажува колку му се допаѓа и се заблагодарува повеќе пати. Едноставно ми е неверојатно тоа што толку со душа го спремав пред скоро 2 месеци сега е веќе таму, далеку од тука. Кај човек што никогаш не сум го сретнала во живо, а многу би сакала.. I'm feeling so bittersweet.