Како проаѓаат годините, и мене сè помалце ми се свиѓа лето. Лето е убаво ако живееш покрај море, вака поента нема, се пржиш, се препотуваш, комарци те јадат. Само сезонските овошја, сладоледот и лабавата облека го оправдуваат некако. Језда ко ќе размислам, и зима е тапа освен ако не си на планина или во некое мало убаво градче ко од зимскине разгледници. Вака у Скопје гадно е, смрдливо, смог, тмурно, сиво небо, голи дрвја, ладно, бљак. На зима ми доаѓа да хибернирам, не ми се искача од дома. Најубаво би ми било да живеам во Калифорнија, таму баш им е топ времето постојано. Језда мислам ќе ми фали класичното менување на сезони. И така...
Треба да има кривична пријава за секој што ќе ја напушти државата за време на боледување, и бркање од работа, одма..
Треба да одам на пат вечерва сонував како паѓам од мотор возев двајца на мотор и со се мене тројца. Закочив на време и само како да си седнав на земја на никој не им беше ништо. Мама го сонувала дедо кој е починат и не знам што да мислам. Во соновник ми пишуваше вардете се од сообраќајна несреќа. Многу ме фаќа шубе и не сум мирна. А сега само што станав задремав и сонував.
Има иновации со сензорни сијалици кои би се уклучувале кога поминува некој ,ама изгледа тешко е да се сетат на тоа... Измиј се и речи сон е по вода да оди *баба ми така ме учеше како малецка ,може има вистина може и не ама сум го правела понекогаш
Многу се гордеам со себе. Затоа што пред една година се срамев од себе. Се срамев од мојот изглед. Бидејќи имам лузни на лице и голем нос. Постојано си викав како јас не сум убава како никој нема да ме сака итн. Но денес се гордеам со себе. Порано кога и да ставав слика на социјалните мрежи ги криев лузните, им ставав премногу филтер. Но денеска гордо ставам слики каде што јасно и убаво се гледаат
Абе стварно твитерџиине до толку немаат живот што коа ќе прочитаат овде нешто интересно велат на нивна другарка се случило!? Посебна дијагноза, нова категорија.
Се чудам колку нервозни луѓе има овде, во секоја можна тема сакаат да поттикнат кавга и расправија, а не дискусија. Зарем не е подобро комплексите да ги решите од корен заедно со проблемот од кој произлегуваат отколку овде да се расправате? Буквално некој во темата филм да пише дека гледал на пример Purple Hearts филмот некои членки се спремни да пишат "Мене не ми се допадна не знам што виде во филмот ама ајде таква си ти" "Како може да гледаш таков филм? Колку години имаш воопшто? Добро може млада си ќе ти простиме" "Тебе нели ти се чита? Нели виде дека пишавме дека филмот е лош, не знам зошто не разбирате" "
Филмот е ненормално лош. Имам неколку филмови за кои осудувам доколку на некој му се свиѓаат, прво место е After, второ овој.
Јас ја почитувам различноста, но доколку е преку дискусија, а не кавга. 99% од времето гледам во било која тема ако некоја членка изнесе мислење, тие што имаат различно размислување како хиени се собираат. Во темата абортус една членка имаше пишано дека сакала абортус да праве и веднаш ја напнаа дека била убиец, мислам зошто одма наметнување на мислење или навреди? Може едноставно да си пишат дека се против абортусот без да навредат некого или да наметнуваат нивно размислување.
За колку? Ајде да собереме. Дали добро разбрав? Дечково сака ние да собираме пари за некој да си го врати акаунтот и да се курчи. Ставрно не знам од каде 50к фоловери. Кога живи глупости става. И на стори го рекламираат.
Имам доволно да му го купам цел акаунт, ама пошто сум дроца нека плаче. Вакви акаунти воопшто не ни треба да постојат.
Демек вака некако звучи една црна дупка - https://www.instagram.com/reel/ChqLh0etuwF/?igshid=MDJmNzVkMjY=
Дечки ве молам уозбилете се, тажно е ова. Дај да собереме сите по некој денар да го вратиме профилот, греота. Sake Lives Matter