Многу ми е мило што баш астролошки најопасниот и критичниот ден во годината, е истиот ден што е одлучувачки за нова војна меќу светски сили и ww3.
Многу ми е зачудувачки како и покрај мојата општа заборавеност многу лесно памтам рандом детали за луѓе, и за блиски и за некои обични познаници ама онака скроз најнебитни работи што ни они не се сеќаваат дека ги кажале.И после кога низ разговор пак ќе спомнат за истото најчесто се правам дека првпат слушам зашто буквално се осеќам како некој манијак што води евиденција за луѓето.
Се пронајдов од прв до последен збор. Исто ми се случувало да збориме нешо, и јас да кажам „Еј, ти еднаш раскажа за тоа и тоа...“ и они да се чудат кога тоа на мене ми раскажале. И мене ми е преглупо, пошо стварно испаѓам ко фрик. Ама обично внимателно слушам шо се дешава околу мене, а за некој тоа што го збори е ептен пролазно, колку да се каже нешто.
И јас исто, а не го очекувам истото за возврат. И после кога ќе спомне некој дека памти нешто што сум кажала или направила пред сто години се радувам многу и ми е убаво
На Мечкин камен треба и еден споменик "свирче "да се направи. Секогаш некои некого исвиркуваат Тоа е главна вест секој Илинден :кој бил исвиркан. Грев сме како народ. А Македонија вечна да ни била.
@Srckata28 @crimson same here Detail- oriented поточно сме и да знаете во одредени професии и тоа како знае да е адут ова нашево има пари од небо да ни врнат
Си се бањав, влегов во море на втор ден менструација со купаќи и шорцеви за бањање на мене, на плажата имаше од оние што се за да се искапеш, после секое искачање од вода одев да се одмијам од солта и да си ставам влошка, си се сончав со влошка и шорц, а за во вода да влезам одев и ја вадев влошката и така цел ден, единствено што ми беше малку напорно така и потрошив скоро три паковки влошки за неколку дена, ама океј поминав.
Јас си се одмивав после секое бањање во морето со чиста вода, и си облакав чиста облека и си ставав чиста влошка и согласно со тоа мислам дека можноста да добијам инфекција е еднаква на можноста да добијам инфекција кога би се бањала кога немам менструација..
Јас вака правам цело време, не можам тампони, имам пробувано, знам дека цел свет користи ама ете. До сега, фала Богу немам фатено инфекција. Во базен не се бањам, ама во море да.
Искрено пре би да закачам инфекција и да ја лечам отколку да дремам 5 дена на море и само да го гледам.
Се’ за море. Неколку лета се имам капено со менструација и во езеро и во море па еве уште инфекции лечам.
Па ако ти не фаќаш, не значи дека друг нема. Не знам зошто толку иронично сфаќате кога некој ви укажува на нешто за ваше добро ама вие си знаете. Јас ко помала го гледав три дена, море умирав од болки ама после тоа се бањав цел ден. Здравјето е најбитно.