Го изневерив... И тоа не еднаш, туку два пати, во два дена, свесна за тоа што го правам. А најлошо од сѐ е што не осеќам грижа на совест и каење...
А тоа што него ќе го лаже место малце да ѝ е гајле и да каже, мање битно, психата немој да ја уништела.
Секој ден сум просветлена колку unhinged (откачени?) луѓе има на светов. Малце сталкав, во тема Денес сакам да имам секс со: Сакам малце од шо вие земате за да го живеам животот без грам грижа на совест и да не сфаќам се толку сериозно. Ова зборувам на глас, не ми беше намерата нешто лично да го направам мислењето.
Вчера по подолго време видов во Кам кај овошјето ќеса со рачки. Као...сфатија луѓево дека не загадуваат баш рачките од целата ќеса или што се деси?
Што ти е тој?Дечко, сопруг?Тој верен ли ти е ?Најди некоја утеха и мене ми се има случено да изневерам но само бакнеж и не отидов подалеку од тоа.Тој беше сонувал дека го изневерувам а јас негирав но тој сепак знаеше дека не е така .И останавме тогаш заедно како ништо да не било.Јас немав грижа на совеста бидејќи тој не ме сакаше вистински иначе бев тажна тогаш , плачев .Било веќе ,но размисли што понатаму немој да правиш така не е убаво
Болдираново ми е ко почеток на виц Мене ми се допаѓа искрено тоа што немањето каење и грижа на совест го пиша како најлошо од сѐ. Ако си свесна дека според твоите правила за достоинство и личен интегритет, оваа постапка е погрешна, можеби не се чувствуваш лошо во врска со него, туку во врска со себе си. Не си троши здравје да жалиш некого за којшто не знаеш дали за 4 недели, 2 години, утре ќе го направи истото. Но, при секоја постапка, преиспитај се како истата би влијаела на твојата слика за себе си. Оти со секоја наша постапка, ние всушност се самореализираме во одредена улога, ма колку и да изгледа несебична.
Машки член: "Ја изневерив, жал ми е, како да постапам?" Сите: "Како не ти е срам?? вистина е дека сите мажи се исти, имаш ли грам мозок? *блип* *блип* навредливи епитети" Женски член: "Го изневерив и немам грижа на совест." Сите: "Ако е срцка, се дешава"
Вие сите демек као сите светици. И јас изневерив и откажав врска. Значи нешто не штимало. И поарно шо откажав. Небитно машко или женско. Кај мене беше незадоволство, еве ќе кажам и тука, партнерот чуваше палка под кревет, пошто имаа дуќан и демек као ако ги нападнел некој. Сам ми кажа, им се заканувал на луѓе од Комуналец со секира дека ќе ги отепа, пошто ја вреѓале снаата од брат му. Јас.... Стрес си набив и патам сеа. Фала Богу, шо откажав после овие дешавки не дај Боже нешто поголемо да биди со нас... Не знам кој профил на човек стои зад неговата лутина и бес. Не сум светица, нит сум безгрешна, нит идеална. Ја знае мојата состојба и упорно ми одмагаше. Притисок за брак, за деца, како сум дебела, како сум стара мома, морав пијанства да трпам по родендени, и тргање Мара, упорно ми тврдеше дека не тргнал, а сите други тргнале. Зборувам за родители, да, да, на 3 годишни деца.
За тебе повише кажува начинот на кој зборуваш за изневерување отколку самиот акт. Јас разбирам дека различни ситуации и лични незадоволства доведуваат до тоа и јас сум прва што ќе каже дека тоа не е доживотна осуда дека си лоша особа. Но, преку глава ми е во повеќе теми да се збори за неверство како нешто што на секој може да му се случи и дека е најнормална грешка. Не е. Грдо е. И секогаш имаш избор. Не се чувствувај виновно, ама превземи одговорност. Дека не си светица е олабавување од одговорност. Лоша свесна постапка е. Точка. Една од теми за зборење што ме многу нервира.
Не го оправдувам И затоа реков, јас заминав. Зошто некој да пати поради мене? Па и од каде да знаам дали јас дали и тој не ме изневерил? Си признав себе и акција, одма презедов, откажав врска.. Колку примери има што изневерувале.. Па гордо крената глава. Никој не е светец и има само еден што е безгрешен.
Познавав еден што со гордост раскажуваше како имал "3 годишно искуство во изневерување" додека бил со бившата. И очекував да испадне добар другар, јако се излажав