Како може млад човек да мисли дека човек не требало да оди на психолог, бидејќи таму ќе те побудалеле и ќе ти даделе апчиња. Тоа било платено другарче. МаЌедонијооо! До кога??
Дали некој го памти едно ријалити шоу што го имавме, налик Велики Брат само што учеснициве беа затворени у соба 2 на 2. Мислам пропадна емисијава за 2 недели ама ме копка дали некој случајно памти како се викаше или уште подобро ако има линк од некое видео .
Не ако мислиш на операција триумф. Ова беше баш наше, македонско. И на некоја бош телевизија се емитуваше.
Не знам кои беа учесници, само памтам секад коа ќе ја пуштев телевизијата беше емисијава и луѓево дремеа у собата на вреќи за седење или такво нешо. Буквално ништо не се случуваше .
Толку ме изнервира вчера и уште не можам да се смирам, со кој памет си земаш дозвола да ни се мешаш што и зошто сме купиле, па уште да прашуваш за цени??? Сети се само дека не ни ги даваш ти парите и немам намера да ти давам отчет за нашите финансии. Ај мрш таму дволично створење, допрва син ти ќе научи колку си циле-миле, а всушност злобна в крај! Ај сега земи оговарај ме таму по роднините, зошто само то и знајш во животот, ништо друго. Не вредиш за нервирањево, ама ќе ти вратам, не ти заборавив ништо досега. Преку таквово веќе од тебе и од твојата глума
Мислење од млада девојка. ' При 3 жени во куќа, кој мислиш дека треба да ги мие чиниите? Мажите? Жените се тие. Ти на сопругот твој ќе му ја оставиш чинијата немиена, ако тој прв заврши со јадење?!' Да, млада девојка (34), во брак, со 3 годишно дете. Не знам другите што мислат , ама мислам дека домашните обврски можат да се поделат.
Мислам дека треба да се отвори нова тема на форумот со наслов: „До кој степен ве иритира рекламата за Tuborg пивото на YouTube?“
Едно нешо не сфаќам, како тоа до денес затворени биле дискотеки во Скопје, кога можам да се заколнам дека другарки идеа во диско до сабајле уште одамна? Зошто затворени, ради короната уште?
Сакам да кажам дека најдов нова потенцијална слика за аватар ама во исто време сеуште сум заљубена во старата. Ова ќе си ја чувам за ако некогаш ми се згреши да се заљубам. Па за да ми олесни, сакам да споделам да ја видите:
Бести, поминаја две недели, после две недели знајш кај влегвам ментално. Ама ете оставам простор да се смени нешто, во фејвс папката кладов сликата. хинт: не е во правец на кој би сакала.