И јас сакав истото да го кажам, срамота е за Скопје да има само една читална шо работи 24/7 и уште една шо може да се нарече читална, тоа значи само две "посолидни" читални шо го опслужуваат цел универзитет и сега СТУДЕНТИТЕ се криви за гужви, е не можам... Инаку, пред испит најчесто не одев в читална оти место веќе не ме фаќаше и последните 2 дена дома учев.
А толку ли луѓе идат по читални? не е полесно да се договорите дома или со цимерот/цимерката, за мир и тишина некое време? ваљда во испитни не ечи по домовите. Проближно сите факултети имаат во исто време испитни сесии
Ако дојдеш после 10 саат сабајле или 10 ипол, треба да чекаш околу 2 саати пред врата за место да се ослободи, и после два саати чекање ред стоејќи ни ти се учи, ни пак имаш концентрација.. А ако дојдеш околу 4 саат ќе има место, ама читалната работи до 6, подобро ич да не доаѓаш за два саати, ова за 1000 книги, за оваа другата Браќа што е 24/7, нема интернет, нема штекери на секоја маса, нема книги, се од дома да мокнеш, од рутер, од книги, се со тебе..
Секако дека се нормални фекалии во црева...кај на друго место би биле? Не е тоа тука, туку е егото до плафон на докторите и убеденоста дека се Господ. Зашто заклучуваат дека сѐ е нормално и не може да биде ништо. Направиле превид баш од тоа што се често убедени дека од нивното огромно искуство не може да згрешат. А се греши, ама затоа се гледа како што треба, а не да бидеш убеден дека нешто мора да е нормално само зашто не сакаш да се преиспиташ. Не верувам дека сите се толку нестручни колку што многумина се уверени дека нивниот збор е закон. Многу жално.
Извини ама дете да ми пати од фекалии во цревца мене не ми е нормално. Не се работи за грешка туку за негрижа. Бебево не добило соодветна грижа.
Ставаш интернет на телефон можеби? Стварно не знам како употребуваш рутер у читална за себе ама океј.
Нормално е да се види фецесот внатре во цревата како што си поминува. Работата е што не било само тоа, обични проблеми со столицата од млекото како што мислеле, туку детево имало вродена болест. Ем ја игнорирале мајката која што тврдела дека на бебето не му е подобро, ем не им се замарало. Пиши алергија и готово, ајде чао, зошто да се замараат? И грешка и негрижа е.
Јас искрено прв пат слушам рутер во читална некој да носи, а и да носи не знам од каде би добил интернет кога треба да постои корисник на таа адреса итн...
Па ко веќе си почнала понеси си и маса и столче и убутај се у некое ќоше, ќе си направиш место во читална. Се шалам, ти го разбирам маките ама ептен ми звучи мачно.
Леле важи, ќе те чекаат тебе принцезата прво да седнеш, после они ќе влезат. Кој како влегува си фаќа место и тоа е тоа. И во маркет нервираат гужви и во сообраќај ама никој не е крив, така се погаѓа некои периоди. Чекај, какви книги треба да носиш? Па фала богу не можат сите до една книги од сите сфери да ги имаат.
Па мала е читалната, појди ти прва на отварање, башка од кај знаеш може дома учи 3недели и сака последната недела у читална. Или водиш евиденција кој колку кога учи? Ако водиш значи си немаш попаметна работа
Не водам евиденција, ама ако регуларно кога нема испитна сесија има место да бираш каде да седнеш, а кога е испитна сесија нема место ни да седнеш воопшто, значи дека не учат редовно.
Не зборував за гледање како се одвива процесот на работата на цревцата туку за друго нешто. Јас убаво го разбрав постот на мајката меѓутоа стојам на ставот дека повеќе е несоодветна грижа. Бидејќи и самата мајка побарала да биде хоспитализирана на гастро при што била одбиена. Значи мајка која нема ни грам познавање од медицина знаела што му е за разлика од некои квази доктори. Се ми е јасно мене, само ми е жал што мало бебе морало толку да се мачи.