На женски форум невозможно е да си направиш женски муабет со жени без да влета некој од спротивен пол. Се повеќе и повеќе ми е creepy. Цицка да не можеш да спомнеш цццц
Повеќето да, речиси 97%. Да не можиш ниту мислење за цицка да напишеш, ниту совет да побараш. Пошто маж повеќе разбира женско тело отколку жената сама за себе.
Сдк....на ова треба да му се смени името,да не биде само женски форум: и на други работи,не само на ова....
Јас викам на се да се додаде „женски“. Женски Кафе-Муабети, Женски Секс, Женска Психологија, џенска доминација.
Во теорија знам сѐ за мојата ситуација, и што е логично и како треба да се постапи и најразумно решение и наводно најдобро за мене. Ама... тоа воопшто не ме прави да се чувствувам подобро, или да ми даде способност да ги исклучам чувствата и да не ми е гајле едноставно. Доаѓам до степен кај што чувствувам вина поради чувствата кои ги имам, поради неспособноста to let it go. Не можам толку лесно да се однесувам како да не ми е гајле и како ништо да не се случило. Ете, уште го чекам денот кога мислите и чувствата некако ќе ми се синхронизираат.
Прашање што ме мачи, зошто машките дечиња ги носат мајките во женски тоалети, место татковците во машки? Ама зборувам за дечиња што разбираат веќе и се поголеми. Шо ако не ми се затвора вратата од вцто и зјае? Да ме гледа детето гола
Без навреда, немам ништо против никого, ама што е со ајфон телефонине, тел од 120.000ден, да не лета случајно? никогаш не би дала толку пари за телефон, многу почнаа да заработуваат луѓето на луѓе кои ќе купат и од 300 000 ден телефон, не би ме чудело сл. телефони и толку да бидат и пак да се купуваат, на што све заработуваат фирмиве, алал да им е
Знам луѓе што на рати ги зимаат и долго време ги плаќаат, немаат за струја да платат ама битно ин се ајфон имаат.
Ова чисто информативно да напоменам, ете поединци можеби не знаат- во Сити Мол постојат тоалети, значи има добри услови каде што можете да се средите како луѓе, да извршите физиолошка потреба и слично. А ова значи дека искористените влошки нема потреба да ги фрлате во пресоблекувална во бутик, да биде на изложба за останатите купувачи. И со ова ја користам приликата да ја поздравам „дамата“ што го направила ова. Гниди смрдени.