Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.535
    Допаѓања:
    21.374
    Го прочитав постот на фб за бебенцето што починало заради лекарски пропуст...
    Се надевам дека на тие што можеле да го спасат, а не направиле ништо, ќе им се погоди некој така малце побудала пациент што нема да брои до 3 пред да избувне. Оти ништо повеќе не заслужуваат.
     
    Последна измена: 22 август 2022
  2. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954
    Ж - Е - Ш - К - О

    Цркнав од топлово време , уффф колку го мразам ко е жешко.

    Пред малку се слушнав со сестра ми, стигнале на одмор во Мк, вика последните 10 минути на слетување авионот ненормално многу се тресеше, турбуленции хорор филм, сите се молевме по 100 пати Оче наш , паника меѓу патниците :drunk:

    Де бе систер, познато ми е мене тоа тресење , јас си го доживувам како да се возам со скутер во море и да скокам на бранови. Ама ги разбирам и сите што се плашат оти не летаат често, па не им е секојдневие.

    Туку сега почеток Септември ќе го праќам маж ми на одмор во Македонија на 2 недели , јас неам одмор, ќе останам тука, па се мислам да и купам од апчињата против синуси на @Rama оти многууууу ми е мила форумџика, ептен ја засакав од таа темата за проблеми со синуси, ама цело време се губи , слабо се вклучува, ако може вака јавно да ја замолам црешка @cresa-jagoda ако можеш да и пишеш на Рама оти ти имаш личен контакт од неа, да ја прашаш каде да ги остави маж ми , ако треба лично ќе му речам да и ги однесе оти само тие апчиња помагаат , сакам 2 паковања да и купам да си има девојчето.

    Иначе не сум баш у тек со форумот, од топлово се осеќам изморено, изгледа ми е паднат притисокот, утре ќе ве читам.

    Црешке , обавезно да прашаш и да ми кажеш.

    Ај да си пуштам филмче и да спијам :~:
     
    На Arjanit2021, La-loca, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    2.971
    Да не даде Господ на никому да тргне по македонските болници..
    Само тоа ќе кажам.

    Читајќи ја објавата на мајката на починатото бебенце, ме потсети на голготата што имав можност да ја преживееме со моето семејство.
    Таа беспомошност да луташ по болничките ходници со надеж да добиеш помош и спас. Додека некои ноншалантно те прегледуваат и ти велат не е нешто сериозно, а самиот знаеш дека одиш кон крајот на тунелот на работ на безната.:u:

    Да незборувам колку само невини луѓе починаа токму заради тој нестручен третман од ковид.

    Болна ми е темата за здравството во трулава држава, ама уште поболни се приказните на многу семејства кои останаа изгорени од лица кои мислат дека доволно е да облечеш бел мантил за да бидеш лекар.
     
    На flower30, Matotheja, cooll и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.087
    Пол:
    Женски
    Душа си, човечиште си:hug::hug::hug::l::l::l: фала ти на грижата, ама сега сум океј, ќе те имам на ум некогаш ако ми притребаат апчињата:sun:
     
    На Herrera и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. АничеБананиче

    АничеБананиче Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    3.795
    Пол:
    Женски
    Ме мачи дали ако направам скрин на овие со ајфониве на слика на стори дали им кажува после на ајфонот дека сум направила?
     
  6. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.161
    Допаѓања:
    5.378
    Пол:
    Женски
    На стори на инста не покажува.
     
    На АничеБананиче му/ѝ се допаѓа ова.
  7. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Кога може да се нормализира буквално се (да не набројувам) може и доење во јавност нели?
    40394221-70F2-426C-B063-8221A7635532.jpeg
     
    На Ivan4e04, DELFINA81, KateKane и 6 други им се допаѓа ова.
  8. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.744
    Допаѓања:
    21.411
    Пол:
    Женски
    Мене ме нервираат луѓе шо ги нервира се’ , баш како ти сега.
    Таа читална е за сите и сите имаат еднакво право на неа и ќе одат кога сакаат да учам, да не треба да те прашаат тебе? Се додека се тивки и не пречат на никого не гледам причина да плукаш по нив и да се замараш колку време го спремале испитот.
    А за тоа дека било тесно и сте се гужвале внатре, барај од владата да ви изградат поголема читална, жали се до нив.:D
     
    На Fraxinus, Ivan4e04, Sielo❤️ и 13 други им се допаѓа ова.
  9. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.577
    Допаѓања:
    12.929
    Пол:
    Женски
    Пречат, ако не отидеш до 10 саат сабајле да фатиш место, после тоа треба со саати да чекаш пред врата за место да се ослободи, секако дека пречат.
     
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Го читав ова вчера баш, ама не знаев дали да го споделам.Се расклопив од плачење, не се реални по болнициве бе.Абе два грама мозок немаат у тоа тиквите.Да фатиш и со каиш удри мавај.Земале сила да одлучуваат за туѓи животи.Ало бебе била, препреслатко бебе, не една, СТО проверки требало да има бидејќи е бебуш и се најсензитивни, а и не знаат да кажат што ги мачи.
    За доктори кои убиваат деца или ги доведуваат до живот или смрт- само смртна казна, у сите држави.Или за онакви што вадат органи.Какви затвори какви бакрачи, трајно уништиле животи.Размислуваат ли како име на тие луѓе кои ќе пројдат низ такво нешто? Која траума, која болка е тоа за нив.Им мислат ли главите уопште.Што мајка бараат у медицина ако не ги бива или не си ја сакаат работата???
    Не дај Боже мене вака нешто да ми се деси, ќе ги лежам и ич око не им трепнува.Ги носат децата по 9 месеци, им се радуваат, проаѓаат низ гадење, мачнини, потешкотии, некогаш може и болки, контракции, и ќе се најдат група глупаци кои ќе им ја одземат среќата на родителите?
    Извинете за долгиот пост, ама ем сум у ПМС, ем ми е сита душата веќе од вакви гомнарии.Буквално на моменти ме фаќа анксиозност, страв ми е да не завршам некад у болница, да ме доктајчат или доразболат, ми се страв дете да родам утреден, да треба да го носам по лекари или било што.
    У пм више, да ти се плукнам и у државата и у луѓето.:sweat::puke:
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.577
    Допаѓања:
    12.929
    Пол:
    Женски
    Со толку напредна технологија, со 4Д ехо каде што буквално можат уште неродено дете да му видат внатре во органите, како му се развиваат, да му видат мозокот, и се останато, сега мислам дека и на 5Д има негде можност да се гледа, да се доведе детето до ситуација да не му дијагностицираат вроден преплет на црева, па ова е страшно, за што ја имаат таа опрема тогаш, за украс? На сестра ми пред да се роди пред 6 години, поточно во 28 недела пред раѓање на ГАК и направија на мајка ми тоа како се вика скрининг мислам беше, и го мереа главчето, ноџињата, рачињата, внатре во мозокот и гледаше докторката, внатре и ги проверуваше сите органи како и се развиваат, буквално се.. И сега доаѓаме во ситуација, не на дете бебе што не му нашле дека има некое сериозно заболување уште пред да се роди, туку не му нашле ни од кога се родило..
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    За украс им се, и не знаат да ја употребуваат.Неспособни се.
     
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.096
    Пол:
    Женски
    Купена им е.
    Значи бебево имало проблем со цревцата а тие операција на срце му правеле.
    Толку да не видат или едноставно не им се посветуваше внимание.
    Страшно. На крајот кажа дека била со пожолтени очиња,сирото којзнае колку се мачело. :(
     
    На Kimberly11 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Душа..
    Нека ѝ е лесна земјата.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.535
    Допаѓања:
    21.374
    Проблемот со срцето секако го имало и морало да се оперира, не била лажна дијагноза тоа.
    Инаку ова со цревата го виделе на ехо ама мислеле само фекалии се.
     
    На Anie93 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Само фекалии…ништо страшно де.Ужас
     
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.096
    Пол:
    Женски
    Епа тука е грешката, не можеш бебе со фекалии во црева да го пуштиш со уреден наод.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    23.508
    Пол:
    Женски
    Најдов некој си скриншот што сум постирала на форумов години наназад. Носталгија за стариот изглед, некој? :D

    Освен изгледот на форумот, ќе си умрам од цветовите горе, тиграста шара доле... it's giving тинејџерка во 2014 год.
    11 (1).png
     
    На Amellie13, Anabelle.Amorette и christinnn им се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Кога било ова? Јас не памтам од кога сум зачленета дека било така.
    Ич не ми текнува..мислам како сега што е си беше.Ама слатко е и вака
     
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.096
    Пол:
    Женски
    Јас кога се зачленив го имаше. Далечна 2012.