Ќе тера уште најдолго пошто планирам кога ќе ја запросам женска ми да објавам тука прстенот со таг нејзин со све, а посебно во скриено катче ќе ставаме слики како младоженец и невеста, и слики од децата.
Тоа не е критика за форумот, за ние што пишуваме е. Толку ни е очигледно капацитетот. Или волјата да се збори за нешто попаметно.
Единствено нешто, поради што сеуште се врткам на форумов е тоа што има многу јака група на форумџики, квалитетни, што сакам да ги читам. Одмилено ми е да се вклучам во дискусија затоа што секое второ мислење се брише, заради исто така многу појака група на членки што гледа само да ти се "закачи", ама па ако не се тие нема да има драма, нема да има кој темата од еден колосек да се носи во друг и да се пишува се и сешто и притоа модераторите да не превземаат ништо. Само неколку теми што ги читав деновиве се катастрофа, тотална утка, се вергла едно исто па исто едно 100 испишани страни.
Извини, ама попрво ќе поверувам дека Кајгана би терал уште долго отколку Фемина. Таму има идиоти, ама има и видливи администратори кои имаат слух.Направија измени по желба на членовите. Михајло и Фемина немаат слух.Фемина форум од 2014 не е сменет.Колку пати даваме предлози, а сè останува исто. Што да поттикне? Ќе ја распарчат со навреди или потсмеви. Овде дискусиите не личат на ништо.Од 40ка се собираат чопоративно и напаѓаат помлади членки кои не се согласуваат со нив во темите.Тоа не е квалитетна дискусија. Можеш ли да изброиш колку пати си тагната за да бришеш навреди? Не можеш. Повеќето модератори не модерираат правилно и често мора тебе да те бараме. Ај пак(иако очигледно џабе ), шепни им на Михајло и Фемина да покажат добро администрирање на форумов и конечно да видиме негов апдејт и промена на модераторите.
Ако нешто сакам да поправам кај себе, и работам на тоа, тоа е да не ги сфаќам работите толку лично. Превише сум осетлива на ова. Многу лесно се кршам кога некој се понаша спрема мене на еден начин еден ден, потоа малце поразлично другиот ден. Знам дека не е (секогаш) до мене. Ама буквално се к р ш а м. Мислам дека пошто јас немам таков карактер. Јас најозбилно сум способна да бидам нервозна цел ден и кога ќе се сретнам со некој да се однесувам најнормално, како што сум секогаш навикната. Ретко кој функционира вака и затоа тоа за мене е... ужас. Но, морам да кажам дека кога нешто не ми се прави и јас сум способна да кажам дека не сум расположена за тоа и нема да правам (да излезам, да отидам некаде) нешто што не сакам. А кога некој исто постапува, мислам дека е напад и омраза лично спрема мене. Не е... но имам некои механизми кои ме секојдневно, за секој убедуваат дека намерно ми прават нешто за да ме повредат или дека не им се допаѓам. Не е ич лесно да се живи вака. Што корист имам да мислам дека продавачката од КАМ ме мрази затоа што ја изнервирав што ми требаше 10 минути да најдам 2 денари во новчаник? Да не зборувам ако некој ми е чуден преку пораки. Слабо срце. Сакам да сум поцврста.
Скроз сум истата. Особено во последниот параграф. Ако не се однесува некој како што сум претпоставила/очекувала или поинаку од вообичаеното, мојот мозок веднаш е ко *panik*. Навистина посакувам да не ги анализирав толку туѓите постапки кои во 90% од случаите не се поради лично мене.
Само во сит ком може некоја од келнерка да премине да работи во фармацевска фирма ко микробиолог или во врвна модна куќа ко топ менаџер. У задње време ги гледам пред спиење mostly поради веселиот ентериер, баш ми е soothing за душичката.
Па ме бришат после коа ќе им плеснам се во фаца. Како е можно некој да рече дека ги брани женските, а на стори става hoes mad, дроља, дека се лупа со повеќе души а не ја ни знае приказната и пишува слични работи? Илјада пати ми се поокеј луѓе што отворено си кажуваат дека имаат некаква нетрпеливост према женски пол, отколку најс гајс што као демек не бранат а си дозволуваат некоја девојка за која абер немаат која е да ја наречат дроља која се лупа со мажи, па коа ќе ја одјебат се враќа кај некој. А гледам има голем број на следачи. Сигурно голем број од нив се жени. Како сакаат да следат тип колективно не вреѓа еве не ми е јасно. Ужас.
Не знам што се жалите кога на форумов има најразлични теми опфатени од сите сфери, од книги, литература, филмови, музика, образование,,,,, е сега тоа што најактивни се домаќинските муабети, свекрви и снаи, золви, прославување после пораѓај, дали сум или не трудна, тоа пак 40ка ниту ја читам ниту ме интересира според мене најглупавата тема, не ви се криви ниту Михајло ниту модареторите, најактивните теми се живо олицетворение на овдешната жена и нејзиното секојдневие, проблеми и преокупации, до менталитетот е.
Се согласувам до некаде. Мислам, ми има логика очајни домаќинки или очајни тинејџерки да ги гуглаат нивните проблеми за бракови, свекрви и несакана бременост и ова да им излезе, па да се приклучат во дискусија. Исто ми има логика трудниците/мајките да си бараат заедница на женски форум и совети во врска со таа тема. Реално, и јас би многу читала искуства од прва рака да сум во таа улога. Приметувам членови кои мислам дека се нешто понавлезени во internet culture од странски сајтови и социјални мрежи и знаат да отворат такви теми или дискусии и обично има многу коментари од тип „вау и за ова ли мора тема да има“, ко да сме згрешиле нешто ако отвараме лабави, забавни теми на форумов. Јас сакам и дискусија за одредени теми, ама секако секој ќе си чита и коментира онаму кај што сака и што го интересира. Има теми кајшто некои членови си зборат сами со себе, па што, тоа сакаат да коментираат. Така да, во право си, до менталитетот е и таква ни е демографијата на форумот. Се што можеме да направиме е да не се срамиме да коментираме таму кај што сакаме. Но, не знам дали некогаш форумот ќе биде како reddit.
Same. Не ја ни отворив темата снаи и золви, такви семејни и домаќински муабети воопшто не ме интересираат. Прво појди од себе (не мислам на тебе елимкд : D) не коментирај на теми кои после ги критикуваш. Сите се као најобразовани и се највеќе знаат али затоа снаи, золви и свекрви темите горат од коментари ко баби на чешма. И после фалело младалачка енергија. Епа фали.
Денес на раскрсница за десно да свртам тргнав малце кога гледам залетана кола, застанав нормално, арно ама тој позади мене не очекувал да подзастанам или не видел или бил невнимателен и удри во нас. Среќа бевме добро сите, малку само се удрив ама ептен беше силен ударот пошо јас со мало количе како лим лесно.... Сдк, иако беше тој крив веќе мобилен нема да чепкам додека возам, ниту да зборувам. За беља треба малце, а стресот е голем.
Кој бараше дискусија да има? Бујрум, чекам да слушнам мислења. https://forum.femina.mk/threads/После-колку-време-во-врска-е-очекувано-да-се-прејде-на-друго-ниво-заедничко-живеење-брак.33977/ Да си ја изрекламирам првата отворена тема на форумов.
Тооооо и прати дискусии и давај си линк ко ќе е релевантно. Јас то го викам, shameless self promotion.
Глупост на неделава, иако е само Вторник ми е ова што ми искочи на фб Ми се сере од вакви муабети, од мотивациони говори кои може само да ме додепримираат. Не, не сонував пред 5 години да сум овде, сонував да сум иселена, во друга земја со други луѓе, да фрлам камен на државава, да најдам подобро платена работа и да имам стабилна врска. И највише од све што ми смета се такви токсични позитивности, поставување на цели кои се со временска рамка, ставање притисок дека нешто мора да биде, иако животот те јебе на сите можни начини. Долго време ми требаше да сфатам дека you can't have it all, и дека треба бавно одење за да оствариш барем една цел. Да се носите у 3 пичке материне сите со мотивациониве говори, фала.