Ако подобро размислиш 3, ако се земат у предвид новогодишната атмосфера и украсувања што почнуваат еден месец пред НГ.
Деновиве имам чуство на мир, спокој, радост и позитивa, онакви... нестварни. Така да ширам надаље од чиста мира, еве ви, ширете и шерувајте надаље, нека се шири...
Воопшто не ги разбирам овие родители што викаат нека ми е живо и здраво, си јаде и затоа е дебелко.. Не сфаќаат дека уште од старт наместо да им наметнат здрави навики на децата они ги товат со нездрава храна, со чоколади, со шеќер, со се и сешто, не им всасуваат навики за да вежбаат и после тоа дете расне во едно мрзливо, угоено дете/човек со лоши животни навики, со здравствени проблеми..
И после некој период истите родители ќе почнат да ги засрамуваат дека се дебели, како да тие деца сами си ги воспоставиле навиките.
Леле што ми се случи. Значи ненене нема шаааанси. На ветеринар носев маче. Сестрата што боцкаше збори на некој тежок, тежок дијалект, непрепознатлив за мене, цело време размислував од кај може да биде. Ја прашувам на кој дијалект збори. Не, не, не ја прашав од кај е, ја прашав на кој дијалект збори, очигледно од ѓавол бев водена. Она се насмеа ми вика блгарски. Луѓе. Да имав зла намера или намера да направам најглупа интеракција што може да постои, немаше да можам да изведам толку добро. Во моја одбрана, не ми ни на крај памет текна, не живеам ни блиску до Бугарија, не среќавам бугарски воопшто. Ајде убав ден.
Затоа што влошки по логика на нештата се неопходни исто како и пелени. Нема логика едното да има 5% данок, другото 18%. И тебе како жена треба тоа да ти смета
Моментално повише трошам на пелени отколку на влошки така да.. А и секако во годината 4,5 пати ми доаѓа и не можам да мислам дали се 18% или 5% оданочени
Ако собереш колку вкупно за цел менструален период, од прво до последно добивање ќе потрошиш на влошки, повеќе се од пелени И да, безобразно е што се со 18% данок.
Па во ред, ама дека праша зошто споредбата. Затоа што е реална споредба, не е помалку битно. Нема врска тоа со мајчинство немајчинство, туку со како сме третирани ние како жени, наша основна потреба се оданочува како неосновна
Не знам дали твоето, или моето е бетер Годинава, на плажа во Грција до нас на лежалки фамилија со деца. Децава се заигруваат, и нашите и нивните. Му викам на маж ми, супер македонци, изгледа негде од Струмица, Берово. Маж вика повеќе на Делчево му изгледало. Нѐ прашуваат од кај сме, јас им викам зачудено од Македонија. Си викам до толку не се гледа дека сме од иста земја. И ги прашувам: А вие? Од Б'лгарија. Јас: Ааа, јас па мислев негде од Струмица, Берово сте, така по дијалект ми зазвучевте Они: Од Благоевград. Маж ми тивко: Ти реков од Делчево
Сакам да кажам дека животот ми се смени за 180 во една недела. Доживеав искуство што ќе го памтам додека сум жива и што навистина ми ја смени перспективата од која се гледам себеси и мојот живот. Многу сум благодарна што добив можност да го искусам тоа.
Па некако е време за сите стрели испукани во мојот грб, да ви ги вратам назад, неосетно и со насмевка како што само мудрата жена знае. Живели
Поскапе бензинот, дизелот, а со скутерчиња уште брчат, не дај боже да заспиеш со отворен прозор на лето -.- Како не ги забранаа тие срања