Конечно дојдов до стадиум кога совршено се знам себе си. Ми требаа 'само' 44 години, да стасам до овде.
@buba4e89 среќен роденден се најубаво Недостасува времето кога ѕиркавме на прозорците на паркираните автомобили и гледавме кој автомобил колку 'развива на саат' на километражата. Девојчињата ваљда тогаш играа ластик.
Дали на форумов освен за золви, сврекрви, мажи и деца, има долги дискусии за други работи? Сфаќам, женски форум е, ама треба да има повеќе категории/теми... Се едно исто е. Па и очи вадење, чив маж до колку седел у кафана, свекрвата колку ве вади од такт,циркузи..
Од мојто досегашно искуство, овде теми видов за сечиј вкус. Од Како ја јадете чоколадната бананка до Инцидентот со Салман Ружди, од Користење прсти, до Почна војната во Украина. Од сѐ по нешто, за секој по нешто.
Се некако мислам дека секоја постапка ни се враќа на нас. Како сме постапиле така и со нас ќе постапат. Денес, имав едно прашање пошто не ми беше јасно, т. Е. Беше кажано ама не можев да се сетам, и ги прашав колегиве дали знаат. Одма се јави, еден и ми се обрати со погрдни зборови : "Заради ваквите ко тебе неписмени, ќе пропадне фирмава" Што по неполни 10 секунди, на колегава, му се јави таков некој нафуран клиент што од кожа се изваде. После, почна фрустрации да дека на сите страни и почна да ги вреѓа сите, демек као на шала било. Кој каков физички изглед има, кој како се однесувал. Подло, подло. Miss some positive ppl in the office....
Аман од луѓе кои само за жалење знаат, колку сте негативни таков ќе ви биде и животот, превземете нешто и пробајте да најдете во лошо и добро, не само да кукате ко стари баби, од денес игнорирам негативни другарки и ок е, сите имаме проблеми, не сте сами, да се крсти човек више, ги прашуваш што правиш, еве депресивна, еве болна, од млади луѓе аман заман
Истово го помислив денес и сакав да го напишам. Доаѓам тука и гледам веќе напишано. Е јас само малку би го надополнила, еве не ми пречи да зборуваат само за себе, ама кога е само негативно дрндање за себеси или позитивно, знаеш она од типот ширење лажен позитивизам е од такви коса на глава ми се дига, ги заобиколувам на огормно растојание. Само за неколку имам исклучок направено, порано ептен ги заобиколував сега не бидејќи што и да зборуваат за себеси таква смеа ми отвара чудо едно. Ама кога ќе ги укапираш и после се на смеа те мава, а таквиве се прават се познаваат, а кутрите не знаат кај тераат.