Што се нема да прочитам.Ако во зима се тресете од студенило ,и тоа само 10 минути,исто како да сте вежбале 1 час. Мислам штета што нема минусни темперетури,па фино да си излезам во маица и шорцеви,убаво да ми истрескаат забите неколку часа ,и ќе си бидам во топ форма.
Ќе се соочам со другата страна, нема бегање. Морам да разговарам, морам да знам што мислат тие, која е дијагнозата, има ли дијагноза воопшто или само некој претерува. Доста беше избегнување на работите, подобро сега за да можам навремено да помогнам отколку кога ќе биде доцна, а толку ми е тешко на душата. Солзи ми течат и кога ова го пишувам .Ништо не функционира овде, нема на кого да му се обратиш, душата да си ја олесниш. Бог нека ми е на помош! ииииииииииииии Благослов за форумов...да не е тој....да не сте вие форумџии тука, ова ќе биде само еден празен интернет простор
Во последен период сите околу мене се болни.А,јас пак онаа која секогаш мора да им прави придружба на истите сега ништо не ми е. Да видиме уште колку ќе трае.Како изминува времево сум во поголемо исчекување на пролетта.Со календарче ќе си бројам денови,мајке ми. ..Некако ми недостига сонцето,сакам топлина,сакам да се ослободам од топлата облека бидејќи се чуствувам како поларна мечка. Мисли во главава еден куп ги има,проблеми исто..Но,најважно е да имаме здравје,останатото ќе се среди. Имајте убав ден .
Еден ден задоцнето ама сега сосема случајно видов па јас вчера сум имала годишнина ама овде на фемина, не сум го запамтила датумот зошто не е битен, а инаку памтам датуми, ама за овде се ми стои дека сум во март, а тоа да ти било февруари Како и да е, ете поминала една година, која летна брзо пребрзо како и секоја друга, времето си лета... Имало тука прочитано и напишано разни работи, животни искуства, секојдневни догодовштини, некои кога сум ги читала солзи ми навирале, некогаш кнедли во грло кои неможеш да ги проголташ, друг пат пак среќни настани кои ме исполнувале со радост и топлина или смешни ситуации на кои слатко сум се насмеала и кои ми го разубавеле моментот. Ова е виртуелно дружење, но некако се врзуваш за некои членови, се радуваш како за свои и ти е жал и мака како за свои. Некои ситуации како да се преживеани по втор пат преку нечие моментално доживување. Кога имаш што да кажеш ќе кажеш или мудро ќе си премолчиш, но ќе прочиташ, но форумов во секој случај се наоѓа, зависи на кого зошто му треба Ете се мислев дали воопшто да напишам нешто по поводов годишнинава ама зошто па и да не, симболично одбележување на овој начин. Имајте убав ден, тоа што е дождлив и тмурен не е битно, ако имаш мир и спокој во себе и радост и љубов во опкружувањето, се друго е ирелевантно.
Денес како за белја ја облеков потенката јакна, без капа на неа и не ми текна да земам чадор.. Се направив утоп од глава до пети. Битно по пат до дома се изнасмеав сама Треба почесто да киснам вака. И сеа погодете кој ќе се разболи?
Сдк... вие што фрлавте со парички по Дибиров, успеавте во животот? Треба веќе еднаш да се забрани влез за тие таквите без култура и домашно воспитување.
Ај кој знае, нека каже лек против здрвена т.н. утрнета нога? Или наопачки, како и да беше. Нема смисла, многу зезнато чувство. А особено ако наеднаш двете ми се здрват. Има ли некој начин, како да седам цело време на земја, со крст нозе, а да не ми е здрват? Ама најозбилна сум. Мислам дека еднаш веќе имам кажувано, ама ако. Кога ќе ми се здрви едната, некако ќе се обидам да потскокнувам на другата нога (читај: обидувајќи се да избегнам допири со утрнетата, јас уште повеќе ја мавам, по ќошиња и ногарки). Ама кога ми се здрвени и двете? А уште да ми се оди во веце? Аууу, не си ни да мрднеш, не си за ништо. А ти се мрда... у три лепе-ти се мрда. Ама ќе си чекаш, да помине најболниот, најмакотрпниот момент и да не те приметат другите. Ако те приметат, за инает ќе почнат да те закачкаат. Неисе, понекогаш се прашувам, дали само мене не ми се погодуваат овие дневниве/месечниве/годишниве хороскопи? Тоа ми е мене жива глупост. А бе ајде, секој ден светот само околу мене ќе се вртел, ќе сум се запознаела со потенцијалниот икс-икс-икс и некои таму бајки. Понекогаш барем се пронаоѓам во некој хороскопски знак, што не сум. А денес ни тоа. Јас си верувам во хороскоп. Потполно ме опишува, според знакот. Ама овие горенаведениве што ги спомнав, поима си немаат. Во последно време, хитови ми се старите хитови. Само нив ги слушам. Хајт, поздрависимоооо. https://www.youtube.com/watch?v=cNiKe-m0FJk
Навистина малите нешта го прават животот поубав. Првата голтка утринско кафе испиена од новиот филџан во црно-бел дизајн ми ги разбуди сетилата за да осознаам дека турбулентното секојдневие не влијае на моите манири.Скромноста и непоколебливоста ме прават своја, а погледот во тој мал порцелански предмет ми изнуди неизмерна насмевка, доволно за да бликам од среќа...И се уште ме држи чувството на радост како дете кое не се одделува од својата нова играчка
Таман помислив дека денот ке ми биде совршен од никаде се појави дождот.И брзо трчај под стреи,по дуќани влегувај...надвор сипуе.Сите мои планови ми пропаднаа во кал Наводенета се вратив дома со мојата намрштена фаца поради изгубеното време бегајќи од дождот. Но ајде,ке пробам да не ми биде до толку пропаднат денот.Одиме повторно да изиграваме Mr.Maker Mood: wet
Ах бе луѓе беее .... Ах ! До кога вака ? До кога вакво понашање ? М? Не можам веќе да поднесувам , знаете ли не можам да ве трпам, ми идете на нерви Дај променете се веќе еднаш!!
Менторов ми даде четири DVD цедиња со книги за магистерската - над 800 само на едно цеде. Цела библиотека! Дечко ми си купи нова гитара, на старата ѝ ги смени жиците и рече дека ќе ме учи да свирам. Му викам: Абе имам магистерска за правење, башка книги за читање, си направивме читателски клуб на фемина. Предложуваме книга, сите ја читаме, па после коментираме. Тој: А што не си предложите песна наместо книга, па после сите ковер да направите? Умрев од смеење! Му реков дека многу ми е убава Comptine d'Un Autre Été од Amélie филмот и пред некое време одам кај него, а тој седнува на сајзерот и почнува да ја свири. Ја научил за два дена. Многу сакам да го гледам како свири. Колку ми е интересен кога го свири Турскиот маш и Бумбаров лет - како збрлавен Го гледам колку е посветен на свирење различни инструменти, како со љубов свири, учи сам, штеди пари за да си купи нови инструменти и еден куп додатоци. Па некогаш знае да рече: Требаше да се запишам на музичка академија. А јас не познавам некој кому повеќе му лежи правната професија од него. И си мислам... кога задоволството ќе ти стане работна обврска, може да ти дојде преку глава. Ти се одмилува кога знаеш дека нешто мораш да правиш, без волја. Затоа никогаш не се пријавив на оние огласи за читање книги и пишување рецензии. Иако обожавам да читам. Затоа што сакам да бидам слободна во изборот на книги и времето што ќе го поминам читајќи. Никогаш не би можела да читам нешто што не ми се допаѓа. Life is too short to read bad books.
Татко ми го оперираат веќе не знам по кој пат, и тоа станува некое си измачување како за неговото тело, така и за оние кои се грижат. Во тие такви моменти сфаќаш како си постапувал со другите и бараш прошка. Ете некои учат и на подоцни години (се надевам). Ја собрав мајка ми од болница, ја однесов на палачинки и кафе. Зошто не си го дозволува таа самата, го доживува како некој преголем луксуз, кој е всушност ништо, во споредба со животот, ама ја јаде таа скромност и жртва дека треба да се прибере за децата. А 100 денари не менуваат многу во материјалност, ама менуваат во моменти. И дрндав како заглаевна машина. Ме погледна и ми вика: леле дете колку збориш. <3 Една е мајка.. Некои работи се менуваат, некои тапкаат во место. Го сфаќаш општествототи и лакомоста на луѓето во која живееш. Секој ден ти е борба за да постигнеш повеќе.. али овие патишта македонски не се лесни. Деновиве љубовта ми е двигател. Ме храни.. ме шлапка и ми вика: Ирена постоиш.. И така: мачно ми е ама и убаво.
Одиш, го посетуваш на работното место среќна и насмеана до ушите.Сакаш да му соопштиш на него прв, оти нели де, блиски сте.И тој ти почнува реченица:-"A стварно ли...(така и така)?" НЕ!!!Не другар, не.Не е работата дали е точно или неточно, работата е што на тебе ти е досадно...Па и да е,не е срамота и не сум убила човек.И одаднаш се почуствуваш толку лошо, толку глупо и понижено.Празно.И сфаќаш...сфаќаш некои работи. Онај момент ,кога започнуваш разговор со одредена личност и одма знаеш дека ќе слушнеш нешто за некој...е сега јас сум била метата на озборување...И после се фаќаш себеси како размислуваш дека всушност ен личноста, баш и нема некој интересен живот.Иронијата е... I aint't even mad. И не,не, драги мој пријателе, не можам да ти се лутам, факт е дека на некој начин и ти ми го правиш животот побогат, ме засмеваш,понекогаш ме вадиш од такт со твојата незрелост, ама поголем дел од времето се смеам на твоите глупости,да, со солзи се смеам додека не ме заболи стоамак...и додека пак не ме извадиш од кожа...и се така во круг, ни мине секојдневието.Различни луѓе, различни пријателства.Не може секој да ти биде исто.Малтене... Муабетот ми беше...Уф не знам ни јас што ми беше...Се изгубив некаде по пат.Сакав да кажам дека некои работи било поубаво да си ги задржиш за себе.Па дури и среќата.Оти само ти знаеш најубаво да си се радуваш на истата.И семејството офкорс. Може звучам како себично арогантно копиле во последните неколку мои ептен ретки поста, ама не сум.Околностите налагаат, да јадам трици тука.Ретко.
Се прашувам понекогаш, каква личност ќе бев , ако животот ми дадеше се што ќе посакам? Дали барав многу? Можеби да. Но сега знам , што, и колку ми треба за да бидам целосно среќна. Тоа е лекција што тешко се учи, скапо се плаќа, но затоа вреди. Некако го разбирам оној разговор меѓу мудриот и богатиот . -Богатиот го прашува мудриот. -Зошто си толку мудар а не си богат? -Мудриот одговара. -А зошто ти и ако си богат не си мудар.
Колку само НЕ МИ СЕ УЧИ!!! Учам по 20 минути на ден, но во последно време дури и тие 20 минути ми се многу! Мрзелива сум. Никогаш не ми било некое огромно задоволство да свирам клавир, но денес дремам пред клавирот само за да не прочитам нешто.
Значии преку глава ми се овие за Валентин,на фејсбук секој втор статус за тоа.Немаат кој да ги сака,како за Валентин така и за другите денови од годината.. Како молам? имате родители,пријатели,брат,сестра и викате дека никој не ве сака?? Да ве прашам: Дали знаете како е секое утро да гледаш нечии други очи кога ги отвориш твоите? Знаете ли како е да гледаш нечии туѓи раце да ти готват, перат, пеглаат а замили да те прегрнат? Знаете ли како е на секој документ да видиш потпис со презиме на друг човек?? Знаете ли како е да пишуваш писма адресирани до небото и да ги фрлиш во морето, живеејќи во надеж дека некој твој горе ќе ги добие? Знаете ли како е пред да ги затвориш очите шепотејќи ги кажуваш имињата на твоите сакани за ѕвездите да им пренесат поздрав??? Знаете ли како е да ги сонуваш саканите и мили луѓе наместо да ги гледаш? ЗНАЕТЕ ЛИ ?? Ве молам тишина. Ги имате родителите и нивната љубов. Значи, целиот свет го имате под нозете. Ах,леле некои имаат СЕ а незнаат колку им вреди тоа...