Рамениците, вратот, плешките ме болат од што сум во константен грч. Знам дека медитација му е мајката ама зошто сум терсене и не практикувам?
Мајката не му е „медитација“, туку вежбање во теретана, со соодветни вежби, или физиотерапија/масажа, или ако е уште посериозно, одење на соодветен доктор, магнетна резонанца на грб/врат. Медитацијата доаѓа отпосле... И многу е просто, ако останеш „терсене“, болката само ќе ти се зголемува и продолжува. Па, ти избирај дали ти се „исплати“.
Па и не било лошо во понеделник да си имаш не self time туку self day. Го спремаш омилениот појадок. Завршуваш со мини обврските во центар. Се враќаш дома и си организираш спа day , продолжуваш со третмани на лице и коса , пилинг на тело . Излегуваш на тераса со нескафе и лаптоп нарачуваш online ситници (кои ќе ги чекаш со месеци и му се радуваш како мало дете )
Уште ме држи среќата од вчера...Сите погледи полни љубов свртени кон тебе и голема радост... Тие мали очиња, невешти рачиња и главче кое допрва исправено ќе го гледа светот ме оставаат без зборови... Толку малечко, а мамиш насмевка на лицево, твоето сонче ми буди спокој и мир во душава, а допирот свилен го мами мајчинското во мене. Да те земам во прегратка, да те заштитам од сета злоба на светов,да те сокријам од бурите кои ги носи животот... Уште не можам да ги скријам импресиите од вчера, кои продолжија денес и не ме оставаат рамнодушна. Нека Бог ти подари вечна закрила, нека Господ ти дари здравје и среќа храбро да чекориш низ животот. Среќна крштевка Антонија
По долга битка со ракот на 73 годишна возраст почина иконата на светската поп култура и една од најубавите жени некогаш појавена на екраните. RIP Olivia Newton John
Паметна си, успешна, убава, добра....многу луѓе околу тебе, сакаат да бидат дел од твојот живот, секојдневно дури... А, ти постојано со чувството дека некаде или на некого не си пружила, дека доцниш, дека недоволно си овде или таму, дека не си стигнала ова или она... Недоволно, постојано нешто не е доволно.... Недоволно вежбаш, недоволно книги си прочитала овој месец, недоволно нови зборови и фрази, никогаш доволно добро облечена ,иако ги презираш оние кои живеат единствено за тоа... Недоволно добра.... А, всушност знаеш дека си далеку над просекот....постојат моменти кога срцето ти се шири од задоволство што си постигнала многу, а сепак чекориш цврсто, ни трошка гордост нема да покажеш кон послабиот од тебе...доблесно е тоа... Само што не може да го замаскира фактот дека ти бега големата слика на твоето постоење, во кое слободата ти е заборавена некаде, отфрлена во некое ќоше , стрпливо чека да ја пронајдеш. Еден ден , кога ќе сите недоволности животни ќе те угушат, ќе разбереш дека само таа знае да те направи да бидеш доволно добра. Слободата која ти овозможува да бидеш недоволно добра,а среќна....која ти овозможува да бираш,а не да ти биде наметнато ништо...во која можеш да бидеш неприметно мала, а голема всушност...
Grown-ass женетини од 30+ години немаат дисциплина и јак карактер да престанат со пушење или пиење алкохол во бременост ама очекуваат деца веќе од 3 години да имаат оформено карактер, култура и добри навики, иначе се за ќотек.
Можеби се е поскапено за 4-5 пати и едвај обичен народ врзува крај со крај, али ве молам, има и многу побитни работи од тоа, погледајте уште еднаш како Анастасија Ражнатовиќ скока во базен без страв.
сакам да се искажам можеби полесно ќе ми биде... е вака јас сум од Куманово имам 18 години живеам со дедо ми ама тој многу ме малтретира јас како од малечка сум многу малтретирана истепана од дедо ми ми останаа последици психички и физички не сум здрава еве денес 11-ти ден како седам дома никаде не одам пошто не смеам не ми дозволува другарките ме викат да искачаме не ми дозволува како и да е јас сакам да го живеам животот сакам да се шетам не сакам дома да седам и да работам кога ке остарам на што ке се сеќавам јас? на работата дома? дома како чистев и готвев? се што сака му готвам му чистам внатре во сабота цела куќа исчистив направив генералка и ни да ме пофали ни ништо ни едно браво да кажеше а знае да се жали од мене од кај цела куќа му чистам и готвам уште се жали веќе некое време почна главата ама од позади главата почна многу многу да ме боли му викам дека не ми е добро не можам веке немам сила човекот ми вика ништо не ти е ке ти помине од телефонот ти е абе не можам веке жими се не можам ме боли колку можам толку работам давам се од себе ама не ме разбира со сила ме тера да работам кога не можам.. од стрес и нервози немам редовен циклус... секој ден нервози веќе преку глава ми е ми вика оваа куќа не е твоја ќе те исфрлам надвор оди омажи се не ми требаш а јас само сакам мир и тишина ништо повеќе сакам да искачам со другарките да се шетам сакам животот да си го живеам да бидам здрава сакам ама за жал од него ништо не можам јас ако уште живеам со него јас ке умрам тоа за сигурно човекот ме јаде психички јас не можам стварно не можам ослабнав дојдов на 43 килограми не ми се јаде не ми се пие мислам и вие да живеете во ова средина нема да ви се јаде ниту да ви се пие секој ден стресови проблеми караници тепачки јас не знам што му згрешив на човекот толку се што сака правам ма да понекогаш и не можам крвта ми е ослабена ми се врти паѓам немам сила ама тој не ме разбира мисли дека се преправам на лекар ми кажаа да одам на психијатар тој вика остај ги не ти треба психијатар не си ти луда исто ми кажаа да одам срцето да го снимам и да ја проверам тироидната жлезда човекот не ми дава да одам да се снимам да проверам му викам штом не ме пушташ сама да одам дојди со мене вика не бе ништо не ти е од телефонот ти е јас ке умрам буквално тој ми вика од телефонот ти е јас стварно не знам што ке правам јас ке си умрам а уште ништо од животот не сум видела не сум се прошетала криво ми е едно што не ќе можам во гимназија веќе да одам сите ќе ми се смеат ќе ме викат болна мене ќе ми е срам кога ќе ми се сврти и ќе паднам ќе не можам да се облечам мајци од рацете бев self harm free 1 година но почнав пак да се сечам како и да е животот ми е катастрофа ко у затвор да сум затворена бел ден немам видено 11 дена сум затворена во една соба ми нема спас од оваа судбина само да земам да се обесам или да се утепам... тоа ќе го направам смачено ми е веќе не можам немам сила не можам
Пријави го веднаш во полиција, штом имаш докази на телото дека те малтретира веднаш ќе го притворат и ќе те разделат од него. Човекот е за лечење или бесење под итно, психопат.