Што е до мене ич би да нема зима. Температури од 27 нагоре само. Плус заштеда за греење, облека зимска...милина.
Исто и мене. Април, мај и септември ми се затоа најпогодени месеци некако. Пролет е најпрекрасно времето, уште поленот да не правеше алергии и супер ќе беше.
Јас само есен и пролет сакам. А порано ептен обожавав лето, реално заради распустот беше, инаку нема ништо убаво во цел ден дремење дома/работа под клима со десет дена пауза од тоа. И во зима е ладно ама барем преку ден нема да се онесвестиш доколку излезеш на улица. Иако одамна не се сеќавам во Скопје да имало ептен ладна зима, ама затоа секое лето е подолго и потопло.
Мојата идеална година: Цело време температурите се 15-22 степени, но во декември/јануари малце минус да падне снег и 2 недели во лето да е магично 30 степени кога ќе идам на море. Годишни времиња само пролет и есен.
Најмногу неќев дека распустот е во лето оти никогаш не сум сакала лето. Прилет и есен се д шит. Немом да дочекам крај на Септември, Октомври да чукни. Денски пријатно топло, и фустанче и куси да ставиш. На вечер фешн и палтенце да ставиш и се. Пријатно за спиење. Пријатно за дишење и општо живеење.
Конечно и најголемите обожаватели на лето признаа дека не сакаат толку многу лето. Осеќав дека се фолирате.
Кога плачеш пред тој што те оставил, не бејби, не покажуваш колку си слаба пред него. Туку покажува колку човечност има во тебе, со солзите покажуваш колку си се трудел, си се надевал, си љубел. А, ако од др страна не добиеш прегратка, ако ти каже само 'не плачи, ништо не е' Бегај подалеку, бејби, таков човек не ни те сакал, ниту те ценел.. А си дал се од себе
Пролет е супериорното годишно време. Има повеќе сонце, потопло станува, сѐ е раззеленато, се чувствува живот. Пролетта во мај ми е најомилена и да можеше би сакала да е такво цела година. Можеш и в природа да шеташ без да се тресеш од студ или препотуваш од жешко. Есента е океј, има убавина, но кога ќе се погодат врнежливи денови долго ме фаќа депресија. Плус, деновите стануваат пократки и то е голем минус. Ама никогаш, никогаш не би одбрала лизгање по тротоари на -20, натутушена со 300 слоја облека на мене, цело време во затворени простории поради ладното, ноќ во 4 попладе, пред лето. И да е прежешко, ќе се истуширам, ќе најдам начини да се разладам. Студот боли буквално. Полесно е кога излегувам со едни фармерки/панталони и една блузичка надвор без многу да му ја мислам (или летно фустанче ). Денот е долг, а летните ноќи се најпријатни. И најбитното, море/езеро. Така да, топло време и сонце > сѐ друго.
Некој да ми кажеше дека овој понеделник ќе станам рано само по себе бидејќи ќе сум екстремно excited нема да му верував.