Реакцијата на една екс-ново членка кога и текнува дека не може да стави слика од кафенцето зошто ќе биде откриена.
Смешки... Се као они знат, баш се. Па што и како направиле, па јас ваму работев, па онаму, ваму. Јас вака, јас така. Јас се знам со овој, со оној. Па као се знаат со "звучни имиња" од градот. Све и свашта. Доста е дрдорење. Хаха Нов убав ден е
Она чувство кога конечно ќе немаш аларм, кога ќе си легниш и одма ќе заспиеш и ќе станиш сама без никој да те буди е непроценливо. Епа добро утро ,јас со 12 часа спиење сум со полни батерии.
Се осеќам како да е лето од пред 10години некое. Без работа, без обврски, си одмарам, шетам, уживам а мама ме части секоја ситница што ќе ја побарам
@buba4e89 СреЧен роденден Буби, ти посакувам сѐ најубаво.Малце доцнам.. Те пратев у драмата со Саќето и имаш моја поддршка И, има шпијун овде.
Сакам да кажам дека полека конечно почнува да ми се враќа невиноста во срцето и да му се радувам искрено на животот без ништо да чекам од него. И можам да излезам надвор, и да уживам во боите на зајдисонцето, во небото, во животните, повторно во секој човек наоѓам по нешто убаво, повторно успевам да го сакам секој човек, како некогаш кога бев среќна. Многу ме радува што повторно ми се враќа животот и срцето искрено што си го имав. Нема поубаво од човек да успее да си се врати на она што е, што некогаш бил, пред опкружувањата и случувањата да ни го извалкаат оној најчистиот дел од душата. И такви ми ти работи.
Доколку некоја членка сака може да креира инстаграм профил и да збира фоловери, откако ќе збере може да го пушти на продажба. Ко што гледам добри пари има
Не знам дали некогаш ќе дојде време кога нема солзи да ми навираат секогаш кога ќе прочитам/слушнам/видам нешто поврзано со Алцхајмерова болест. Казна. Сопственото тело ти е најголем непријател. Се' губиш. Никому не му го посакувам ова. А дел од мене додека сум жива ќе се надева дека ќе се истражи малку повеќе и ќе се најде некој лек.
Толкава тага ме обзема длабока болка во градите,сега требаше да е тој до мене смеа од детски глас на нашето дете ,слушам детски плач секоја ноќ а тоа е само илузија .за што сум така казнета?
Утрово додека @theowndemon раскажуваше за прошетките низ Скопје, се замислив за периодот кога и мене една од омилените работи ми беше да пешачам сам низ градов. И интересно ми е иако збир на околности можат да го сменат човек потполно. И можам да си кажам дека пак би го правел истото, меѓутоа знам дека нема да е исто чувството ко пред 3 години. Кој знае дали пак ќе ја почуствувам истата слобода што ја имав некогаш.
Цуци муц општеството малце ни пука по шавови бе цуци муц, а тебе те интересира уште само кој што и како се подновил (и како и ти да се подновиш и пофалиш). Зошто ти цуци муц беше израснат/а да (по)веруваш дека светот (и Универзумот) се шведска маса креирана за тебе и тука на услуга 24/7 да ти ги исполни сите желби (со минимален напор ако може tnx) додека очекуваш работата на возрасни да ја заврши некој друг уместо тебе (ама имаш околу и преку 30 бе цуци муц). Ох бе цуци муц... Само терај си цуци муц, да видиме уште колку долго ќе можеш да тераш така. Спојлер: . Не уште долго.