4 стори посветил ко демек на второто стори баш го боли брига, па уште две рандом. Гледам колку не се замара, член е на форумов така да имаме крт. Сакенце душичко,многу леташ а ниско паѓаш. Ај сеа лепни ме на стори.
Вистина, дај ставете тие што следите. Сигурно нема рејтинг да му кревам на некое саке само од љубопитност.
Не знам како да ти објаснам, става еден збор на еднобојна позадина и луѓето го следат заради тоа. И некои рандом слики. Глупости. Ама заклучен му е профилот. Едит: а еве ставила бубаче скриншот. Боже, колку детски, има профил со 50 илјди следачи и се навредил зашто бубаче го изругала(со право) на фемина. Пресмешно.
https://forum.femina.mk/members/saketo.158336/ Вчера во најнови членови го приметив името, мислев некое дете од средно што го следи по него ставил име. Значи ни се приклучил. Ама мажи што за жени пишуваат "дроца" не се за на женски форум.
Остај го… Нека пишува, нели ги бранеше жените. Колку е само полн со себе уште повеќе ми има смисол што вика Енџи ругањето.
Научија како брзо да се прослават, ќе се зафатат со некој од Фемина и решена работа. ЗатО не ги прајте славни. Во последните 10 дена на доволно теми бевме извреѓани како жени, доста е. Нема да ги научите, најмногу шо можи е да ги игнорирате. Па ќе пишат дека цел живот не можат женска да фатат, а мама рече дека се најубај и најпаметни.
Овој Сакето потајно се надева дека ќе ебне нешто на инста или на фемина, ја да ви кажам. Кој селф респектинг човек со нормален живот се занимава со глупи сториња и да се замара за фемина кој што пишел за него
Колку треба да немаш живот за да фатиш да се објаснуваш и правдаш по социјални мрежи оти некој те спомнал некаде.
Игнорирање за овие значи само зелено светло, така само си мислат дека направиле нешто и продолжуваат. Знаете што ми е најглупо, што фемина е форум на кој што првична намена му е да биде женски простор, да се пишуваа на раат и да си најдеш совети и искуства од други жени. Со по некој маж нормално ама во граници на нормала. И сега во што се претвори, во место кај што доаѓаат мизогинисти да ти шират екстремистички идеи и идеали, модераторите со 100% толеранција за нив ама тебе те бришат ако со едно зборче забегаш од дискусијата, рандом инфлуенсерки преку празни закани си ја хранат желбата да бидат во центар на внимание а фемина трча да им се поклони на истите, милион манијаци кои чекаат едно зборче да напишеш за секс за да ти се пуштат во лп и слободно си егзистираат без банирање. Загреота, најозбилно. Сељаков од инстаграм кој што е познат зашто објавува содржина која може да ти се допаѓа само ако си со IQ во минус нека си скриншотнува цел ден ако до толку го исполнува да плаче заради критика.И така на ништо не личи форумов со цел тим на кој ама баш не му се битни членовите заради кои фемина уште не е пропадната. Две работи измешав, знам, ама така се погоди, со оглед и на другите настани кои ги спомна @Ugly Duckling.