На грото македонски лекари од едно уво им влегува од друго им излегува кога учат на факс. Се чудам како ги примаат по Германија.
Не би се согласил целосно. Прво се помалку и помалку специјалисти има на располагање во државното здравство. Еве да тргнам од педијатрија, клиниката за детски болести е преоптеретена зашто по останатите градови нема педијатри, ниту пак соодветна опрема и доволно ресурси за дијагностицирање и лекување. Наместо децата да се лекуваат на примарно и/или секундарно ниво, на секое се праќаат на терциерно ниво за се и сешто,а притоа пациентите шо навистина имаат потреба од лекување на клиника не можат да стигнат на ред од гужви за едно болно грло. Ова е за речиси сите специјалности, се блокира цел здравствен систем поради недостатокот од соодветно и навремено вработување на кадри од икс причини, а со тоа затајува тријажниот процес и од тука се е оди по вода... Проблемот воопшто не е едноставен и за жал допрва ќе се комплицира и отежнува, а последиците ќе станат се полоши. Доедукацијата, ресурсите и платата шо ја нуди Германија очигледно се многу голем фактор за квалитетот на здравството, не е само 6 или 12 години учи, па 'рмбај после за 500-1000е плата, со полу-функционални апарати.. Исто така сакам и да посочам кон непослушноста т.е. неажурноста на пациентите при дијагностиката и лекувањето, значи ако е напишано контрола по ЕДЕН месец, се јавуваш по еден месец, не по ЕДНА ГОДИНА "оти поарно ми беше" и ти така си заклучил.. Не ретко ова се случува и многу влијае на успешноста на лекувањето.
Што им е на Американциве што за секоја ситница што ги навредува велат дека е "racist" или "sexist"? Иако нештото нема никаква врска ни со раса ни со пол.
Но... ако сите редовно учат во читална... тогаш... и кога не е испитна сесија би имало гужва и ќе нема место за тебе? Тоа сакаш?
Може и овие што ги оговара нина не одат во читална редовно оти такви што учат месец унапред како нина им зафаќаат место
Не знам зошто има толку расправии и напаѓања, кога проблемот не е воопшто во студентите, ниту во тие што учат дома, ниту тие што одат во читална. Проблем е во власта, која не се грижи и не овозможува услови за непречено учење. Не може главен град, најголем универзитет во земјава, а само една читална.
Не можам да сфатам како на некои луѓе не им е срам да бараат пари од ќерка, син, нема врска и деца од родители , ајде ок разбирам х причини, ама да му предложиш лесна работа каде што може да заработи некој денар и да рече, а ок не можам, ај нема врска... Па добро бре, кај немате пари кај не сакате да работите, па што сакаат ваквиве луѓе, није ми јасно
Од А1 имам бежичен интернет, рутерот и на планина со мене да си го носам можам ќе имам интернет, само штек со струја да имам, со картичка е бежичен интернет, не е од тие со 300 кабли што се, и минијатурен е, малку поголем од телефон..
Шакира, жениште едно! Која лепотица бе. Браво. Само напред. Не вреди да си запоставиш мир, ради недораснато машко дете. Пике, уште еден маж кој докажа кукавичлук. Во јавност бил со скоро 10 год помлада. Шакира бе, само еднаш да замеша со колкот ќе привлечи 10 мажи.
Никогаш не успеав да ги разберам соученичките од средно зошто најголем приоритет му беше да се омажат. Значи не работа, кариера, образование, градење на себе си во подобра личност, средување на својот живот, патување, дружење туку само брак, брак и брак. И неколку години подоцна откако конечно се омажија седат дома без работа и чекаат пари од маж за гаќи и тампони.
Ми се присерува кога ќе видам на огласи за работа за потребни квалификации - познавање на албански јазик.
За што е потребно? Освен ако фирмата е со главно седиште во Албанија. Еве најдов фирма со седиште во Словенија, бараа само англиски да знаеш, словенечки не И други странски фирми кои имаат тука свои канцеларии бараат само англиски.
Па ако таргет група и публика ти е албанско население, ќе бараш работникот да знае албански. По твоја логика и англиски треба да се збори само ако главно седиште на работата е во америка или англија. За профит на бизнис одредени видови на работа си бараат соодветни квалификации. И пред некој да ме нападне, не, не сум албанка, само од логика зборам.
Албанците нека си научат македонски оти во таа земја се наоѓаат. Англиски е јазик е најзборуван странски јазик на светско ниво и кој е главен за комуникација со странци така да не мешај. Мислам да, секако не ме тера никој да идам да им работам ама просто ме нервира колку ние треба некому во своја земја да се прилагодуваме.