Мене па ова ми е безвезе. Најгрдото можно оправдување што те пере од сите неубави дела, и минати и сегашни и идни. Господ ме напраил несовршен, што можам јас да праам? ¯\_(ツ)_/¯ Можам само да се покаам и сè е океј, тераме даље. Човек треба да размислува што човек сака да биде. Да зацрта одредени принципи. Ама вие со знаете...
Прифаќање одговорност, што е тоа? Само за другите треба да важи, не за мене. Ова и за тие првите членки кои ја почнаа темава.
Прифаќањето одговорност е да признаеш дека си напраил нешто, и прифаќаше последици. Да, јас сум таа и таа и тоа и тоа направив. Нема перење и вадење од ситуации кој спомна тоа? Реков и да нема некој изневерено не значи дека е совршен и безгрешен.
Секогаш кога гледам слика од бившиот си мислам лелее колку е убав дечково, штета што е најголем сељак, мислам дека никогаш нема да имам друг толку убав дечко како него..
Види, ако си напраил нешто и не осеќаш дека си згрешил, нема што да се правдаш. Мене лично грдо ми е да вараш, па да раскинеш, пошто нешто не штимало во врската. Ако не штимало, раскини, па прави што сакаш, со кого сакаш. Затоа што не знаеш варањето како ќе влијае врз извараниот, тоа е таа одговорност која треба да ја прифатиш пред дејствувањето, а не отпосле.
Ве молам не објавувајте слики и видеа на социјалните мрежи каде што се бакнување (лапате - француски бакнеж). Верувајте никој не сака да гледа и слуша како мљацкате и како плунката ви тече од уста. Благодарам за разбирањето.
Не сфаќам во кој момент ми станало сеедно. Всушност, сега веќе не сум сигурна ни дали некогаш ми било грижа
Дечко е, сигурна сум дека ме сака, а убедена сум дека не ме вара. Нема начин да дознае за неверството, ама сепак ќе мора самата да размислам добро што со себе, за никој да не биде оштетен.
Претходнава недела нема објава, а да не е промена на работно место, нова позиција. Мрднавме со г'зот малце од комфор зоната. Следно ќе славиме и за уште поголеми чекори, важно е малиов, но сигурен да успее. Дал' ќе го фатам и ја овој круг или септемврискиот?
Ова е женски форум, мора ние женските да си се поддржуваме секогаш, а машките да ги критикуваме и да ги бркаме од тука.
Сакам коза, две за да се дружат. Ако имам некогаш гооолем двор ќе биди прва работа шо ќе земам. Надвор е есен, го барам жешкото назад! И убава работна недела.
Многу ме нервираат луѓе што доаѓаат во читална да учат само пред испитна сесија, значи други денови нема живо пиле, ама пред испитна сесија, пред врата редици.. Не нѐ оставаат нас што си учиме редовно, да си го повториме материјалот на раат пред испит, мора да се гужваме во читална со 100 луѓе што им текнало дека треба да учат недела дена пред испит..