Ова мора да го споделам со тебе. https://www.instagram.com/reel/CgWJGr4gead/?igshid=YmMyMTA2M2Y= Мене ми го прави денот
Зимските си работеа нормално. Летните лани работеа, ама ова лето не. Зошто не знам. Може си помешала нешто со лани? Или биле во друг град.
Аха. Не, не баш за Скопје зборам ама во негде април комуницирав со тоа друштво, тој период, така да веројатно зимски биле. Глупости ту би хонест.
После убиството во парк ги затворија сите летни дискотеки. Работи една единствена во градов, ама не е летна, бившо колосеум, не знам како се вика сега.
Извини, али не ти е точна информацијата, се случи во зимска дискотека односно all season disco. И Маракана работеше цело време исто ко и неколку други. Не работеа дискотеките на кој треба да се гради луна паркот, заради политички причини, сеа се договорија и им дадоа да работат до крај на сезона а многу се големи шансите дека ќе ги остават и до покасно со делумно затварање.
До пред неколку недели функционираше и Епицентар ама на зимската локација, исто така и Станица мислам работеше летово зашто немаше каде да се оди. Од друга страна, откако ставија цени за влезница по 300,400,500... ден пиење во парк/по дома ми стана најубаво.
Вечерва треба да е јакото. Доолги години назад ми е традиција да ги гледам на овој ден. Ама годинава ем облаци, ем полна месечина. Ја сакам месечината ама не на овој ден. А и кога ќе се сетам, до лани беше сосема поинаква ситуација, сега во новото живеалиште не би знаела од каде да гледам.
Сдк, невозможни дилеми на денот ми креирате. Дали мачките емотивно се врзуваат и имаат платонски љубовен живот
Сфатете ја потребата од тоа да сакаш време сам за себе во кое ќе молчиш, гледаш серија, слушаш музика или шо и да сакаш без притоа да зборуваш со останатите во просторијата, аман луѓе не се сите екстроверти и не сите уживаат 24/7 да брблаат со некој и да не затворат уста! Не е дека сум лута на некој, или ми е мачно, или сум нерасположена. Едноставно потрошени ми се батериите за социјалност, просто е! Фала.
Џоукс асајд, кај моите миленици имам сетено дека некои со некои други имаат поблиски врски. Пример Спиро и Гарфилд колку и да се налутени некогаш, секогаш заедно спијат. Се капат меѓусебе. Спиро го прифаќа и Величе. Секој пат кога Величе го носам надвор се бупнуваат со носињата и легнуваат еден до друг. А Величе воопшто не се согласува со никој друг. Ни еден од овие тројца не е близок со кучето. Киро од друга страна се обожаваат со Пес, и заедно спијат, заедно шетаме тројцата, се галкат и мазат. Или кога си идам од работа знам дека мора да седнам Величе да го кренам, да го бацам, да ме гушни и после продолжваме со денот двата. Ама ова рутина ако не напрам после лут ми е. Поентата ми е, дефинитивно градат емоционални врски. Е за романтични не знам, не разбирам мајучешки, ама пријателски да.
....дека никој не е таков каква што сум јас.Како од друг универзум сум.ПАЗЕТЕ СЕ!!! Нема да видите некој толкав инает како мене.
Сдк секое едно ново искуство, колку и да се чини банално и секојдневно, како на пример имам куче а претходно сум го немала, ни отвора хоризонт кон нови перцепции, кои инаку не би сме ги имале. Којзнае дали некој ќе ме разбере, шо скд, ама ете, го кажав