Ја прочитав скоро цела тема за Insanity браво бе дечки ме мотивирате. Јас некои вежби ги исфрлив али само склековите, неможам јас тоа аууу рацете мислам, но ќе ти вратам да се стабилизирам. Друго, викате вриштите абе што е вриштење, јас од прв пат Господ по гаќи го видов. Ама акооо...ќе го совладам и него.
Ме чека најголемата промена во животот. Не знаам ни сама дали ја сакам. Ме болат едни солзи, една личност која ја повредив и за која до гроб ќе жалам. Не сум добра личност. Тој беше милион пати подобра личност од мене. Барав друго и си го добив тоа што го сакам, за 2 дена ќе биде официјализирано. Како што редам алишта во куферот така ми се прави грутка во душава. Сакам да избегам, да биде се поинаку, да му се предадам веќе еднаш
По 4 години на форумов стекнав многу пријателки.Деновиве ја приметив и првата непријателски расположена феминка.Ми дише во вратов.Со што го заслужив тоа,се прашувам?
У к....ц сум шит до кога ова срање ќе трае, не знам ни самата. Мислев дека пребродив многу работи, ама не е така. Животот е шугав и премногу суров.
Уште не можам да сфатам... Со која цел родителиве на машкиве дечиња, кои немаат повеќе од три години, на задниот дел од главчето им оставаат опавче од коса колку пола метар? Сум видела најмалку десет дечиња вака. Мислам, што сакате да постигнете? Да биде сељак уште од мало? Или пак сакате уште сега да му наметнувате некои работи небитно дали тоа сака или не? Слично на ова, не можам да сфатам ни кога на маливе машки дечиња им пуштаат коса... Зошто му правиш само да му биде мачно бе? Мало дете со толкава коса, во сред лето, на плус 35 степени. Повеќе на женско личи отколку на машко. Друго е на мало девојче да му пуштиш коса, ќе и' купиш разни шнолички, разни штипчиња, венчиња, цветни стегачиња, можеш да и' ја собереш косичката и да изгледа убаво, а и ќе се радува. А на момче што ќе му ставиш? Венче? Стегач со цвет? Зошто му наметнуваш нешто за што тоа самото не е ни прашано ниту пак може или знае да ти одговори ако го прашаш? Кога ќе порасне ако го сака тоа, во ред, зошто ти му наметнуваш уште сега? И по ова можеш да сфатиш кој, каков родител е. Се' забегани и преку децава си лечат комплекси или си остваруваат сопствени желби кои не можеле или не им било дозволено да ги остварат. Не сфатија дека и дете од две, три години е цела личност која чувствува, која може да се навреди, која може да се израдува, која може да се засрами, исто како возрасен човек и така треба да се однесуваш со него, како со возрасен. Не е ова кукла на која можеш фризури да и' правиш.
Седам и се прашувам. Што ќе беше со мене ако не бев зачленета на фемина?! Сигурно нема кој да ми го одговори прашањето, а и јас немам зборови за тоа што фемина има направено за мене. Мислам, не фемина, туку феминките! Тука сите сте ми мили на различен начин, сите вие ми имате помогнато со вашите постови. Ме научивте да се почитуваме едни со други, да се сакаме како едно големо семејство. Тука научив дека погрешно мислење не постои, туку постојат само различни мислења.
Се чудам деновиве зошто мачето ми криви и ми е исплашено. Веќе долго време е вакво, напаѓа, се плаши. Седам покрај прозор денес и ја решив мистеријата. Една кретенчина од комшија ми влегувал со куче и ми го бркал секоја вечер. Леле кога го видов.. толку во животот се немам дерено и пцуено по човек, матер му јебем бре смрдлива бре, на што личи по туѓи дворови да влегуваш да малтретираш бре животни?! Абе оди у тоа дувлото од кај шо си дошол бре да не дојдам да почнам јас тебе да те плашам, ќе се изживуваш врз беспомошни животни, па и тоа куче шо го чуваш јадно кујзнае колку видело и истрпело од тебе! Абе добро од каде вакви луѓе, па во двор бе ми влегува без страв без ништо!!! Искрено не знаев дека знам волку да откачам да направам некој лом, ама волку безобразлук не сум видела никогаш, а стар човек, од годините бе да се срами, говедо едно, по дворови ќе ми се пикаш ти мене, дојди ми уште еднаш да видиш како ќе кривиш ти после, аууу!!!! Крвта ми врие!!!!
Одамна престанав да се прашувам истото или да се обидувам да разберам. Бидејќи родителството е нешто што не може ниту треба да се разбира, се додека нема злоставување на детето, се друго ми стана в ред. Бидејќи ако јас осудувам и гледам некого попреку ( а има многу работи што јас не би правила со своето дете а друг ги прави), ама сигурно некој може да најде нешто што не му се допаѓа кај мене и во мојот начин. Така да... мртва трка е тоа. А ако почнам со тоа дека детето не е ниту прашано, а му е, да речеме "наметнато" од родителите (и ова е дискутабилно пак што и дали може нешто од тоа да се смета наметнато), има многу работи што можат да се поврзат со истото. Еј колку расправии по форуми има пример околу дупчењето на ушите, на женските, а недај Боже па и на машките, за врат се фаќаат луѓето поради различни мислења и ставови само околу ова прашање. Ама, ако погледнеме реално, не е ниту битно тоа, ионака детето ќе порасне, ќе си се пронајде себеси во стилот кој му одговара, ќе има различни фази додека се пронајде, само ние возрасните наоѓаме се нешто во ништо. Јас се трудам и учам да оставам да прави кој што како може, ако ме праша некој за совет, ќе кажам, ако не ќе си гледам своја работа и Енглез се правам.
Само што се уклучив на фејсбук и оп, нешто ново. Прв пат забележувам покана за роденден на фејсбук во видео формат. Родителиве по повод првиот роденден на нивната ќерка, снимиле видео, додуша составено од повеќе исечоци од секојдневието на бебенцето, склопено во едно, кое завршува со порака дека ве покануваат на роденден во тој и тој ресторан на таа и таа дата. Трендов како тренд не ми се допадна многу, ама пак кога ќе видите така сладко детенце кое се смешка, си игра, праќа бакнежи, претка, абе ти иди да појдиш и да си го земиш и да го гушкаш и гушкаш, а ем и песната ептен погодена во позадината. Thumbs up за детенцето и прекрасните кадри. Ме разнежни и насмеа во исто време.
Comments are closed. Значи таа има право да ни се наметнува, но ние немаме право да изреагираме. Некои навистина се плашат да не ги соочиш со вистината.
Драги мои, влегов само да се поздравам бидејќи вечерва во 1 патувам на одмор. Преморена сум денес, не памтам волку напорно спремање да сум имала, веројатно дека оставив се за последен ден. Но еве ме овде, свежо издепилирана, исчупана, спакувана дури куферот се затвара со по некоја ситница останато за последен момент како и секогаш и иако преморена, среќна и насмеана што конечно дојде датумот кој го чекав цело лето и ми се виде како вечност бидејќи прв пат одам волку доцна на одмор. Морам да признаам дека до последно не бев свесна дека конечно дојде време и вчера и денес сум повеќе напната со тоа се да завршам и да понесам што не стигнав да се израдувам. Но веќе се приближува крајот. Море, сонце, коктели, саканиот до мене 24/7 и заспивање и будење 9 ноќи до него, па како да не се радувам? Имајте убава вечер и се читкаме за 10-тина дена. I'll miss you.
Ај да си го раскажам мојот и возбудлив и нервозен ден. Денес си се разбудив уште рано насабајле за да одам до автобуската станица да прашам во колку часот има авотбус, ама изгледа многу ги мрзи да работат, среќа што имаше истакнато. Пишува пауза од 9:30 до 10:00, а часот 10:38, види ги ти нив мрзи низаедни, ако вака продолжат ќе нема да можам ни карта да си купам.Ај нема веза, и они сакат да си се одморат. А па и јас сум многу мрзелива, си појдов со празен телефон, ме мрзеше да го наполнам. Од кај за работа мрзелива, па ме мрзи и да размислувам. Госпоѓата на телефонот ќе запишува во колку часот поаѓа автобусот, кога може да го сликне возниот ред со телефонот. Епа ми требаше едно пола час за да ми текне на тоа. Уф, ама многу се испотив кога пристигнав дома, па веднаш ладна вода, па потоа следува црвеното грло. Си велам конечно ќе одморам од жештината, ете ти го тато ме праќа во продавница. Имам среќа што не даваат цигари под 18 години па си се спасив да одам по горештиниве. Абе жити одморот мој, кога да видам стигнало празно плико од Кина. Ташната на мама, што ташна ќе беше, хартиена. Па морав веднаш на компјутеров да пишувам на селерот, па она, па ова ми летна паметот и уште толку ми стана жешко.Па и едно 2-3 часа се туфкав за тоа дека сликите од празното плико ги поставив во темата Онлајн производи(искуства и критики), со адреса, град, име, презиме. Епа ете уште еден доказ дека немам памет.Ама ај не се секирам, убаво ми е вака. А бев и на нивата на тетин да си го видам прасето. А тоа прасе ич не го сакам, ама ајде да му го истерам кејфот на татко ми. И тоа душичка, од сите прасиња бели, само тоа шаренко. Ај нека ни е живо и здраво. Ама нема да биде живо и здраво бе оти нели кога ќе стане свиња ке го јадеме. Бев и грозје да јадам, ама нагазив на бостанарки и цел пат одев ко померена. Бев и до супермаркетот и пак си го носев мојот празен телефон. Пред малце си ја чешлав косата и едвај ја исчешлав. Епа така ми е кога и ставам по едно кило лак. Ај ништо не и е, утре па ќе ја пеглам. Ах, си има мака таа. Во петок одам во Скопје и ќе ставам 3G од една, единствена причина: да си вклучам мапа у случај да не се загубам. Повеќе од очигледно дека нема шанси да се загубам у едно Скопје, ама така си уведов во главата, така и ќе биде. И ај додека не ме фатило уште поголема мрза, да вклучам бојлер и да го наполнам телефонот. И у Петок да не го носам исклучен, па ќе видам и мапи и се по ред. Е така, чао.
Спојлер Леле, како се имам изнервирано на ова, да даде Господ Самара секоја вечер од шкаф да му излегува Дај ми адреса да го отерам во три лепе. Мачење до смрт за ваквиве суштества!!!
Колку само е основана реченицава, едноставно сите луѓе кои ги знам во душа што се вели подолго време им се случило ова, за две три години колку само се сврте светов, што останува за понатаму?!? Ако пред година-две некој ме прашаше како се гледаш во иднина сликата што ќе ја опишев е сосем спротивна на тоа што сум сега, од физички изглед до карктер- токму тоа што велев дека никогаш не ќе бидам. Тој рече дека никогаш нема да вара женска а еве го со пола град ја вара, братучедка ми од својот живот направи лом,она што некогаш велеше дека никогаш нема дабиде-токму тоа е. Едната другарка ми е приказна за себе, велеше дека прво ќе заврши факултет потоа ќе одеше во Париз, дека кариерата ќе и е на прво место, дека ќе излезе од ѓубрето кајшто е родена, дека никогаш не ќе биде конформист -од сето тоа моментално е среќно безмалце омажена, келнерка. И уште безброј вакви примери најдов на само прво помислување
Понекогаш толку многу се грижам за среќата на сите околу мене што заборавам на мојата. И се лутам сама на себе. Да се грижев малку за себе и за својата среќа ќе ме бидеше, можеби
Жена да му удри шамар на маж е исто толку гадно ко маж на жена.Нема ништо нормално,привлечно ни прифатливо во насилство од било кој вид.