Извини ама ова е далеку од вистината. Сите се бришат и банираат, како што беа банирани последните двајца, напишано е во известувања за банирани корисници. Се банираат и оние што досадуваат по пораки веднаш кога ќе бидат пријавени, така што не, не охрабруваме мизогинија, ниту пак поддржуваме. Низ годиниве не знам само колу биле банирани.
Очигледно сум сонувал. Во шокови сум искрено Втффффф???? Не ни знаев дека постои нешто вакво Скроз мислев дека е нешто ко Тапшин тапшин танана
Не видов дека последните двајца биле банирани. Се ми се чинеше дека и после пак пишуваа. Не реков дека ти не си ангажирана, ама ти ко еден глобален модератор не ни можеш да бидеш насекаде во секое време. Критиката ми е повеќе насочена кон тимот, оние што се на "повисоко" ниво.
Посебна дијагноза се луѓето што во трето лице зборат за себе. Полн е мал збор. Овој има тежок проблем, тесно поврзан со неебитис. Да го направиме славен за да сфати дека не е славен веќе
Дечињата на улица ако си ја пееле, па си смешал дека е детска песничка Песнава е за специјална група на луѓе, нема врска со возраста
А можеби треба да се запрашате зошто форумот е тотално неатрактивен, особено за помладата женска популација, а затоа супер атрактивен за вакви персони.
Настрана персоните имаше една тема не ми текнува насловот, нешто дали форумџиите на фемина се егоисти се збореше/дискутираше и зошто членови си заминуваат од фемина па да не е поврзано со тоа? Како идеше мудречката we blame society, but we are the society...
Сакам да кажам, станва посмешно и посмешно колку пати прицнав на розовиот текст мислејќи дека е линк до темата шо ја спомна.
Јас: 10 дена уназад планирам како овој вторник (утре) ќе се избацам на работа и у провод со целосен glow up, испозакажав ваму таму за средување и едвај чекав да дојде денот. *39 температура*:
Од отворањето на форумот има такви персони и ќе има секогаш, зашто ги има насекаде, меѓу нас се. Посебно зашто е женски форум, па веројатно нешто атрактивно им има и во самото тоа.
Мене многу ми е чудно и језиво што машките членови (99%) се најактивни само во темата секс и фрчат со лајкови во модни критики. Е сега за да не сум сфатена погрешно. Мене сите девојки ми се убави, и во ролки, и во минич, и во долги фустани и фармерки. Имав пишано погоре дека за мене не постои грд човек. А сега што сакав да кажам, многу ми е чудно што мажите лајкнуваат само на жени во кратки фустанчиња, здолништа или деколте, а на другите девојки пример во фармерки или блуза не. Многу ми е некако одбивно како манијаци.
Па, еден период имаше само тинејџерки на форумов. И тогаш тоа не чинеше, па се мрчеше зошто само тинејџерки се зачленувале. Ете, пораснаа(пораснавме), па сега други категории се интересни. Се менува форумот, не значи дека пак нема да дојде некој таков период, веќе години се во прашање.
јас не зборам за тинејџерки, зборам дека никаква дискусија и динамика нема форумот освен женски домаќински муабети и дали сум трудна. Нема врска со возраста тоа. Никаква интелектуална дискусија не постои, а и самите вие иста таква не поттикнувате. Јас да водам форум, би се запрашала зошто ми замира форумот. Ама ајде да не ви давам веќе бесплатни стратешки совети
Форумот откако се отвори замира, тоа се пишува само, не е прв пат ова од тебе. Па еве го, тера 12 години, а ќе тера уште долго зашто очигледно има нешто што ги привлекува луѓето кои времето го поминуваат тука, еве веќе со години. А ти, место вакви мислења да пишуваш, слободно можеш и самата да поттикнеш дискусија каква што сакаш да читаш, кога веќе толку време поминуваш овде, а и не само ти, секој што го сака тоа.