Сите политичари во северџанија го пцујат цукерберг и остали социјални медиуми. Да не се можело рајат да се кради.
Доктори, лекари арам да Ви е платата и сите пари кои ги земате под рака, ако млада жена во болки не ве интересира, туку само ја маткате од одделение до одделение и на крај дома ја праќате да си оди. Не ми се верува, а жива вистина, каде отиде хуманоста која вие треба да ја претставувате, само пари и престиж ве интересираат... Секоја чест на исклучоците ко мојата матична докторка која не ме остави во ниту еден момент, за неа благослов, а нив Бог нека им врати.
Сакам да кажам дека ова морам да си го повторвам ко мантра: не можиш да поможиш на некој шо не ти дозволува. Амин. Аман Демон, научи веќе еднаш.
Доцнам, но да не мислиш случајно на Тоа сум јас? Го гледав како мало дете пред спиење. #траумиоддетството
Ве молам да ме просветли некој. Нешто денес, падна на муабет кафето,цигарите и кока колата. Јас,колку што имам читано и знам дека е овие работи се штетни. Од др страна, еден другар ми тврди дека тие го намалувале стресот... Па уште и дрско добив ' а бе кој ве лаже така'
Стручни лица не' "лажат". Стресот го намалува само поради тоа што во нив наоѓаат прибежиште. Штетни се и тоа е вистина.
Убаво ми е она што следи и ни најмалку не ми е тажно што поминало детството, тинејџерските години, раните 20ти. Убаво било, но сега станува се' поубаво и поубаво.
Ниедно јадење со авокадо, киноа, лосос, морски плодови и слични ми ти марифети не може да ми го даде истиот шмек и мерак за јадење како што можат полнети пиперки, ориз со копани или мусака направени од македонска баба
Преубаво поминат ден. Иако долги години сме заедно, секој нов ден поминат со тебе ми е посебен.6години брак. Seni seviyorum.
Значи премногу ми е тешко. Одамна држам во себе. Јас се запишав настрана од тука и кога и да дојде време за школо мојте дома плачат. Ама значи не плачат туку само така викат посебно мама. За да ја слушнам и да се сожалам и да не одам, да се префрлам тука. А татко ми само зборува како не можел да не гледа. И нон-стоп ми зборува да се префрлам тука. Но не можам. Они се необразовани луѓе, едвај имаат основно завршено. И сега сакат и мене истово да ми го направат. И бидејќи мајка ми е болна (не може да оди) татко ми само зборува дека ќе ја оставам тука сама. И бидејќи бато е во тој град он ме зеде со него. И мојте само зборуваат за него, како и мене сакал да ме повлече да ме оттргне од нив. Ама се преправам дека сум среќна, но верувајте веќе не можам
Најдов да се разболам само што купив авионска карта за одмор, топ кај и прв пат летам и ме фаќа паника уште ова фалеше
Mи наврати спомени на првиот авионски лет, се друго освен паника ми фалеше, смешно ми дојде кога се присетив сега. Убав лет и побрзо опоравување, не е толку страшно ќе видиш, е има опасност да се навлечеш после па секое следно патување ако имаш можност и пристап со авион до таму така да избираш да патуваш.